марина Анакиева, Верче Христова и Севда Ибраимова

 
Ср­деч­на дру­жи­на на ули­ци­те на Не­го­ти­но
 
 
 
Ср­деч­на дру­жи­на на ули­ци­те на Не­го­ти­но
Ко­га се до­го­ва­рав­ме кој од нив да прет­ста­ви­ме во овој број, сфа­тив­ме де­ка има­ме комп­ли­ку­ва­на за­да­ча. Тие за­ед­но из­ле­гу­ва­ат да го про­да­ва­ат „Ли­це в ли­це“ низ Не­го­ти­но, па за­тоа ги прет­ста­ву­ва­ме ка­ко тим

Маја Раванска

Ќе се по­фа­ли­ме де­ка нè има во спи­са­ни­е­то, на си­те ќе им ка­же­ме, ве­ли гор­до Вер­че, про­да­вач­ка на „Ли­це в ли­це“ од Не­го­ти­но. Сме­сте­на во стан­бе­на еди­ни­ца на Цен­та­рот за по­мош на ли­ца со мен­та­лен хен­ди­кеп „По­ра­ка Не­го­ти­но“ – Не­го­ти­но, таа, за­ед­но со уште не­кол­ку ко­рис­нич­ки и ко­рис­ни­ци, е дел од про­да­ва­чи­те на улич­но­то спи­са­ние во овој дел на зем­ја­ва.
Ко­га се до­го­ва­рав­ме кој од нив да прет­ста­ви­ме во овој број, сфа­тив­ме де­ка има­ме комп­ли­ку­ва­на за­да­ча. Тие за­ед­но из­ле­гу­ва­ат да го про­да­ва­ат „Ли­це в ли­це“ низ Не­го­ти­но, па за­тоа ги прет­ста­ву­ва­ме ка­ко тим.
Вер­че, Ма­ри­на и Сев­да се при­ја­тел­ки. Жи­ве­ат во раз­лич­ни стан­бе­ни за­ед­ни­ци за ор­га­ни­зи­ра­но жи­ве­е­ње во Не­го­ти­но, но ги по­вр­зу­ва про­даж­ба­та на „Ли­це в ли­це“.
Ср­деч­на, ве­се­ла и му­а­бет­чи­ка, Вер­че ја знае це­ло Не­го­ти­но. Ве­ли де­ка мно­гу са­ка да го про­да­ва спи­са­ни­е­то за­тоа што та­ка се дру­жи со гра­ѓа­ни­те, ше­та низ гра­дот и ужи­ва во кон­та­кти­те со лу­ѓе­то. Има 38 го­ди­ни и жи­вее за­ед­но со свои при­ја­те­ли од „По­ра­ка Не­го­ти­но“ во стан­бе­на­та за­ед­ни­ца на здру­же­ни­е­то.
Со про­це­сот на де­ин­сти­ту­ци­о­на­ли­за­ци­ја, кој од 2008 го­ди­на го ме­на­џи­ра „По­ра­ка Не­го­ти­но“, во парт­нерс­тво со Ми­ни­стерс­тво за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, Вер­че дош­ла од Спе­ци­јал­ни­от за­вод „Де­мир Ка­пи­ја“ во Не­го­ти­но, по што неј­зи­ни­от жи­вот се сме­нил комп­лет­но. Таа об­јас­ну­ва де­ка и во Де­мир Ка­пи­ја има­ла ан­гаж­ман, ши­е­ла али­шта и чар­ша­фи.
- Но, не ми бе­ше уба­во. Ту­ка ме до­не­соа ди­ре­ктор­ка­та Гор­да­на, Ва­ле­то и Ду­шан­ка и се­га ми е су­пер, ми го­ди – ве­ли таа.
Ток­му сло­бо­да­та и дру­же­ња­та мно­гу при­до­не­ле овие ли­ца да мо­жат по­лес­но да се вклу­чат и ин­те­гри­ра­ат во оп­штес­тво­то.
- Ов­де мо­жам да ше­там, да па­за­ру­вам. Мно­гу са­кам да се ше­там, си­те ме зна­ат во гра­дот. Ми да­ва­ат по­да­ро­ци, си ку­пу­вам и са­ма­та по не­што. Освен со ко­рис­ни­ци­те, мно­гу се дру­жи­ме и со со­се­ди­те Ко­ста­дин­ка и Не­над, со нив­ни­те две де­чи­ња Кри­сти­јан и Ива­на – ве­ли таа.
До­да­ва и де­ка по­не­ко­гаш го под­го­тву­ва по­ја­до­кот за­ед­но со Ра­ди­ца и со Ки­ка, а за­дол­же­на е и за на­ба­вки за за­ед­ни­ца­та.
- Мно­гу ми е уба­во. Се дру­жам со си­те, а осо­бе­но со Стој­не, Сев­да, Ма­ри­на, Ки­ка. Ќе оди­ме и на од­мор. Мно­гу се дру­жам и со Стој­не – ве­ли Вер­че, на­сто­ју­вај­ќи да не про­пу­шти да спо­ме­не не­ко­го.
За раз­ли­ка од Вер­че, Ма­ри­на и Сев­да се по­сра­меж­ли­ви и по­ти­вки, но и тие ужи­ва­ат во тоа што го има­ат ка­ко жи­вот во за­ед­ни­ци­те во Не­го­ти­но. Ма­ри­на Ана­ки­е­ва до­а­ѓа од За­во­дот за ре­ха­би­ли­та­ци­ја на де­ца и на мла­дин­ци „То­пан­ско По­ле“.
Таа има две ма­ли де­ца, Кри­сти­јан и Ба­же, кои ги чу­ва све­кр­ва­та Сне­жа­на.
- Тие жи­ве­ат во Ви­ни­ца, а јас че­сто ги по­се­ту­вам, се­кој ме­сец. Па­ри­те што ги за­ра­бо­ту­вам од спи­са­ни­е­то си ги чу­вам за нив. Им ку­пу­вам али­шта, хра­на, играч­ки – ве­ли Ма­ри­на.
Ве­ли де­ка ѝ не­до­сти­га­ат, но де­ка е за­до­вол­на што во Не­го­ти­но вр­ши ра­бо­та што е важ­на за неа и за ко­рис­ни­ци­те, по­ма­га и се дру­жи.
- Мно­гу са­кам да ра­бо­там и зем­јо­делс­тво, гра­ди­нарс­тво. Во дво­рот че­сто ко­пам и са­дам цве­ќи­ња, а ужи­вам и ко­га се гри­жам за пи­пер­ки­те и за до­ма­ти­те – об­јас­ну­ва Ма­ри­на, пра­ша­на за тоа ка­ко ѝ по­ми­ну­ва де­нот.

Сев­да Ибра­и­мо­ва, исто та­ка, до­а­ѓа од За­во­дот за ре­ха­би­ли­та­ци­ја на де­ца и на мла­дин­ци „То­пан­ско По­ле“. Сра­меж­ли­во од­го­ва­ра на пра­ша­ња и пр­во што ка­жа е де­ка мно­гу са­ка да цр­та. Во Днев­ни­от цен­тар во Не­го­ти­но на­у­чи­ла мно­гу ра­бо­ти, а нај­о­ми­ле­но ѝ е цр­та­ње­то на стак­ло и на све­ќи. И таа, ка­ко и Вер­че и Ма­ри­на, е за­дол­же­на за на­ба­вки­те во сво­ја­та за­ед­ни­ца.
- Па­за­ру­вам за си­те ко­рис­ни­ци и во­дам сме­тка да има до­вол­но зе­лен­чук и овош­је. Јас сум за­дол­же­на за са­ла­ти­те, а пра­вам и уба­во ка­фе - ве­ли Сев­да.
Таа об­јас­ну­ва де­ка во ин­сти­ту­ци­ја­та во ко­ја би­ла прет­ход­но ра­бо­те­ла во куј­на и во пер­ал­ни­ца­та и наг­ла­су­ва де­ка мно­гу ѝ не­до­сти­га­ат дру­гар­ки­те од То­пан­ско. За сре­ќа, и во Не­го­ти­но си наш­ла до­бри при­ја­те­ли.
- Се дру­жам со си­те, а најм­но­гу со Ки­ка. Вред­на сум и освен што го про­да­вам спи­са­ни­е­то, ги по­ле­вам цве­ќи­ња­та се­кое утро, се гри­жам со­би­те да се чи­сти и сре­ду­ва­ме, за­ед­но со Ла­зе­то, Ма­рин­че­то и со Бор­че.
Вер­че, Ма­ри­на и Сев­да об­јас­ну­ва­ат де­ка про­даж­ба­та на спи­са­ни­е­то им оди од­лич­но и де­ка ужи­ва­ат во тоа:
- Мно­гу лес­но про­да­вам. Одам во ду­ќа­ни­те, та­му најм­но­гу ми ку­пу­ва­ат. Јас им ка­жу­вам де­ка е уба­во спи­са­ние и де­ка е до­бро за нас ко­рис­ни­ци­те од „По­ра­ка Не­го­ти­но“ и си­те ми ку­пу­ва­ат – ве­ли Ма­ри­на.
Сев­да, пак, до­да­ва де­ка таа нај­че­сто са­ка да про­да­ва во ка­фу­ли­ња­та и во ре­сто­ра­ни­те, ка­ко и во про­дав­ни­ци­те ка­де што има али­шта.
- Со­брав мно­гу па­ри. Си ку­пу­вам али­штен­ца, се­га са­кам и сан­да­ли да си ку­пам. На­ју­ба­во ми е и ко­га ќе си зе­мам бу­рек со ме­со и јо­гурт­че, или ѓе­врек, сенд­вич со па­ри­те – ве­ли Вер­че.
Пра­ша­ни за нив­ни­те нај­го­ле­ми жел­би, од­го­ва­ра­ат ед­но­став­но – да се дру­жи­ме, да ше­та­ме, да па­ту­ва­ме, а Ма­ри­на до­да­ва:
- Нај­го­ле­ма жел­ба ми е да ра­бо­там ама да не се нер­ви­рам. Се­ко­гаш за глу­по­сти се нер­ви­рам.