От­па­дот е про­из­вод на чо­ве­кот и, от­ту­ка, на­ша об­вр­ска е да на­у­чи­ме ка­ко да го на­ма­ли­ме и да го иско­ри­сти­ме тоа што рас­ип­нич­ки го соз­да­ва­ме  



„До­при ја зем­ја­та за да се кре­неш, да се воз­диг­неш“ е ма­кси­ма­та од ста­ро­грч­ки­от мит­ски крал Те­зеј, ко­ја е во­дил­ка на актив­но­сти­те што ве­ќе 16 го­ди­ни про­из­ле­гу­ва­ат од на­ше­то умет­нич­ко гум­но во Сло­е­шти­ца. 
Ако се во­ди­ме спо­ред тоа што го из­ја­ву­ва­ат, без иск­лу­чок, си­те на­ши до­се­гаш­ни го­сти – ре­но­ми­ра­ни умет­ни­ци од це­ли­от свет, ам­ба­са­до­ри, биз­нис­ме­ни и обич­ни смрт­ни­ци, на­ша­та точ­на адре­са би би­ла: „Ра­јот по­стои“. Име­но, си­те тие, без иск­лу­чок, ја до­жи­ве­а­ја ма­ги­ја­та на мо­дра­та пла­ни­на. Во оваа ма­ги­ја не­ма три­ко­ви, сѐ е ви­стин­ско, ре­чи­си нес­твар­но... 


Пле­нат и при­ро­да­та и лу­ѓе­то – пр­ва­та со сво­јот из­во­нред­но бо­гат би­о­ди­вер­зи­тет, вто­ри­те со ду­хот на пос­лед­ни­те се­ла­ни, исти­те тие од ро­ма­нот на Пе­тре М. Ан­дре­ев­ски. Тоа што е, мо­же­би, нај­ка­ра­кте­ри­стич­но, сѐ уште зна­чај­но за ру­рал­ни­те пре­де­ли на Де­мир Хи­сар, е ве­ков­на­та по­вр­за­ност ме­ѓу лу­ѓе­то и при­ро­да­та. Ов­де, по­ве­ќе од ка­де би­ло во Ма­ке­до­ни­ја, би­о­ди­вер­зи­те­тот има мно­гу важ­на уло­га за за­ед­ни­ца­та и за неј­зи­на­та еко­но­ми­ја би­деј­ќи обез­бе­ду­ва мно­гу сто­ка и ус­лу­ги што ди­рект­но ги под­др­жу­ва­ат ос­нов­ни­те при­хо­ди на ло­кал­но­то на­се­ле­ние. И се­то тоа, до не­о­дам­на, се од­ви­ва­ло по прин­ци­пот: „Ја поз­на­вам и ја раз­би­рам при­ро­да­та и зе­мам од неа тол­ку кол­ку што ми е не­оп­ход­но“.

За жал, ни­ту ов­де, при­ро­да­та и лу­ѓе­то не оста­наа иму­ни на за­ка­ни­те што со се­бе ги до­не­се за­га­ду­ва­ње­то пре­диз­ви­ка­но од не­кон­тро­ли­ра­ни­от еко­ном­ски­ раз­вој и гло­бал­ни­те трен­до­ви на жи­ве­е­ње.  Што се слу­чи со ва­ла­ви­ци­те и со ве­лен­ца­та, со са­мар­џи­и­те, вар­џи­и­те и ќу­мур­џи­и­те, со ску­ти­ни­те и раз­бо­и­те, со иван­ден­ски­те вен­ци, со бу­ти­нот, маз­ни­ци­те со прес­но мас­ло, чор­би­те од ки­се­ли­ца? Ка­де за­ми­ну­ва­ат ор­ли­те, те­тре­бот, па­стрм­ка­та, реч­ни­от рак, тар­ту­фот, че­ме­рот, ма­лин­ки­те...

При­чи­ни, пос­ле­ди­ци и ви­нов­ни­ци има мно­гу. 
Ние, ка­ко цен­тар (со под­др­шка­та од Фон­дот за кли­ма при Ми­ни­стерс­тво­то за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Со­јуз­на Ре­пуб­ли­ка Гер­ма­ни­ја), се фо­ку­си­рав­ме на ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот со от­па­дот.

Во при­ро­да­та не­ма от­пад, има са­мо кру­же­ње на ма­те­ри­ја­та. Тој е про­из­вод на чо­ве­кот и от­ту­ка, на­ша об­вр­ска е да на­у­чи­ме ка­ко да го на­ма­ли­ме и да го иско­ри­сти­ме тоа што рас­ип­нич­ки го соз­да­ва­ме. Фра­пант­ни се број­ки­те што го­во­рат за ко­ли­чи­ни­те на от­пад што ги про­из­ве­ду­ва се­кој од нас, а пос­ле­ди­ци­те од ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то и за­га­ду­ва­ње­то на поч­ви­те и на во­ди­те од де­по­ни­и­те се по­ве­ќе од еви­дент­ни. 
По­ра­ди ри­зи­кот од ефе­кти­те од кли­мат­ски­те про­ме­ни, ди­рект­но се за­гро­зе­ни важ­ни еко­си­сте­ми. Очиг­лед­но, не сме свес­ни де­ка од нив ин­ди­рект­но за­ви­си функ­ци­о­ни­ра­ње­то на це­ло­то оп­штес­тво и на еко­но­ми­ја­та. Ја по­ви­кав­ме сој­ка­та, ка­ко глас­ник на при­ро­да­та, јав­но да нѐ пра­ша: да­ли сме буд­ни?  
Пр­во, важ­но е да ја по­диг­не­ме јав­на­та свест за вр­ска­та ме­ѓу кли­мат­ски­те про­ме­ни и со­стој­ба­та со жи­вот­на­та сре­ди­на, со фо­кус на би­о­ло­шка­та раз­но­вид­ност и аген­да­та за 2030 го­ди­на за одрж­лив раз­вој. По­на­та­му, исто та­ка, не­оп­ход­но е да ја истак­ну­ва­ме до­бра­та пра­кти­ка,  да ги про­мо­ви­ра­ме ло­кал­ни­те гра­ди­на­ри, сто­ча­ри, пче­ла­ри, со­би­ра­чи на бил­ки и шум­ски пло­до­ви... Да пра­ви­ме ком­пост и да учи­ме за при­до­би­вки­те од ком­по­сти­ра­ње­то, од­нос­но од  пра­вил­на­та се­лек­ци­ја и од упо­тре­ба­та на ор­ган­ски­от от­пад. При­тоа, не за­бо­ра­ва­ме да по­тсе­ти­ме де­ка исто­то ова, на вре­ме­то што се ме­ри пред до­а­ѓа­ње­то на пла­сти­ка­та, се пра­ве­ло и на бу­ни­шта­та во се­кое до­ма­ќинс­тво. 
Во оваа на­со­ка, од го­ле­мо зна­че­ње е под­др­шка­та од си­те гру­пи, кои мо­же да да­дат свој пе­чат во ва­кви­от по­ход. За­тоа, ка­ко по­зи­ти­вен че­кор ги оце­ну­ва­ме на­по­ри­те на Оп­шти­на „Де­мир Хи­сар“ и на ЈП „Ко­му­на­лец“, да се вос­по­ста­ви ин­те­гри­ран си­стем за упра­ву­ва­ње на цврст от­пад, со гла­вен фо­кус на пла­сти­ка­та. Тие што ги до­не­су­ва­ат од­лу­ки­те се важ­на ин­стан­ци­ја, па не про­пу­шта­ме мож­ност да ја образ­ло­жи­ме сли­ка­та за со­стој­ба­та со кли­мат­ски­те про­ме­ни, за уни­кат­но­то при­род­но бо­гат­ство со кое рас­по­ла­га ре­ги­о­нот, за по­тре­ба­та од пра­вил­но ме­на­џи­ра­ње со от­па­дот и за­кон­ска­та ре­гу­ла­ти­ва... Со мо­ти­ви­ра­ни и по­све­те­ни парт­не­ри (ме­ѓу кои е и гер­ман­ска­та ам­ба­са­да во Скоп­је), открив­ме но­ви по­тен­ци­ја­ли, гра­ди­ме но­ви ре­ла­ции. Но, по­ра­ка­та што ни ја ис­пра­ќа за­ед­ни­ца­та што е ди­рект­но вклу­че­на во на­ши­те актив­но­сти, најм­но­гу нѐ инс­пи­ри­ра да раз­мис­лу­ва­ме за след­ни че­ко­ри. 
По­ра­ка­та е: Се бу­ди­ме!

Сој­ка­та – до­ма­ќин­ка и чу­вар­ка на шу­ми­те!
Зо­што ток­му сој­ка­та е на­ши­от глас­ник? Низ Де­мир Хи­сар ја ви­ка­ат па­кос­ни­ца оти по­не­ко­гаш има ме­рак да си колв­не и од пчен­ка­та што лу­ѓе­то ја зби­ра­ат во ам­ба­ри­те. Се­пак, таа не го зас­лу­жу­ва овој пре­кар, на­про­тив, сој­ка­та е чу­вар на шу­ми­те. На­јо­ми­ле­на хра­на ѝ се се­ми­ња­та од по­ве­ќе ви­до­ви да­бо­ви дрв­ја – же­ла­ди­те. Ка­ко до­бра до­ма­ќин­ка, под­го­тву­вај­ќи се за сту­де­ни­те зи­ми, вни­ма­тел­но ги скла­ди­ра овие се­ми­ња на ме­ста од­да­ле­че­ни 500–2.000 ме­три од гнез­до­то. Же­ла­ди­те што не­ма да ги изе­де, на­про­лет ќе изр­тат во мла­ди да­бо­ви дрв­ца.

Да не жи­ве­е­ме на сме­тка на на­ши­те де­ца!

„Да ги иско­ри­сти­ме на­ши­те ква­ли­те­ти  и при­род­ни уба­ви­ни за­ед­но, вие во Де­мир Хи­сар, ние во Шел­кри­пен, и да ги про­ши­ру­ва­ме и над­гра­ду­ва­ме. Да се раз­бе­ре­ме де­ка си­те сме дел од оваа зем­ја и да пре­ки­не­ме да жи­ве­е­ме на сме­тка­та на на­ши­те де­ца!“, по­ра­ка од Рај­нер Пист­нер, гра­до­на­чал­ник на Оп­шти­на „Шел­кри­пен“, Гер­ма­ни­ја



(Автор­ка­та е пре­тсе­да­тел­ка на Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за умет­ност и одрж­лив раз­вој, Арт по­инт – Гум­но, с. Сло­е­шти­ца, Де­мир Хи­сар)