„Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, во издание на Темплум е избран за  „Роман на годината“  за 2018. Вака одлучи жири-комисијата за доделување на наградата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева. 

Во најтесниот избор за оваа награда беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“) и „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“).Свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април, во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.