Сашо Стефановски

 

ЛИЦЕ В ЛИЦЕ со Са­шо Сте­фа­нов­ски

За ра­бо­та ме би­ва, но мо­рам пр­во да го ре­шам стан­бе­но­то пра­ша­ње

Про­даж­ба­та на ули­ца не му е оми­ле­на би­деј­ќи не са­ка да им при­ста­пу­ва на лу­ѓе што му се мур­тат, но за­тоа вед­наш поч­ну­ва раз­го­вор ако ви­ди де­ка мо­же са­ми­от не­што да за­вр­ши и да по­мог­не

Отво­рен, то­чен, ре­до­вен и ис­пол­ни­те­лен за си­те об­вр­ски, под­го­твен се­ко­гаш да ги по­чи­ту­ва до­го­во­ре­ни­те за­да­чи. Са­шо Сте­фа­нов­ски ва­жи за еден од нај­од­го­вор­ни­те про­да­ва­чи на улич­но­то спи­са­ние „Ли­це в ли­це“.
Мно­гу­ми­на го за­поз­наа на ро­ден­де­нот на Оп­шти­на Ае­ро­дром, а тој е и ли­це­то што нај­че­сто ќе го ви­дат тие ком­па­нии што ќе ги по­ка­нат на го­сти про­да­ва­чи­те на на­ше­то улич­но спи­са­ние.
Ве­ли де­ка мно­гу те­шко му оди про­даж­ба­та на ули­ца и не са­ка да им при­ста­пу­ва на лу­ѓе што му се мур­тат, но за­тоа, вед­наш поч­ну­ва раз­го­вор ако ви­ди де­ка мо­же са­ми­от не­што да за­вр­ши и да по­мог­не.
- Ра­си­па­на ви е бра­ва­та, јас ќе ви ја по­пра­вам – ни ре­че на ед­на од пр­ви­те сред­би во кан­це­ла­ри­ја­та на „Паб­лик“.
За не­кол­ку ча­са дој­де со алат и со уште еден при­ја­тел, кој, ка­ко што ка­жа, „по­ве­ќе се раз­би­ра од не­го“ и ја за­вр­ши­ја ра­бо­та­та.
Не­го­ви­те се­којд­нев­ни по­се­ти на на­ша­та кан­це­ла­ри­ја ни беа знак де­ка Са­ше са­ка да се дру­жи, са­ка да има со ко­го да го ис­пие утрин­ско­то ка­фе и да на­пра­ви му­а­бет.

Ко­га не­маш дом не мо­жеш да жи­ве­еш нор­мал­но

- Отко­га знам за се­бе, јас сум по до­мо­ви. Де­мир Ка­пи­ја, во Кон­до­во, па во За­во­дот за де­ца и за мла­дин­ци во То­пан­ско По­ле, „Ран­ка Ми­ла­но­виќ“, „25 Мај“... се­ка­де сум бил. Не са­кам да се на­вра­ќам, са­мо ќе ви ка­жам де­ка се­кој би из­бе­гал од та­кви ме­ста – ве­ли Са­ше, јас­но да­вај­ќи ни на зна­е­ње де­ка не­го­во­то ми­на­то, иа­ко оста­ви­ло дла­бо­ки луз­ни, го сме­та за пер­и­од што е зад не­го.
- Се­га нај­важ­но ми е да го ре­шам стан­бе­но­то пра­ша­ње. Ка­ко де­те без ро­ди­те­ли, др­жа­ва­та е долж­на да ми да­де стан и тоа мо­рам да го ре­шам за да си го сре­дам жи­во­тот. Со ра­бо­та се­ко­гаш се сна­о­ѓам, ме би­ва за тоа – ве­ли тој.
Го пра­шу­вам да­ли се сме­та за жр­тва на си­сте­мот.
- Не знам кој е ви­но­вен, но знам де­ка не е во ред да се оста­ва­ат лу­ѓе­то ва­ка да се ма­чат. Не сум мрз­лив, са­кам да ра­бо­там, но ете ко­га не­маш свој дом, сене­што те спре­чу­ва да жи­ве­еш нор­мал­но - ве­ли тој оп­фа­ќај­ќи ја су­шти­на­та на без­дом­ниш­тво­то.
По­ве­ќе зем­ји во све­тот (САД, Ита­ли­ја, Шпа­ни­ја, Бел­ги­ја, Фран­ци­ја...) го ан­ти­ци­пи­ра­ле ва­кви­от проб­лем и е ста­ве­на во функ­ци­ја про­гра­ма нас­ло­ве­на „Пр­во дом“, ко­ја по­драз­би­ра со­од­вет­но до­му­ва­ње за лу­ѓе што се со­о­чу­ва­ат со без­дом­ниш­тво, а по­тоа и вклу­чу­ва­ње на раз­лич­ни сер­ви­си и ус­лу­ги во на­со­ка на над­ми­ну­ва­ње на оваа со­стој­ба.
Са­ше ве­ли де­ка не се чув­ству­ва ка­ко без­дом­ник за­тоа што знае лу­ѓе што се во мно­гу по­ло­ша со­стој­ба од не­го­ва­та. Ве­ли, не са­ка да се жа­ли:
- Но, мо­рам да го ре­шам до­мот. Се­ка­де одам и пра­шу­вам. На си­те им ка­жу­вам за мо­јот проб­лем, бел­ки не­кој ќе е над­ле­жен да го ре­ши – ве­ли тој, нај­а­ву­вај­ќи де­ка и де­не­ска ќе оти­де до МТСП и до Ми­ни­стерс­тво­то за транс­порт и вр­ски за да ви­ди до каде е ра­бо­та­та со до­де­лу­ва­ње­то со­ци­ја­лен стан, за што ап­ли­ци­рал ми­на­ти­от ме­сец.
Од дру­га стра­на, сфа­ќа де­ка се со­о­чу­ва и со се­ри­о­зен проб­лем на без­дом­ниш­тво и се при­се­ту­ва де­ка му ну­де­ле сме­сту­ва­ње во „Чи­чи­но Се­ло“:
- Тоа бе­ше еден пер­и­од ко­га бев за­гу­бен, не зна­ев на ко­ја вра­та да се обра­там. Ми по­ну­ди­ја да ме сме­стат во „Чи­чи­но Се­ло“ ка­ко без­дом­ник. Не при­фа­тив за­тоа што та­му ус­ло­ви­те се ни­ка­кви, а и вед­наш ќе се уки­не­ше па­рич­на­та по­мош што ја до­би­вам и ко­ја мно­гу ми зна­чи, осо­бе­но во пер­и­о­ди ко­га не мо­жам да по­ра­бо­там не­што – ве­ли тој.

Со „Ли­це в ли­це“ учам да чи­там и да пи­шу­вам
Све­сен де­ка по­ве­ќе се сна­о­ѓа во за­на­е­ти и во фи­зич­ка ра­бо­та, откол­ку во про­даж­ба, об­јас­ну­ва де­ка за не­го ра­бо­та­та во „Ли­це в ли­це“ е нај­важ­на по­ра­ди тоа што се­кој ден учи не­што но­во.

- Мо­рам да на­у­чам да чи­там и да пи­шу­вам. Мо­е­то обра­зо­ва­ние по ин­сти­ту­ци­и­те не бе­ше со­од­вет­но. На­у­чив сè што тре­ба за да мо­жам да ра­бо­там, освен да чи­там и да пи­шу­вам. Нè учеа да по­пра­ва­ме др­ве­на­ри­ја, про­зор­ци, вра­ти, мно­гу сум до­бар и со еле­ктри­ка, па че­сто по­пра­вам бој­ле­ри, пег­ли, фе­но­ви за ко­са и дру­ги еле­ктрич­ни уре­ди. Но, не ме на­у­чи­ја да чи­там и да пи­шу­вам. Се­га е вре­ме­то да го на­у­чам и тоа – ве­ли тој со се­ри­о­зен израз.

За не­го­ви­от ра­бо­тен ан­гаж­ман ка­ко про­да­вач на „Ли­це в ли­це“ об­јас­ну­ва де­ка му се до­па­ѓа што има мож­ност да про­да­ва на ор­га­ни­зи­ра­ни про­даж­би, но кон­вен­ци­о­нал­ни­от на­чин – на ули­ца, ед­но­став­но, не е за не­го.
- Има лу­ѓе на кои не мо­жеш да им при­ста­пиш. Не ко­му­ни­ци­ра­ат со нас. Јас са­кам да им се обра­там, ама тие ќе ме од­ми­нат, не са­кат ни да ме пог­лед­нат. Тоа ми па­ѓа те­шко и по­тоа цел ден ми е уни­штен – ве­ли тој.

На пра­ша­ње­то да­ли оваа де­мо­ти­ва­ци­ја би го на­те­ра­ла да се отка­же од спи­са­ни­е­то, Са­ше се нас­мев­ну­ва:
- Мно­гу­па­ти ми дош­ло да се отка­жам, но, ќе се вра­там ов­де, ќе ис­пи­јам ка­фе, ќе на­пра­ви­ме му­а­бет со Ли­де (ко­ор­ди­на­тор­ка на про­да­ва­чи­те на спи­са­ни­е­то, н.з.) и сè е по­и­на­ку. Знам де­ка ова е пре­крас­на про­гра­ма и са­кам да сум дел од ова.

До­да­ва и де­ка му е важ­но да ги спо­ме­не и при­ја­те­ли­те Да­нил, Фер­ди и Га­бри­ел, ка­ко и под­др­шка­та од Цр­ве­ни­от крст, кој му ја пла­ќа ки­ри­ја­та за со­ба­та во ко­ја е сме­стен, и од отец Оли­вер.
- Важ­но ми е да ги спо­ме­нам и клу­ча­рот Ша­ни, се­мејс­тво­то Ни­ко­лов­ски, ка­ко и си­те со­се­ди со кои се зна­е­ме од вре­ме­то ко­га жи­ве­ев во сме­сту­вач­ко се­мејс­тво кај Ле­по­са­ва во Де­бар Ма­а­ло. Бев­ме пет де­ца, а јас бев нај­во­зра­сен и че­сто и се гри­жев за по­ма­ли­те. Ме­ѓу оми­ле­ни­те ме­ста ми е и сла­ткар­ни­ца­та „Ап­че“, од мал ја па­ме­там и та­му си­те ме зна­ат – об­јас­ну­ва тој.