За­ем­на­та за­вис­ност е здо­би­е­но од­не­су­ва­ње, кое мо­же да се пре­не­се од ко­ле­но на ко­ле­но. Поз­на­то е ка­ко „ре­ла­ци­ска за­вис­ност“ би­деј­ќи е со­стој­ба на емо­ции и на од­не­су­ва­ње, ко­ја вли­јае на чо­ве­ко­ва­та спо­соб­ност да одр­жи здрав од­нос што да­ва смис­ла и ис­пол­не­тост


Ко­га би се оби­де­ле да на­пра­ви­ме раз­ли­ки ме­ѓу зре­ло и за­вис­но да­ва­ње ме­ѓу парт­не­ри­те и ме­ѓу ро­ди­те­лот и де­те­то, тие би ја вклу­чи­ле по­мо­шта што ја да­ва за­вис­ни­от и е, всуш­ност, пре­зе­ма­ње од­го­вор­ност за чо­век што са­ми­от мо­же, но не пре­зе­ма од­го­вор­ност за се­бе. Пре­зе­ма­ње­то од­го­вор­ност вос­по­ста­ву­ва кон­тро­ла над дру­ги­от. Зре­ла­та по­мош не пре­зе­ма ту­ѓа од­го­вор­ност, таа му по­ма­га на чо­ве­ка да пре­зе­ме од­го­вор­ност за се­бе.

Зре­ла­та лич­ност се чув­ству­ва до­бро и ко­га ни­ко­му не му по­ма­га и ко­га му по­ма­га, а за­вис­на­та се чув­ству­ва праз­но без лу­ѓе со по­тре­би око­лу се­бе. Зре­ла­та лич­ност има ал­тер­на­тив­ни об­ли­ци на смис­ла, на да­ва­ње и на при­ма­ње, кои не за­ви­сат од ед­на лич­ност.

Ко­га не­ко­му му е по­треб­на по­мош, зре­ла­та лич­ност го да­ва тоа што тре­ба, се тр­га ко­га по­мо­шта ве­ќе не е по­треб­на и не се жр­тву­ва се­бе­си – по­мо­шта е дар огра­ни­чен со вре­ме и со окол­но­сти и не го уни­шту­ва да­ро­да­ве­цот. За­вис­на­та лич­ност го да­ва тоа што за­вис­но­ста на тој што има по­тре­ба го ба­ра (без ог­лед на тоа да­ли е тоа до­бро или не, на пр. ал­ко­хол), оста­ну­ва да по­ма­га и ко­га по­мо­шта не е ни ба­ра­на ни по­треб­на и нај­ис­пол­не­та е ко­га се пер­ци­пи­ра де­ка се жр­тву­ва се­бе­си за не­ко­го. Во па­то­ло­шки слу­чаи, за­вис­ни­от по­ма­гач мо­же и не­свес­но да му од­ма­га на тој ко­му му е по­треб­на по­мош, за за­вис­но­ста од по­мош да трае по­дол­го.

Зре­ла­та лич­ност е оп­кру­же­на со не­за­вис­ни лу­ѓе на кои не им е во­о­би­ча­е­но по­треб­на по­мош. За­вис­на­та лич­ност е маг­нет за за­вис­ни лу­ѓе на кои им е по­сто­ја­но по­треб­на по­мош.

Сте­пен на за­вис­ност во ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си


Ако са­ка­те да го одре­ди­те сте­пе­нот на за­вис­ност во одре­де­на бли­ска вр­ска (при што „дру­ги­от“ е: парт­нер, де­те, ро­ди­тел), пра­шај­те се:

  • Да­ли ми се јас­ни мо­и­те по­тре­би?
  • Да­ли му ги со­оп­шту­вам лес­но, јас­но и ди­рект­но на дру­ги­от?
  • Да­ли имам проб­лем да му ка­жам „не“ без ло­ши пос­ле­ди­ци?
  • Да­ли ко­ри­стам за­ка­ни, молк, ди­стан­ца, лу­ти­на, пре­кор, потс­мев, пре­зир или, пак, од­би­вам да да­дам секс, па­ри или хра­на, ко­га дру­ги­от не ми ги ис­пол­ну­ва по­тре­би­те?
  • Да­ли са­кам на дру­ги­от да му би­дам се­ко­гаш сè?
  • Да­ли са­кам друг да ми ги ре­ша­ва проб­ле­ми­те?
  • Да­ли ужи­вам во ре­ша­ва­ње на ту­ѓи­те проб­ле­ми?
  • Да­ли ну­дам со­ве­ти без да ме пра­ша­ат?
  • Да­ли „па­ѓам“ на лу­ѓе на кои им тре­бам?
  • Да­ли ми е не­оп­ход­на по­мош, водс­тво или за­шти­та?
  • Ако дру­ги­от ме по­вре­ди, да­ли му го доз­во­лу­вам тоа?

И отка­ко искре­но си ги од­го­во­ри­вте пра­ша­ња­та, про­чи­тај­те ги и од­го­во­ре­те уште ед­наш, ка­ко да сте тој дру­ги­от во ва­ша­та бли­ска вр­ска, од не­го­ва перс­пе­кти­ва во од­нос на вас (на при­мер, да­ли му доз­во­лу­ва­те на дру­ги­от сло­бод­но и без каз­на да ги иска­же сво­и­те по­тре­би итн.).
Јас­но е де­ка по­твр­ден од­го­вор на пра­ша­ња­та ин­ди­ци­ра сте­пен на за­вис­ност во од­но­си­те. Исти­те пра­ша­ња мо­же­те да ги иско­ри­сти­те ка­ко во­дил­ки за со­зре­ва­ње на сво­и­те за­вис­ни ас­пе­кти, ка­ко и за те­ма за ди­ску­си­ја со бли­зок чо­век. Кол­ку и да ни е здра­ва и уба­ва и дол­га вр­ска­та, се­ко­гаш е до­бро да се осве­жат ос­но­ви­те!

Тој што кон­тро­ли­ра за­ви­си од кон­тро­ли­ра­ни­от, и обрат­но

За­вис­ни­те вр­ски се истра­жу­ва­ат во пси­хо­ло­ги­ја­та под тер­ми­ни­те „сим­би­от­ски вр­ски“, „вмре­же­ни вр­ски“ или, на анг­ли­ски „co-dependent relationships“, ка­ко и „enmashment“ (исто и јаз­ло­са­ни, за­мр­се­ни вр­ски, или „entanglement“).
Тер­ми­нот „сим­би­о­за“ ја наг­ла­су­ва за­ем­но­ста на за­вис­но­ста во за­до­во­лу­ва­ње на по­тре­би­те еден на друг. Тер­ми­нот „вмре­же­ност“ се од­не­су­ва на отсус­тво на лич­ни гра­ни­ци ме­ѓу две лич­но­сти во за­вис­на вр­ска. „Јаз­ло­са­но­ста“ ја опи­шу­ва за­мр­се­на­та ис­преп­ле­те­ност на по­тре­би пре­да­де­ни на дру­ги­от да ги ис­пол­ну­ва.

Те­о­ри­и­те око­лу за­вис­ни­те вр­ски се кон­цен­три­ра­ат на ка­ра­кте­ри­стич­на­та за­ем­на кон­тро­ла, при што тој што кон­тро­ли­ра за­ви­си од кон­тро­ли­ра­ни­от, и обрат­но. Оваа кон­тро­ла се со­стои во пре­зе­ма­ње од­го­вор­ност за дру­га лич­ност и ко­га дру­га­та лич­ност е спо­соб­на да пре­зе­ме од­го­вор­ност за се­бе. Нај­чест об­лик на кон­тро­ли­ра­ње на дру­ги пре­ку пре­зе­ма­ње кон­тро­ла е при­нуд­но, ком­пул­сив­но да­ва­ње, за­ед­но со при­нуд­но зе­ма­ње. Иа­ко че­сто во за­вис­ни­те вр­ски еден до­ми­ни­ра, а над дру­ги­от се до­ми­ни­ра, обај­ца­та ме­ѓу­себ­но се кон­тро­ли­ра­ат и се под­др­жу­ва­ат во нез­дра­ви­те од­не­су­ва­ња и на обај­ца­та им е не­оп­хо­ден дру­ги­от за да се чув­ству­ва­ат це­ли.

Де­фи­ни­ци­и­те за за­вис­ност се тол­ку ши­ро­ки што се­кој ќе се нај­де во нив. „До­де­ка си­те сме емо­тив­но за­вис­ни од дру­ги во одре­де­на ме­ра, ко­га до­не­су­ва­ме од­лу­ки спро­тив­ни на на­ши­те вред­но­сти за да из­бег­не­ме од­би­ва­ње или лу­ти­на, соз­да­ва­ме за­ем­но­за­вис­на ди­на­ми­ка во се­меј­ни­от си­стем“.

Ти­пич­но, лу­ѓе­то скло­ни кон за­ем­но­за­вис­ни вр­ски има­ат сла­бо раз­ви­ен од­нос кон се­бе­си, а спо­ред тоа и кон дру­ги­те лу­ѓе. Нив­на­та лич­ност е конг­ло­ме­рат од тоа што им тре­ба на дру­ги­те од нив, де­ста­би­ли­зи­ран со праз­ни­на­та на сво­и­те по­тре­би, кои тие им ги пре­да­ле на дру­ги да ги ис­пол­нат. Не се автен­тич­ни, не се свои.

По­на­та­му, „за­ем­на­та за­вис­ност е здо­би­е­но од­не­су­ва­ње, кое мо­же да се пре­не­се од ко­ле­но на ко­ле­но. Поз­на­то е ка­ко „ре­ла­ци­ска за­вис­ност“ би­деј­ќи е со­стој­ба на емо­ции и на од­не­су­ва­ње што вли­јае на чо­ве­ко­ва­та спо­соб­ност да одр­жи здрав од­нос што да­ва смис­ла и ис­пол­не­тост. За­ем­но­за­вис­ни­те вр­ски се че­сто емо­тив­но де­стру­ктив­ни и зло­у­по­тре­бу­ва­ат“.

Тоа што ги пра­ви опас­ни е нив­ни­от љу­бо­вен ас­пект: си­сте­мат­ски и со чи­ста со­вест мо­же да се уни­шту­ва са­ка­но­то би­тие, во име на љу­бо­вта, на са­мо­по­жр­тву­ва­но­ста, по­све­те­но­ста, гри­жа­та и на до­бри­на­та.


(Тек­стот е из­ва­док од ана­ли­за­та „За­ем­но­за­вис­ни парт­нер­ски вр­ски; Ро­ди­те­ли и де­ца во за­ем­но­за­ви­сен од­нос; Анекс: Пси­хо­со­ма­ти­ка“)