ТУНАН САДИК

 
Спи­са­ние по спи­са­ние - ку­ќа
 
 
Спи­са­ние по спи­са­ние - ку­ќа
За не­го ла­ни пи­шу­вав­ме де­ка е „од тие лу­ѓе што ус­пе­ва­ат во жи­во­тот“. По по­мал­ку од ед­на го­ди­на, Ту­нан Са­дик ус­пе­ва да обез­бе­ди по­у­ба­во ме­сто за жи­ве­е­ње за се­бе и за си­те до­ма

Ма­ја Ра­ван­ска

Мом­че на 17 го­ди­ни це­лос­но го ре­но­ви­ра­ше сво­јот дом во кој жи­вее со сво­е­то се­думч­ле­но се­мејс­тво. Ту­нан Са­дик е еден од нај­ус­пеш­ни­те про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“, а про­даж­ба­та на спи­са­ни­е­то му овоз­мо­жи да соз­да­де по­у­ба­ви ус­ло­ви за жи­вот за се­бе и за сво­и­те најб­ли­ски. Мо­же­би ви рас­ка­жу­вал за ова, но мно­гу по­ве­ро­јат­но е де­ка са­мо ви го по­ну­дил спи­са­ни­е­то нас­мев­ну­вај­ќи се и осво­ју­вај­ќи ве со сво­ја­та не­по­сред­ност, ман­гуп­лак, но и уч­ти­вост. За не­го ла­ни пи­шу­вав­ме де­ка е „од тие лу­ѓе што ус­пе­ва­ат во жи­во­тот“. По по­мал­ку од ед­на го­ди­на, Ту­нан Са­дик ус­пе­ва да обез­бе­ди по­у­ба­во ме­сто за жи­ве­е­ње за се­бе и за сво­и­те трој­ца по­ма­ли бра­ќа Ре­џеп, Га­бри­ел и Де­бран, мај­ка му Али­са, та­тко му Ба­јрам и де­до му Ре­џеп. Иа­ко по­вре­ме­но, ка­ко про­да­вач на спи­са­ни­е­то ра­бо­ти и та­тко му, Ба­јрам, Ту­нан е глав­ни­от чо­век што но­си при­ход во се­мејс­тво­то.
- Се­кој ден из­ле­гу­вам и про­да­вам. Ужи­вам во оваа ра­бо­та, не ни за­бе­ле­жу­вам де­ка сум на ра­бо­та, тол­ку ми е уба­во. Из­ле­гу­вам од до­ма и пра­вец – Де­бар ма­а­ло. Та­му ми се дру­га­ри­те и дру­гар­ки­те, по­ра­ди нив имам го­лем ус­пех – ве­ли Ту­нан.
Тој об­јас­ну­ва де­ка ду­ри се чув­ству­ва ка­ко по­пу­лар­на лич­ност со ко­ја лу­ѓе­то са­ка­ат да ко­му­ни­ци­ра­ат:
- Си имам му­а­бет со си­те. Се ше­гу­ва­ме, ме ви­ка­ат брат, бра­ту­чед... Уба­во ми е во друш­тво на си­те тие лу­ѓе, се чув­ству­вам ка­ко да сум поз­нат. Знам де­ка ме по­чи­ту­ва­ат и ме под­др­жу­ва­ат за­тоа што сум вре­ден и де­ка, на­ви­сти­на, мно­гу ра­бо­там.
 
 
Да не бе­ше „Ли­це в ли­це“ не­ма­ше да се сре­ди­ме ва­ка

Го по­се­тив­ме се­мејс­тво­то Са­дик во еден сту­ден, но сон­чев но­ем­ври­ски ден. Ту­нан, до­те­ран и сре­ден уште ра­но на­у­тро, нè во­ди низ тес­но­то со­ка­че во Шу­то Ори­за­ри об­јас­ну­вај­ќи де­ка ре­чи­си си­те про­да­ва­чи се на иста­та улич­ка.
Ку­ќи­те, ред трош­ни, без про­зор­ци и со кал, ред го­ле­ми, уре­де­ни, со огра­ди. Кај овие трош­ни­те, за­дол­жи­тел­но не­кој сто­е­ше пред вра­та или во дво­рот, до­де­ка го­ле­ми­те зја­ат праз­ни.
- Го­ле­ми­ве се на лу­ѓе што се во Гер­ма­ни­ја. До­а­ѓа­ат и си одат. Ќе си ја сре­дат ку­ќа­та и ќе си се вра­тат во Гер­ма­ни­ја, та­му ра­бо­тат – ни об­јас­ну­ва Ту­нан.
Ма­а­ло­то ечи од му­зи­ка. Срет­ну­ва­ме са­мо нас­ме­а­ни ли­ца. Се чу­дам ка­ко си­ро­ма­шти­ја­та не ус­пе­ва да им го скро­ти ду­хот и да им ја из­бри­ше нас­ме­вка­та.
- Кај нас е се­кое утро ва­ка, со му­зи­ка. Си­те пр­во си пу­шта­ат глас­на му­зи­ка на­у­тро за да се рас­по­ло­жи­ме. Уба­во е да се жи­вее во Шу­тка – се нас­мев­ну­ва Ту­нан.
Во ку­ќа­та нè до­че­ку­ва­ат Али­са, нас­ме­а­на и ср­деч­на, Ба­јрам, кој го но­си в ра­це ма­ли­от Де­бран, ка­ко и де­до­то Ре­џеп.
- Јас ка­ко нај­во­зра­сен во се­мејс­тво­то го во­дам ре­дот – ве­ли Ре­џеп.
Сед­нат на ши­ро­ка­та фо­тел­ја до­де­ка си­те дру­ги сто­јат, оста­ва впе­ча­ток де­ка е гла­ва во се­мејс­тво­то.
- Во­дам сме­тка и за фи­нан­си­и­те, но и за тоа Ту­нан да не пот­пад­не под ло­ши вли­ја­ни­ја. Де­нес е мно­гу лес­но млад чо­век да трг­не по по­греш­ни па­те­ки. За сре­ќа, тој е умен и знае де­ка му мис­лам до­бро, па ме слу­ша. Иа­ко, по­не­ко­гаш знае да ме из­нер­ви­ра – се ше­гу­ва де­до­то, иа­ко, на пр­ва, оста­ва впе­ча­ток де­ка е строг чо­век.
Тес­но­то ход­ни­че, кое ла­ни бе­ше по­сто­ја­но на про­вев, се­га е пре­тво­ре­но во куј­на во ко­ја има ме­сто за кујн­ски еле­мен­ти, тр­пе­за­ри­ска ма­са и стол­чи­ња. Про­сто­рот се про­ши­ру­ва кон днев­на­та со­ба до­вол­но го­ле­ма за да би­де убав про­стор за пре­стој на лу­ѓе од раз­лич­ни ге­не­ра­ции, а на рас­по­ла­га­ње им е и уште ед­на со­ба, ко­ја ја ко­ри­стат ка­ко спал­на.
Ку­ќа­та е топ­ла и чи­ста, а бр­зо по на­ше­то до­а­ѓа­ње, де­до­то Ре­џеп ни по­да­ва на­по­ли­тан­ки, до­де­ка Али­са по­ста­ву­ва пор­це­лан­ски шол­јич­ки со тур­ско ка­фе на стак­ле­но­то ма­си­че. До­де­ка го дои нај­ма­ли­от син, Али­са рас­ка­жу­ва де­ка не ѝ е те­шко да се снај­де со об­вр­ски­те што ги има во до­мот.
- Са­кам да ми е чи­сто и сре­де­но. Не ра­бо­там, па мо­жам да за­вр­шам сè што тре­ба низ до­мот. Ту­нан е вред­но де­те, на­ви­сти­на мно­гу при­до­не­су­ва за да ни е уба­во до­ма – ве­ли таа.
Ба­јрам, пак, не­го­ви­от та­тко, це­ло вре­ме мол­чи и че­ка да упа­ти­ме пра­ша­ње и до не­го.
- Што да ка­жам, на­ви­сти­на е ус­пех ова што го на­пра­вив­ме со Ту­нан. Да не бе­ше „Ли­це в ли­це“, не­ма­ше да се сре­ди­ме ва­ка. Се­ка­ко, важ­но е и тоа што е тој вре­ден и што си­те го слу­ша­ме глав­ни­от, та­тко ми, кој знае што тре­ба – ку­со од­го­ва­ра тој.
Ре­џеп се на­до­вр­зу­ва де­ка ште­де­ле ре­чи­си две го­ди­ни.
- Мал­ку по мал­ку и ус­пе­ав­ме да има­ме но­ва ку­ќа. Ту­нан го ра­бо­ти ова по­ве­ќе од ед­на го­ди­на, но прет­ход­но гла­вен бе­ше Ба­јрам. Мо­ја­та уло­га бе­ше во ште­де­ње­то, а тие тре­ба­ше да ра­бо­тат. Си­те си има­ме уло­ги и до­бро е та­ка и да оста­не – ве­ли Ре­џеп.
Тој об­јас­ну­ва де­ка пр­во пла­ќа­ат сме­тки за стру­ја и за до­ма­ќинс­тво­то, а по­тоа се оси­гу­ру­ва да има­ат оста­ве­но па­ри на­стра­на.
- Не дол­жи­ме ни­ка­де, ре­дов­но си пла­ќа­ме сè. За нас во Шу­тка ве­лат де­ка не пла­ќа­ме во­да и стру­ја, но ние ре­дов­но си ги пла­ќа­ме сме­тки­те и вни­ма­ва­ме, ште­ди­ме. Не се гре­е­ме на стру­ја, ту­ку на др­ва – ве­ли тој и до­да­ва де­ка тој е за­дол­жен за пот­па­лу­ва­ње на шпо­ре­тот, за це­пе­ње др­ва и за слич­ни актив­но­сти.
До­де­ка бев­ме во по­се­та на до­мот на Са­дик, на го­сти беа и про­да­ва­чи­те на „Ли­це в ли­це“ Мах­муд и Су­ха­мет, кои се бра­ту­че­ди на Ба­јрам и кои, исто та­ка, го по­фа­ли­ја Ту­нан:
- Тој е нај­до­бар, не­ма ту­ка што да збо­ру­ва­ме. Се­кој ден оди, не про­пу­шта ден да по­ми­не, а да не из­ле­зе да про­да­ва „Ли­це в ли­це“. Ние мо­же и да пре­скок­не­ме не­ко­гаш, ко­га не ни се ра­бо­ти, а на Ту­нан тоа не мо­же да му се слу­чи. За­тоа и си­те го са­ка­ат и за­тоа ус­пеа да ја сре­ди ку­ќа­та – ве­ли Су­ха­мет, а Мах­муд по­твр­ду­ва.
Пла­но­ви­те на Ту­нан за след­ни­ов пер­и­од се дви­жат во на­со­ка на уна­пре­ду­ва­ње на не­го­во­то зна­е­ње, тој са­ка да се опис­ме­ни, да на­у­чи да чи­та и да пи­шу­ва и да ста­не уште по­ус­пе­шен во тоа што го ра­бо­ти:
- Јас би са­кал ова да го ра­бо­там цел жи­вот. Ме би­ва, са­мо да на­у­чам да чи­там и да пи­шу­вам. Ду­ри то­гаш кол­ка­ва ку­ќа ќе на­пра­вам...