ерџан садик

 
 

Од ме­не ќе се чу­ди­те!
Ко­га во 2012 го­ди­на поч­на да го про­да­ва спи­са­ни­е­то бе­ше сра­меж­ли­во 19-го­диш­но мом­че. Три го­ди­ни по­доц­на Ер­џан е со­пруг, та­тко и лич­ност со цел - теж­нее да соз­да­де свој дом за се­бе и за сво­е­то се­мејс­тво­то, ре­дов­но го про­да­ва спи­са­ни­е­то, а не­о­дам­на се за­пи­ша и во ве­чер­но­то учи­ли­ште во Шу­то Ори­за­ри. Го­ди­на­ва тој ја по­не­се ти­ту­ла­та - нај­до­бар ме­ѓу 40-ина­та про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“

Ане­та Ри­сте­ска

Ѕвон­че­то на до­мо­фо­нот не­у­мор­но ѕво­ни. Се пра­шу­ва­ме со ко­ле­ги­те, „Оче­ку­ва­ме не­ко­го“?
Не, ве­лат тие, ни­кој не се нај­а­вил за ова вре­ме... На вра­та­та се по­ја­ву­ва Ер­џан. Тоа е нај­а­ктив­ни­от про­да­вач на „Ли­це в ли­це“ во пос­лед­ни­ве не­кол­ку ме­се­ци.
Се по­ја­ву­ва и ко­га не го оче­ку­ва­ме, за­тоа што за ре­корд­но бр­зо вре­ме ги про­да­ва при­ме­ро­ци­те што ги по­диг­ну­ва од на­ша­та ре­дак­ци­ја. И не че­ка, вед­наш до­а­ѓа по но­ви.
Тоа е но­ви­от Ер­џан. Од­го­во­рен и се­ри­оз­но со­зре­ан. Та­тко и со­пруг. Ти­вок и нас­ме­ан, и точ­но знае што му е цел­та во де­нот.
- Ќе зе­мам но­ви 50 при­ме­ро­ци. Ќе ги про­да­дам до ве­чер - ве­ли тој убед­ли­во и го под­го­тву­ва сво­јот цр­вен ра­нец шмрк­ну­вај­ќи од же­шко­то нес-ка­фе, до­де­ка ко­ле­шка­та Жар­ме­на го по­тсе­ту­ва и охра­бру­ва де­ка ре­зул­та­ти­те од не­го­ви­от труд ста­ну­ва­ат сè по­вид­ли­ви. И по­до­бри.
Ер­џан ве­ќе три го­ди­ни е дел од про­гра­ма­та на „Ли­це в ли­це“. На по­че­то­кот про­да­ва­ше сра­меж­ли­во, по­вре­ме­но и не­си­гур­но, те­шко ко­му­ни­ци­рај­ќи со око­ли­на­та око­лу се­бе. Се­га, пак, по три ро­ден­де­ни на „Ли­це в ли­це“, ве­ли: „Це­ло Де­бар ма­а­ло е пол­но со мои при­ја­те­ли. Си­те ме зна­ат“.
Ме ра­ду­ва не­го­ва­та на­рас­на­та са­мо­до­вер­ба, ко­ја ја за­чи­ну­ва со точ­на до­за вни­ма­тел­ност во при­ста­пот, а, се­пак, зву­чи убед­ли­во во тоа што го ра­бо­ти – про­даж­ба на единс­тве­но­то улич­но спи­са­ние во зем­ја­ва.
Раз­ли­ка­та ме­ѓу ста­ри­от и но­ви­от Ер­џан е при­чи­на да го на­вра­там на го­ди­ни­те на­на­зад. Да се по­тсе­ти на по­че­то­ци­те и да на­пра­ви спо­ред­ба со тоа што му се слу­чу­ва се­га.
- По­ра­но, ко­га поч­ну­вав со про­даж­ба на „Ли­це в ли­це“, ре­тко кој ве­ру­ва­ше во ме­не. И ко­ор­ди­на­тор­ка­та Ире­на во Днев­ни­от цен­тар за де­ца на ули­ца бе­ше вни­ма­тел­на со тоа кол­ку при­ме­ро­ци ќе ми да­де за про­да­ва­ње. Се пла­шеа де­ка ќе би­дам не­од­го­во­рен. Ама им ре­ков: „Ќе се чу­ди­те од ме­не“ - ве­ли Ер­џан на­вра­ќај­ќи се на по­че­то­ци­те на друж­ба­та со „Ли­це в ли­це“.
И, на­ви­сти­на. Ер­џан ус­пе­ва да ги им­пре­си­о­ни­ра си­те со сво­ја­та ра­бот­ли­вост и не­у­мор­ност. Се­га се слу­чу­ва да про­да­де ду­ри и по 50 спи­са­ни­ја днев­но, а цел му е да ја до­стиг­не број­ка­та од 1.000 бро­ја ме­сеч­но. Ва­ква­та ам­би­ци­оз­ност на два­па­ти му го до­не­се и приз­на­ни­е­то „нај­до­бар про­да­вач“ за две из­да­ни­ја на „Ли­це в ли­це“, ед­но­по­дру­го, за што бе­ше и на­гра­ден со па­кет про­из­во­ди од „Реп­тил мар­ке­ти“.
Го пра­шу­вам на што се дол­жи не­го­ва­та зго­ле­ме­на мо­ти­ви­ра­ност за ра­бо­та, да­ли, мо­же­би, тоа што е се­га со­пруг на Су­ни­та и та­тко на пет­ме­сеч­ни­от Ел­ме­дин, па уло­ги­те си ги сфа­тил со­од­вет­но - од­го­вор­но и се­ри­оз­но.
- Да. Сè се сме­ни. Се­га не ше­там ка­ко по­ра­но. Мо­рам да мис­лам на же­на­та, на де­те­то. По­ра­но бе­ше дру­го. То­гаш одев и по кан­ти, со­би­рав и ши­ши­ња... Се­га тоа е ми­на­то. На­у­чив ка­ко ви­стин­ски да за­ра­бо­ту­вам - ве­ли тој.
Два­е­сет и две­го­диш­ни­от Ер­џан има за­вр­ше­но са­мо тре­то од­де­ле­ние, но, де­но­ви­ве спо­де­лу­ва и ед­на уба­ва вест со нас – се за­пи­шал во ве­чер­но­то учи­ли­ште „Ма­ка­рен­ко“. Сфа­ќам, ве­ли, де­ка без обра­зо­ва­ние – не­ма ни­што.
- Не­пис­мен чо­век не мо­же да на­пре­ду­ва. Јас до­се­га мо­жев да си го на­пи­шам са­мо име­то. Без пре­зи­ме. Ама, се­га сум ре­шен да го про­ме­нам тоа. Са­кам да чи­там, да пи­шу­вам, та­ка ќе мо­жам и по­и­на­ку да го прет­ста­вам „Ли­це в ли­це“, отка­ко ќе го про­чи­там. Се­га на ку­пу­ва­чи­те им вр­там стра­ни­ци, а ко­га ќе на­у­чам да чи­там, по не­што ќе мо­жам и да им рас­ка­жам - ве­ли тој.
Се сог­ла­сив­ме де­ка таа кон­ста­та­ци­ја е ви­сти­ни­та, де­ка обра­зо­ва­ни­е­то мо­же мно­гу да му по­мог­не во оваа ра­бо­та, но и во не­кои но­ви жи­вот­ни пре­диз­ви­ци. Се­пак, му ве­лам, ти и без тоа си еден од нај­до­бри­те про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“. Ко­ја е тај­на­та?“
- Уба­во се чув­ству­вам во пре­стил­ка­та на „Ли­це в ли­це“. Си­гур­но. Тоа е мо­ја­та ра­бо­та. Сра­мо­та е да се ис­пру­жи ра­ка и да се про­си, а жи­во­тот без па­ри е те­жок. Но, што ме пра­ви нај­до­бар - не мо­жам да откри­јам во де­та­ли. Тоа е тај­на. Нај­важ­но е де­ка тре­ба по­сто­ја­но да се ра­бо­ти, да се из­ле­гу­ва на те­рен. Јас по­не­ко­гаш не се вра­ќам до­ма и по цел ден. Се при­би­рам ду­ри око­лу 11 ча­сот на­ве­чер. А и не се рас­пра­вам ко­га про­да­вам, ни­што не мо­же со си­ла. Сè е по до­го­вор и одо­бру­ва­ње - спо­де­лу­ва тој.
Обич­но, од­мо­ра за ви­кенд, и то­гаш ѝ по­ма­га мал­ку по­ве­ќе на Су­ни­та, го зас­пи­ва бе­бе­то, игра со не­го, или, пак, оди на фуд­бал со дру­га­ри­те. Ја др­жи по­зи­ци­ја­та за на­пад и ре­чи­си се­ко­гаш е дел од по­бед­нич­ки­от тим.
- Ако сте ре­ши­ле да би­де­те до­бри, по­точ­но нај­до­бри, та­ка и ќе би­де - ве­ли тој низ нас­ме­вка.
Ер­џан нај­че­сто мо­же­те да го срет­не­те низ ка­фе­а­ни­те и ка­фу­ли­ња­та низ Де­бар ма­а­ло, не­го­ва­та нај­до­бра сре­ди­на за про­даж­ба. За­тоа што, ве­ли, та­му има најм­но­гу лу­ѓе што са­ка­ат да му по­мог­нат. И бла­го­да­рен им е за тоа. Ги чув­ству­ва ка­ко ви­стин­ска под­др­шка.
- Це­ло Де­бар ма­а­ло ми се при­ја­те­ли. Си­те ме поз­на­ва­ат. Не ме оста­ва­ат ни­ту сок да си пла­там, што по­не­ко­гаш ми е мно­гу срам. Та­му ус­пе­вам најм­но­гу да про­да­дам. Има лу­ѓе што го ку­пи­ле спи­са­ни­е­то и пак го ку­пу­ва­ат. Ед­наш се слу­чи еден чо­век да ми ку­пи три бро­ја, за лу­ѓе­то што му беа во друш­тво­то, ама ко­га се вра­тив од про­ше­тка низ дру­ги ме­ста, ка­де што не ус­пе­ав да ги про­да­дам дру­ги­те, тој ми ре­че: „Дај ми ги и тие 17 бро­ја“. Ми да­де 1.700 де­на­ри, и ми ре­че де­ка е уба­во по­ра­но да си одам до­ма - се при­се­ту­ва Ер­џан.
За­ра­бо­те­ни­те па­ри, ве­ли, најм­но­гу ги тро­ши на хра­на, пи­ја­ла­ци, ама и за об­ле­ка. Осо­бе­но за­тоа што са­ка да изг­ле­да сре­де­но и чи­сто. Но, и не са­мо за се­бе.
- Вле­гу­вам во ре­сто­ра­ни ка­де што лу­ѓе­то ја­дат, пи­јат, и не е уба­во да изг­ле­дам вал­ка­но. Се тру­дам да ку­пам се­ко­гаш по не­што но­во за да изг­ле­дам при­стој­но. Дру­ги­те па­ри ги тро­шам за бе­бе­то, за ка­шич­ки, за ле­ко­ви, по не­што за Су­ни­та. Ете, се­га, не­о­дам­на ѝ ку­пив тре­нер­ки, па­ти­ки, а ми по­ба­ра и фар­ба - се смее Ер­џан.
Жи­вее во за­ед­ни­ца со сво­и­те ро­ди­те­ли, че­тво­ри­ца­та бра­ќа, сна­и­те и вну­ци­те. Ве­ли, за ло­шо, за ар­но, ту­ка си се, ама и де­ка не е се­ко­гаш лес­но да си со 15 лу­ѓе во ед­на ку­ќа, на ед­но ме­сто.
Иде­ја­та му е за кра­тко вре­ме да мо­же во рам­ки на иста­та ку­ќа да на­пра­ви од­де­лен про­стор за не­го и за не­го­во­то се­мејс­тво, ама, све­сен е, ве­ли, де­ка и за тоа тре­ба па­ри. не са­мо жел­ба. Ед­на си пов­ле­ку­ва дру­га.
- Са­ка­ме да ста­ви­ме пло­ча, за да има­ме наш про­стор. Се на­де­вам де­ка ќе мо­жам да го ос­тва­рам тоа во ид­ни­на. Би са­кал да мо­жам да ку­пам и авто­мо­бил, ама за тоа не мо­жам да мис­лам до­де­ка не за­вр­шам учи­ли­ште. Без тоа не мо­жам да по­ла­гам. Имам и уште ед­на жел­ба – да отво­рам про­дав­ни­ца во ко­ја ќе ра­бо­ти се­стра ми - ве­ли Ер­џан спо­де­лу­вај­ќи ги жел­би­те што по­са­ку­ва да му се ос­тва­рат.
За крај, го пра­шу­вам ка­ко се чув­ству­ва ка­ко нај­до­бар про­да­вач за 2014 го­ди­на.
- На­гра­ди­те ме пра­ват сре­ќен, та­ка чув­ству­вам де­ка до­бро сум си ја за­вр­шил ра­бо­та­та. Но, се­ко­гаш мо­же да се би­де и по­до­бар. Ка­ко ќе че­ко­ри по­на­та­му „Ли­це в ли­це“, та­ка ќе че­ко­рам и јас со не­го. Да не е ова спи­са­ние, не знам што би пра­вел - наг­ла­су­ва Ер­џан на кра­јот од на­ши­от раз­го­вор.