СУХАМЕТ САДИК

 
Не мо­жам без „Ли­це в ли­це“
 
 
ЛИ­ЦЕ В ЛИ­ЦЕ СО... Су­ха­мет Са­дик

Не мо­жам без „Ли­це в ли­це“

Има 19 го­ди­ни и се гри­жи за це­ло­то се­мејс­тво – за ед­но­го­диш­ни­от син Џе­за­ир, за со­пру­га­та Аи­ри­ја, но и за мај­ка му, та­тко му и за по­ма­ли­те брат и се­стра. Си­те за­ед­но жи­ве­ат во две со­би во скоп­ска­та на­сел­ба Шу­то Ори­за­ри. „Ли­це в ли­це“, во мо­мен­тов е единс­твен из­вор на при­ход за не­го­во­то се­мејс­тво

Ма­ја Ра­ван­ска

Те­бе не те знам, но­ва си? Не знам што да ти ка­жам ако си но­ва ов­де, мо­ра да ме зна­еш и да зна­еш што ра­бо­там за да раз­бе­реш – ми ве­ли мла­ди­от Су­ха­мет Са­дик, про­да­вач на „Ли­це в ли­це“, кој из­ми­на­ти­ов пер­и­од се по­ка­жал ка­ко еден од нај­ус­пеш­ни­те.
- Не сум но­ва - му ве­лам - но и јас не те знам. Мо­ра мно­гу до­бро да си се по­ка­жал штом те­бе те прет­ста­ву­ва­ме во но­ви­ов број – му се нас­мев­ну­вам и го за­пи­шу­вам не­го­во­то име - Су­ха­мед.
- Со т се пи­шу­ва мо­е­то име, не со д – ме по­пра­ва.
Ди­ја­ло­гот ту­ка за­пре за мо­мент. Јас, иа­ко сме­тав де­ка не­мам пре­ду­бе­ду­ва­ња и пре­дра­су­ди, мис­лев де­ка не знае да чи­та и да пи­шу­ва. Тој, пак, мис­лел де­ка знам ба­рем ка­ко се пи­шу­ва не­го­во­то име штом сум ре­ши­ла да му пра­вам ин­терв­ју за но­ви­от број. Мо­рав­ме пр­во да си се прет­ста­ви­ме офи­ци­јал­но, да по­му­а­бе­ти­ме мал­ку, да ис­пи­е­ме ед­но ка­фе со ци­га­ра, па по­тоа да сед­не­ме да ра­бо­ти­ме. Отка­ко си ги по­ка­жав­ме фо­то­гра­фи­и­те од бе­би­ња­та, јас од мо­е­то, тој од сво­е­то, се по­жа­лив­ме на вре­ска­ња­та средe ноќ и на бу­де­ња­та в зо­ри, раз­го­во­рот оде­ше маз­но.

Су­ха­мет Са­дик е 19-го­диш­но мом­че. Всуш­ност, маж. Се гри­жи за це­ло се­мејс­тво – за ед­но­го­диш­ни­от син Џе­за­ир, за со­пру­га­та Аи­ри­ја, но и за мај­ка му, та­тко му и за по­ма­ли­те брат и се­стра. Си­те за­ед­но жи­ве­ат во две со­би во скоп­ска­та на­сел­ба Шу­то Ори­за­ри. „Ли­це в ли­це“ во мо­мен­тов е единс­твен из­вор на при­ход за не­го­во­то се­мејс­тво:
- Пе­ри­о­дов ги рас­про­да­дов­ме си­те спи­са­ни­ја, ед­вај че­кав да из­ле­зе нов број. Не мо­жам без „Ли­це в ли­це“, не мо­жам.
Ве­ли де­ка ве­ќе 10-ина ме­се­ци е про­да­вач на на­ше­то улич­но спи­са­ние и де­ка ужи­ва во тоа.
- Ва­дам по­ве­ќе па­ри откол­ку што оче­ку­вав де­ка ќе за­ра­бо­ту­вам. Су­пер е. Пр­во мис­лев де­ка не­ма да се снај­дам, но со по­мош на Ер­џан и на Ар­ман­до ми трг­на ра­бо­та­та. Се­га, гле­даш, Жар­че ка­жу­ва де­ка сум ме­ѓу нај­до­бри­те – ве­ли Су­ха­мет.


На­ви­сти­на, ко­ор­ди­на­тор­ка­та на про­да­ва­чи­те на „Ли­це в ли­це“, Жар­ме­на Бо­жи­нов­ска, или Жар­че, ка­ко што ја ви­ка­ме си­те ние, го изд­вои Су­ха­мет ко­га ја пра­шав­ме со ко­го да на­пра­ви­ме ин­терв­ју во оваа ру­бри­ка.
- Неа најм­но­гу ја са­кам, мно­гу ми по­ма­га. Таа знае сè што ми се слу­чу­ва, знае ко­га имам проб­лем, ко­га ми е бо­лен ма­ли­от, ко­га не мо­жам да се раз­дол­жам на­вре­ме. Не се сра­мам да ѝ по­ба­рам по­мош, но не за­бо­ра­вам ни да се заб­ла­го­да­рам – ми об­јас­ну­ва мла­ди­от про­да­вач.

Се­мејс­тво­то пред сè
При­каз­на­та на Су­ха­мет е по­вр­за­на со се­мејс­тво­то. Јас го пра­шу­вам за ра­бо­та­та, а тој, пак, сè по­вр­зу­ва со до­маш­ни­те.
- Најм­но­гу се гри­жам за се­мејс­тво­то. Се­кое утро ме бу­ди син ми, ми се смее, ми се ка­чу­ва на гла­ва, ме ску­бе. Јас, иа­ко из­мо­рен и сон­лив, ужи­вам во тие ки­ко­те­ња – се нас­мев­ну­ва Су­ха­мет и до­да­ва: Зна­еш ка­ко е, си­гур­но.
Об­јас­ну­ва де­ка и та­тко му по­вре­ме­но при­до­не­су­ва во се­меј­ни­от бу­џет со­би­рај­ќи от­пад и про­да­вај­ќи го, но тоа не е ре­дов­на ра­бо­та. За „Ли­це в ли­це“ зна­ел уште од по­че­то­кот, отка­ко по­стои спи­са­ни­е­то. Не са­кал да се вклу­чи би­деј­ќи не му изг­ле­да­ло прив­леч­но. Отка­ко брат му Мах­муд не се сна­шол во оваа ра­бо­та, не са­кал ни да се за­ин­те­ре­си­ра по­де­тал­но за што се ра­бо­ти. Зна­ел са­мо де­ка се про­да­ва спи­са­ни­е­то, ни­што по­ве­ќе. Но, отка­ко ста­нал та­тко, сфа­тил де­ка мо­ра да на­пра­ви не­што и да за­ра­бо­ту­ва. По еден при­ја­тел­ски со­вет од Ер­џан Са­дик (нај­до­бри­от про­да­вач на улич­но­то спи­са­ние за 2015 го­ди­на), кој му е бра­ту­чед и дру­гар, ре­шил да се оби­де.
- Тој ми до­го­во­ри сред­ба со Жар­че, а отка­ко таа ме при­ми ка­ко про­да­вач, Ер­џан ми ка­жа кои ме­ста да ги по­се­ту­вам, ка­де до­бро нè при­фа­ќа­ат нас, про­да­ва­чи­те на „Ли­це в ли­це“, а ка­де да не одам. По­сто­ја­но ме охра­бру­ва­ше, ми ве­ле­ше „оди, ќе ви­диш де­ка ќе про­да­ваш мно­гу спи­са­ни­ја“. Тој ве­ру­ва­ше во ме­не, ме охра­бру­ва­ше и ми да­ва­ше на­деж – ве­ли Су­ха­мет.
На­ви­сти­на, про­даж­ба­та до­бро му трг­на­ла. Ар­ман­до Ре­џе­пи, кој, исто та­ка, бе­ше вклу­чен во про­даж­ба­та на спи­са­ни­е­то пре­ку Дне­вен цен­тар за де­ца на ули­ца му ка­жал уште не­кол­ку ме­ста за по­се­та, над­вор од цен­та­рот на Скоп­је.
- Се­га не мо­жам и не ни са­кам да ра­бо­там дру­га ра­бо­та, ова ми е од­лич­но. Уште да имав мож­ност да би­дам при­ја­вен, да знам де­ка ми е си­гур­на ра­бо­та­та, би бил нај­сре­ќен – ве­ли тој.
Го пра­шу­вам зо­што на оваа во­зраст тоа му е тол­ку важ­но.
- То­гаш би мо­жел да зе­мам кре­дит и да ја об­но­вам ку­ќа­та. Се­га има­ме то­а­лет над­вор од до­мот, не­ма­ме топ­ла во­да, а со ма­ло бе­бе сум. Са­кам да жи­ве­ам од­дел­но од ро­ди­те­ли­те, а са­кам и ним да им по­ма­гам. Би на­пра­вил кат над нив и би жи­ве­е­ле по­среќ­но – ми об­јас­ну­ва тој со се­ри­оз­ност на се­ме­ен чо­век, кој точ­но знае што са­ка.
Го пра­шу­вам за со­пру­га­та, да­ли таа го под­др­жу­ва во оваа ра­бо­та.
- Да, се­ка­ко. Таа во сè ме под­др­жу­ва, мно­гу се са­ка­ме. Иа­ко јас не го го­во­рам неј­зи­ни­от ја­зик, а ни­ту таа мо­јот (же­на му е Ал­бан­ка, а тој Ром), слож­но жи­ве­е­ме и се раз­би­ра­ме на ма­ке­дон­ски. Се за­поз­нав­ме на „Фејс­бук“, се до­пи­шу­вав­ме не­кол­ку ме­се­ци, а по­тоа, ко­га ја ви­дов во жи­во, вед­наш се вљу­бив во неа. Зна­ев де­ка ќе ми би­де же­на – се нас­мев­ну­ва Су­ха­мет.

Во „Љу­бов“ се ви­стин­ски дру­га­ри
Освен што го про­да­ва, тој са­ка и да го чи­та спи­са­ни­е­то, но не це­ло­то.
-На­јин­те­рес­ни ми се при­каз­ни­те за про­да­ва­чи­те, по­тоа и тек­сто­ви­те за без­дом­ни­ци­те. Јас по­рас­нав во Днев­ни­от цен­тар за де­ца на ули­ца, знам ка­ко е да си де­те на ули­ца. Та­му ме чу­ваа по­у­ба­во од до­ма – ве­ли Су­ха­мет.

Ин­терв­ју­то ни за­вр­ши, а тој ре­че де­ка ќе оди да про­да­ва „Ли­це в ли­це“. Го пра­шав да­ли знае де­ка не би тре­ба­ло да про­да­ва без уни­фор­ма­та на „Ли­це в ли­це“, и го по­тсе­тив де­ка има пра­ви­ла, кои про­да­ва­чи­те мо­ра да ги по­чи­ту­ва­ат во од­нос на про­даж­ба­та.
- Знам, уба­во си знам јас. Уни­фор­ма­та и спи­са­ни­ја­та ги оста­вам во ка­фу­ле­то „Љу­бов“, та­му ми ги чу­ва­ат ко­га имам ва­ка не­ко­ја дру­га ра­бо­та да за­вр­шам, да не ги но­сам со ме­не. Мно­гу ми по­ма­га­ат од та­му, ви­стин­ски дру­га­ри се си­те што ра­бо­тат во ка­фу­ле­то – ве­ли Су­ха­мет.
Ни наг­ла­си де­ка му е важ­но да го об­ја­ви­ме ова.
- Са­кам да ги поз­дра­вам. Не се се­ка­де тол­ку фи­ни со нас. На не­кои ме­ста во­оп­што не ни доз­во­лу­ва­ат да вле­зе­ме. На дру­ги, пак, за­бе­ле­жу­вам де­ка лу­ѓе­то вед­наш ги тр­га­ат чан­ти­те и те­ле­фо­ни­те ко­га по­ми­ну­вам. Не знам зо­што мис­лат де­ка би кра­дел. Па јас сум на ра­бо­та, не одам за да кра­дам. Мо­ра да се про­ме­ни тоа мис­ле­ње кај си­те – се­ри­о­зен е Су­ха­мет.
Го пра­шу­вам да­ли тоа го раз­о­ча­ру­ва и го обес­хра­бру­ва.
- По­не­ко­гаш да, ми пра­ви нер­во­за, но до­бро е и што по­сто­јат мно­гу дру­ги лу­ѓе што се­ко­гаш го ку­пу­ва­ат спи­са­ни­е­то и не са­мо тоа, ту­ку ми ну­дат ка­фе, сок, да се осве­жам. Тоа мно­гу ми зна­чи.

Си­те од мо­јот со­как про­да­ва­ме „Ли­це в ли­це“
Су­ха­мет, за­ед­но со Ер­џан и со Ба­јрам, бе­ше на од­мор во Стру­га, во од­мо­ра­ли­ште­то на Цр­вен крст – „Сол­фе­ри­но“. Овој од­мор на трој­ца­та про­да­ва­чи дој­де ка­ко на­гра­да за нив­на­та по­све­те­ност во ра­бо­та­та. Кај нив вла­дее нат­пре­ва­ру­вач­ки дух, но, се­пак, тие се, пред сè, го­ле­ми дру­га­ри, освен што се и ко­ле­ги.
- Мно­гу се дру­жи­ме. Кај нас во Шу­тка, це­ла со­как сме про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“. Мис­лам де­ка Ер­џан е нај­зас­лу­жен за тоа – об­јас­ну­ва тој.
До­да­ва де­ка та­ка би­ло и во Стру­га, ко­га оста­на­ле без па­ри би­деј­ќи гра­ѓа­ни­те та­му не са­ка­ле да ку­пу­ва­ат спи­са­ние од нив.
- Сè де­лев­ме ние трој­ца­та, а Ер­џан, ка­ко нај­ус­пе­шен од нас, ни да­ва­ше па­ри за ка­фе, за ци­га­ри. Тој е го­лем ко­ле­га и мно­гу до­бар дру­гар. Исто та­ка, мно­гу се дру­жам и со Ма­ра­до­на – вни­ма­ва тој да ги спом­eне си­те.