ВАЛЕНТИН РАКИП

 
Ма­тич­ни­от број ме од­да­ле­чу­ва од со­нот да ста­нам го­твач
 
 
ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ВАЛЕНТИН РАКИП

Ма­тич­ни­от број ме од­да­ле­чу­ва од со­нот да ста­нам го­твач
Јас сум од тие де­ца-фан­то­ми што ги ви­ка­ат. Не­у­ба­во чув­ство, гад­но ду­ри. Ка­ко да не по­сто­јам. Ако не ми из­ва­дат ма­ти­чен број, не­ма да мо­жам ни да се за­пи­шам во сред­но, а не­ма да мо­жам ни да ста­нам го­твач – ве­ли Ва­лен­тин, све­сен за при­чин­ско-пос­ле­дич­ни­те вр­ски на не­функ­ци­о­ни­ра­ње­то на си­сте­мот, кој тре­ба да му ги овоз­мо­жи ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва

Ма­ја Ра­ван­ска

Со јас­на ви­зи­ја за сво­ја­та ид­на про­фе­си­ја, вре­ден и скро­мен. Се­дум­на­е­се­тго­диш­ни­от Ва­лен­тин е про­да­вач на „Ли­це в ли­це“ во кој гле­да­ме но­ва на­деж. Раз­го­во­рот со не­го оди маз­но, збо­ру­ва сра­меж­ли­во, но јас­но. Точ­но знае што са­ка и ка­ко да стиг­не до тоа: по­се­ту­ва ве­чер­но учи­ли­ште и ќе го за­вр­ши оваа го­ди­на. Пла­нот му е да се за­пи­ше во сред­но уго­сти­тел­ско за да учи за го­твач, а по­тоа да се вра­бо­ти во не­кој убав ре­сто­ран ка­де што ќе го­тви нај­вкус­ни ја­де­ња.
- Тоа ми е сон, ме би­ва за го­тве­ње – ве­ли низ нас­ме­вка, а по­тоа ли­це­то му до­би­ва се­ри­оз­ни цр­ти:
- По­стои еден проб­лем, не­мам ма­ти­чен број. Јас сум од тие де­ца-фан­то­ми што ги ви­ка­ат. Не­у­ба­во чув­ство, гад­но ду­ри. Ка­ко да не по­сто­јам. Ако не ми из­ва­дат ма­ти­чен број, не­ма да мо­жам ни да се за­пи­шам во сред­но, а не­ма да мо­жам ни да ста­нам го­твач – ве­ли тој, све­сен за при­чин­ско-пос­ле­дич­ни­те вр­ски на не­функ­ци­о­ни­ра­ње­то на си­сте­мот, кој тре­ба да му ги овоз­мо­жи ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва.
По­ра­ди не­ма­ње­то ма­ти­чен број, Ва­лен­тин не бил ни вклу­чен во ос­нов­но обра­зо­ва­ние, а ни­ту мо­же да ги ос­тва­ри сво­и­те пра­ва во од­нос на здрав­стве­на и со­ци­јал­на за­шти­та.Тој не­ма ни др­жав­јанс­тво, па не мо­же ни да из­ва­ди па­сош и не мо­же да па­ту­ва.

Про­да­вај­ќи го улич­но­то спи­са­ние во еден од ре­сто­ра­ни­те во Скоп­је, вни­ма­ни­е­то му го за­др­жал еден го­твач што пра­вел зе­лен­чук и ме­со.
- Бе­ше со го­твач­ка ка­па и со бе­ла уни­фор­ма. Чист и уре­ден. Ја­де­ње­то ча­де­ше, са­мо што го на­пра­вил и изг­ле­да­ше мно­гу вкус­но. Ко­га го ви­дов тоа си ре­ков де­ка би са­кал да сум ка­ко не­го. То­гаш сфа­тив и де­ка ме би­ва за го­тве­ње. До­ма нај­че­сто јас сум од­го­во­рен за тој дел од до­ма­ќинс­тво­то – об­јас­ну­ва мла­ди­от Ва­лен­тин.
Жи­вее со сво­и­те трој­ца бра­ќа, Мен­дух, Бер­тон и Ло­рен, кои се по­во­зрас­ни од не­го, и со ед­на по­ма­ла се­стра, Џе­ни­фер. Има и по­ста­ра се­стра, Бер­на­де­та, ко­ја е ма­же­на, жи­вее бли­зу до нив и има свое се­мејс­тво, но че­сто им по­ма­га. Та­тко му е по­чи­нат, а мај­ка му ги на­пу­шти­ла и офор­ми­ла но­во се­мејс­тво во странс­тво.
- До­ма си­те за­ед­но се гри­жи­ме за нај­ма­ла­та се­стра и за до­мот. Си­те чи­сти­ме, сре­ду­ва­ме, пер­е­ме. Ре­тко се ка­ра­ме, слож­ни де­ца сме. Нај­го­лем проб­лем ни е што не­ма­ме ма­ти­чен број и ни пра­ват проб­лем да из­ва­ди­ме. Бер­на­де­та има, но еве за нас е проб­лем. Ве­ру­вам ќе мо­же да го ре­ши­ме нај­бр­зо што мо­же – ве­ли тој.
Об­јас­ну­ва де­ка се­кој ден му е исп­ла­ни­ран и точ­но си ги знае сво­и­те об­вр­ски: во ра­бот­ни­те де­но­ви во­лон­ти­ра во Днев­ни­от цен­тар за де­ца на ули­ца во Шу­то Ори­за­ри, ме­сто­то ка­де што тој ги до­бил ос­нов­ни­те на­ви­ки и ка­де што и са­ми­от на­у­чил да пи­шу­ва.
- Та­му по­ма­гам за сè што тре­ба. Ра­бо­там со де­ца­та, ги учам да пи­шу­ва­ат, цр­та­ме за­ед­но, пра­ви­ме раз­ни изра­бо­тки од хар­ти­ја, де­лам хра­на, ги учам да ми­јат ра­це – об­јас­ну­ва Ва­лен­тин.

Ве­ли де­ка ко­га ќе за­вр­ши со об­вр­ски­те во Днев­ни­от цен­тар, не­ка­де око­лу 13 ча­сот, оди да про­да­ва „Ли­це в ли­це“, a оми­лен ре­он му е пло­шта­дот и око­ли­на­та на „Рам­стор“.
- Ги по­ми­ну­вам си­те ка­фу­ли­ња и ре­сто­ра­ни од пло­шта­дот до та­му. Не­ка­де до­бро ме при­фа­ќа­ат, не­ка­де ме бр­ка­ат и се не­кул­тур­ни кон ме­не. Ка­же­те ми, ка­ко да им об­јас­нам де­ка не им мис­лам ни­што ло­шо? Са­мо да ме сос­лу­ша­ат, ќе ви­дат де­ка сум до­бро мом­че – се нас­мев­ну­ва и до­да­ва де­ка, нај­че­сто, мла­ди­те лу­ѓе се по­зи­тив­ни кон не­го, до­де­ка по­во­зрас­ни­те не раз­би­ра­ат што пра­ви и се од­не­су­ва­ат не­со­од­вет­но кон не­го.
Од па­ри­те од про­даж­ба­та на спи­са­ни­е­то Ва­лен­тин обез­бе­ду­ва хра­на за не­го­во­то се­мејс­тво и об­јас­ну­ва де­ка, глав­но, тоа им се па­ри­те со кои рас­по­ла­га­ат до­ма. Не­го­ви­те бра­ќа има­ат ан­гаж­ман со гра­деж­ни ра­бо­ти, но тоа е по­вре­ме­но, не е се­којд­нев­на ра­бо­та.

Ва­лен­тин е и из­вид­ник, ве­ќе ед­на го­ди­на е дел oд Прв скоп­ски из­вид­нич­ки одред, ка­де што, исто та­ка, ра­бо­ти со ма­ли де­ца:
- Мно­гу уба­ви ра­бо­ти учам со из­вид­ни­ци­те. Не­о­дам­на бев­ме во Ми­хај­ло­во, на пла­ни­на, и има­ше мно­гу снег. Сне­же ми да­де чиз­ми и опре­ма и мно­гу ми по­мог­на, бла­го­да­рен сум ѝ. Играв­ме раз­ни игри со де­ца­та, пра­вев­ме сне­шко, се за­ба­ву­вав­ме.

Де­нот му за­вр­шу­ва во ве­чер­но­то учи­ли­ште, ка­де што е ме­ѓу нај­ре­дов­ни­те. За­до­во­лен е од оцен­ки­те и се по­фа­ли де­ка до­бил пе­тка по ма­ке­дон­ски ја­зик.
- Ед­вај че­кам да за­вр­шам та­му и да се за­пи­шам во „Ла­зар Та­нев“. Се гле­дам се­бе­си ка­ко ус­пе­шен го­твач, па зо­што да не и со свој ре­сто­ран.