Со не­од­го­вор­но и не­е­тич­ко зем­јо­делс­тво ја оси­ро­ма­шу­ва­ме поч­ва­та, ко­ја ни ги да­ва си­те по­треб­ни ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли пре­ку овош­је­то и зе­лен­чу­кот. Ко­ри­сте­ње­то на ве­штач­ки­те ѓу­бри­ва (азо­тен оксид) во зем­јо­делс­тво­то при­до­не­су­ва за за­га­ду­ва­ње­то на поч­ва­та, во­да­та и на воз­ду­хот, од­нос­но еден ки­ло­грам азо­тен оксид пре­диз­ви­ку­ва ште­та ка­ко 298 ки­ло­гра­ми јаг­ле­ро­ден ди­о­ксид



Мо­же­ме ли да ста­ви­ме крај на гла­дот и на си­ро­ма­шти­ја­та, да ги спре­чи­ме кли­мат­ски­те про­ме­ни или, пак, да обез­бе­ди­ме од­го­вор­но и одрж­ли­во про­из­водс­тво­во до 2030 го­ди­на? 


Вла­ди­те во све­тот мис­лат де­ка мо­же­ме, но по­треб­ни се се­ри­оз­ни мер­ки за да се ос­тва­ри тоа. Мајкл Грин, струч­њак за со­ци­ја­лен на­пре­док, нè по­ви­ку­ва си­те нас, ин­ди­ви­ду­ал­ци­те и ком­па­ни­и­те, да раз­мис­ли­ме ка­ко да ги ос­тва­ри­ме це­ли­те за одрж­лив раз­вој  на Обе­ди­не­ти­те на­ции. Ин­ди­ви­ду­ал­на­та и ко­ле­ктив­на­та свест за пре­зе­ма­ње мер­ки по­ле­ка се бу­ди, но, се­пак, се чи­ни де­ка на чо­веш­тво­то му е по­тре­бен еден се­ри­о­зен аларм, кој до­пол­ни­тел­но ќе го осве­сти за пос­ле­ди­ци­те што до­пр­ва нѐ че­ка­ат.
Пред из­вес­но вре­ме се по­ја­ви за­стра­шу­вач­ка сли­ка, ко­ја по­ка­жу­ва ка­ко со не­од­го­вор­но и не­е­тич­ко зем­јо­делс­тво ја уни­шту­ва­ме и оси­ро­ма­шу­ва­ме поч­ва­та, ко­ја ни ги да­ва си­те по­треб­ни ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли пре­ку овош­је­то и зе­лен­чу­кот. Во­ед­но, ко­ри­сте­ње­то на ве­штач­ки­те ѓу­бри­ва (азо­тен оксид) во зем­јо­делс­тво­то при­до­не­су­ва за за­га­ду­ва­ње­то на поч­ва­та, во­да­та и на воз­ду­хот, од­нос­но еден ки­ло­грам азо­тен оксид пре­диз­ви­ку­ва ште­та ка­ко 298 ки­ло­гра­ми јаг­ле­ро­ден ди­о­ксид.

Ток­му оваа си­ту­а­ци­ја е алар­мот што тре­ба да нѐ раз­бу­ди би­деј­ќи зем­јо­делс­тво­то е стол­бот на чо­ве­ко­во­то по­сто­е­ње, а здра­ва­та поч­ва е на­чин за на­пре­док на ед­на ци­ви­ли­за­ци­ја. За сре­ќа, одре­де­ни ин­ду­стрии по­ле­ка го ме­ну­ва­ат сво­јот пра­вец со цел да обез­бе­дат одрж­лив раз­вој и жи­вот за ид­ни­те ге­не­ра­ции. Ор­ган­ско­то про­из­водс­тво на хра­на се за­ла­га за одрж­лив раз­вој и зна­чај­но се раз­ви­ва низ зем­ји­те во све­тот, а де­лум­но и во Ма­ке­до­ни­ја. Ор­ган­ско зем­јо­делс­тво во­ди до на­ма­лу­ва­ње на ко­ри­сте­ње­то на хе­ми­ски­те ѓу­бри­ва (пе­сти­ци­ди), а со тоа се на­ма­лу­ва за­га­ду­ва­ње­то на поч­ви­те и на во­ди­те, а ка­ко це­ли­на во­ди до усог­ла­су­ва­ње со до­бра­та зем­јо­дел­ска пра­кти­ка. Ова осо­бе­но е важ­но по­ра­ди вли­ја­ни­е­то што го има на одрж­ли­во­ста на поч­ва­та и на жи­вот­на­та сре­ди­на. Ме­то­ди­те и на­чи­нот на ра­бо­та што се ко­ри­стат во ор­ган­ско­то одг­ле­ду­ва­ње овош­је и зе­лен­чук при­до­не­су­ва­ат за зго­ле­ме­на плод­ност и за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на поч­ва­та, а исто­вре­ме­но го на­ма­лу­ва­ат на ми­ни­мум штет­но­то дејс­тво врз во­да­та и врз воз­ду­хот, кое ди­рект­но вли­јае на здрав­је­то на лу­ѓе­то.



Со ино­ва­тив­на на­но­тех­но­ло­ги­ја до здра­ви бил­ки и поч­ва

При­род­но ми­не­рал­но ѓу­бри­во„ЕcoGrower“ е ед­на од по­бед­нич­ки­те биз­нис-идеи на ре­ги­о­на­лен нат­пре­вар, дел од про­е­ктот „За­си­лу­ва­ње на ме­ѓу­на­род­на­та со­ра­бо­тка и вр­ски во За­па­ден Бал­кан пре­ку кон­такт на мла­ди прет­при­е­ма­чи“, прет­ста­ве­на на го­ди­наш­ни­от са­мит „Ма­ке­до­ни­ја 2025 го­ди­на“. Не­го­ва­та цел е да овоз­мо­жи здра­ви рас­те­ни­ја и пло­до­ви и здра­ва и одрж­ли­ва поч­ва. Бла­го­да­ре­ние на ино­ва­тив­на­та на­но­тех­но­ло­ги­ја, при­род­но­то ѓу­бри­во се на­не­су­ва со пр­ска­ње на бил­ки­те (лес­но се раз­ре­ду­ва во во­да), а во­ед­но ја хра­ни и поч­ва­та. Ова „зе­ле­но“ ѓу­бри­во овоз­мо­жу­ва ко­рис­ни­ци­те да има­ат здра­ви бил­ки и рас­те­ни­ја, со тоа што го на­ма­лу­ва из­ле­зот на во­да­та од лис­ја­та во те­кот на суш­ни­те пер­и­о­ди.

(Автор­ка­та е млад биз­нис-прет­при­е­мач, еден од по­бед­ни­ци­те на ре­ги­о­нал­ни­от биз­нис-нат­пре­вар, дел од са­ми­тот „Ма­ке­до­ни­ја 2025 го­ди­на“)