Но­ви­нар­ка и ре­жи­сер­ка, две­те Ита­ли­јан­ки, се нај­доа во Си­ли­ци­ум­ска­та до­ли­на во САД, во па­по­кот на све­тот на ино­ва­ци­и­те, тех­но­ло­ги­ја­та и на прет­при­е­маш­тво­то. Еле­на Фа­ви­ли и Фран­че­ска Ка­ва­ло за „Ли­це в ли­це“ рас­ка­жу­ва­ат ка­ко нив­на­та кни­га „При­каз­ни за до­бра ноќ за бун­тов­ни де­вој­чи­ња“ ја кре­на јав­на­та свест за ро­до­ви­те пра­ша­ња, го про­ме­ни на­чи­нот на кој се про­ду­ци­ра­ат кни­ги­те за де­ца и пред­во­ди це­ло ед­но дви­же­ње



- Ка­ков ба­лон са­каш, меч или ср­це? – пра­шу­ва ма­ги­о­ни­ча­рот.
- Меч – екс­прес­но од­го­ва­ра мом­че­то, а ма­ги­о­ни­ча­рот „авто­мат­ски“ пра­ви ма­не­вар со кој од си­ни­от ба­лон кре­и­ра фор­ма на меч.
Исто­то пра­ша­ње го по­ста­ву­ва на се­кое де­те при­сут­но на ро­ден­ден­ска­та за­ба­ва.
Мом­чи­ња­та, ка­ко про­гра­ми­ра­ни, се опре­де­лу­ва­ат за меч, a де­вој­чи­ња­та од­би­ра­ат ср­це. Ма­ги­о­ни­ча­рот пра­ви де­се­ти­ци си­ни и зе­ле­ни ме­чо­ви и ро­зо­ви и цр­ве­ни ср­ци­ња. На­ре­де­ни ед­но зад дру­го, се­кое де­те си од­го­ва­ра без раз­мис­лу­ва­ње, а ма­ги­о­ни­ча­рот ве­ќе поч­ну­ва и да ги пра­ви фор­ми­те без да пра­ша – меч за мом­чи­ња и ср­це за де­вој­чи­ња.
До­а­ѓа на ред ед­но де­вој­че и со нас­ме­вка из­ви­ку­ва:
- Не са­кам ср­це, дај ми меч!
Ма­ги­о­ни­ча­рот се оза­ру­ва, пра­ви огро­мен меч од зе­лен ба­лон, му го по­да­ва на де­вој­че­то, а тоа пре­среќ­но, истр­чу­ва со ра­ка­та во воз­дух, ви­со­ко, ви­со­ко ка­ко да ќе по­ле­та.
Де­вој­че­то по не­го, со сра­меж­лив глас ве­ли де­ка и тоа са­ка меч. Тоа по не­го, исто та­ка, а мом­че­то зад нив, пак, ве­ли:
- Епа јас са­кам ср­це.
Одед­наш, здо­дев­на­та игра ста­ну­ва воз­буд­ли­ва. Си­те тр­ча­ат и игра­ат со ба­ло­ни­те, си­му­ли­ра­ат ле­та­ње со ме­чот, го ста­ва­ат ср­це­то ка­ко ѓер­дан, ги фр­ла­ат ба­ло­ни­те во воз­дух и ги до­че­ку­ва­ат со нас­ме­вки.


Ку­са­та при­каз­на од ре­ал­ни­от жи­вот ни по­ка­жу­ва де­ка бе­ше по­треб­но са­мо ед­но де­те (де­вој­че, де) да из­ле­зе од во­о­би­ча­е­на­та нор­ма за да се охра­брат и си­те дру­ги, па да си ги ка­жат сво­и­те жел­би и по­тре­би, да на­пра­ват про­ме­на.

Кра­тка­та при­каз­на е и за тоа ка­ко уште од ма­ли на­ши­те де­ца ги учи­ме ка­кви тре­ба да би­дат, таа е пол­на со сте­ре­о­ти­пи. Со ро­до­ви сте­ре­о­ти­пи, кои е не­оп­ход­но да ги над­ми­не­ме. Же­ни­те и де­вој­чи­ња­та на­се­ка­де низ све­тот и по­на­та­му се жр­тви на на­силс­тво и на ди­скри­ми­на­ци­ја, а во Гло­бал­ни­те це­ли за одрж­лив раз­вој, пет­та­та цел е ток­му за ро­до­ва ед­на­квост. Не­мој­те да ни ка­же­те де­ка на­ра­ци­ја­та од по­о­дам­на, но и по­но­ва­та (во ко­ја ма­жи­те се хе­рои, актив­ни и до­ми­нант­ни, до­де­ка же­ни­те се „на­гра­да­та“, спа­ку­ва­ни, ми­ли и мол­ча­ли­ви) не­ма­ат вр­ска со не­ед­на­кво­ста што до­ве­ду­ва ед­на од пет же­ни да иску­су­ва фи­зич­ко или се­ксу­ал­но на­силс­тво од сво­јот парт­нер.


Ре­во­лу­ци­ја­та на „При­каз­ни за до­бра ноќ за бун­тов­ни де­вој­чи­ња“


Но­ви­нар­ка и ре­жи­сер­ка, две­те Ита­ли­јан­ки, се нај­доа во Си­ли­ци­ум­ска­та до­ли­на во САД, во па­по­кот на све­тот на ино­ва­ци­и­те, тех­но­ло­ги­ја­та, прет­при­е­маш­тво­то. Еле­на Фа­ви­ли и Фран­че­ска Ка­ва­ло, за „Ли­це в ли­це“ рас­ка­жу­ва­ат ка­ко нив­на­та кни­га „При­каз­ни за до­бра ноќ за бун­тов­ни де­вој­чи­ња“ ја кре­на јав­на­та свест за ро­до­ви­те пра­ша­ња, го про­ме­ни на­чи­нот на кој се про­ду­ци­ра­ат кни­ги­те за де­ца и пред­во­ди це­ло ед­но дви­же­ње. На ма­ке­дон­ски ја­зик, во из­да­ние на „Арс ла­ми­на“ ја има­ме пр­ва­та кни­га од се­ри­ја­та на Фа­ви­ли и на Ка­ва­ло, до­де­ка вто­ра­та е во под­го­то­вка. Со про­даж­ба во по­ве­ќе од два ми­ли­о­на при­ме­ро­ка, нив­на­та ини­ци­ја­ти­ва ста­ну­ва нај­ус­пеш­ни­от нас­лов во исто­ри­ја­та на кра­уд­фан­дин­гот, а кни­га­та за де­ца и за во­зрас­ни со­др­жи сто при­каз­ни за жи­во­тот на сто же­ни од ми­на­то­то и од се­гаш­но­ста, со илу­стра­ции од 60 жен­ски умет­ни­ци од це­ли­от свет. Оваа кни­га ги инс­пи­ри­ра де­вој­чи­ња­та со при­каз­ни за го­ле­ми и сил­ни же­ни, чи­и­што де­ла го про­ме­ни­ле те­кот на исто­ри­ја­та. Умет­ни­ци, на­уч­нич­ки, тан­чар­ки, врв­ни го­твач­ки, астро­на­у­тки, џез-пе­јач­ки, фа­ра­он­ки, бо­ксер­ки, пи­са­тел­ки, по­ли­тич­ки во­да­чи, од Кле­о­па­тра, пре­ку Фри­да Ка­ло, Ели­за­бе­та Пр­ва, Ма­ри­ја Ки­ри, до Одри Хеп­берн, Се­ре­на Ви­ли­јамс, Би­јон­се.

- Ме­ди­у­ми­те има­ат тен­ден­ци­ја да ги прет­ста­ву­ва­ат же­ни­те во мно­гу тес­на смис­ла, а за нас е важ­но умет­но­ста да по­ка­же де­ка женс­тве­но­ста до­а­ѓа до израз на мно­гу раз­лич­ни на­чи­ни – ве­лат тие.

Тие об­јас­ну­ва­ат де­ка ре­ши­ле да да­дат свој од­го­вор на при­каз­ни­те за прин­це­зи, чи­е­што жи­вот­но до­стиг­ну­ва­ње е да се ома­жат за прин­цот на бел коњ, па ги пра­шу­ва­ме кој бе­ше глав­ни­от ка­та­ли­за­тор што ги до­ве­де до ва­ка по­ста­ве­на­та бор­ба со се­ксиз­мот и со ро­до­ва­та не­ед­на­квост?
- Мно­гу е важ­но за де­вој­ки­те да има­ат жен­ски при­ме­ри. Тоа им по­ма­га да ста­нат по­са­мо­у­ве­ре­ни и да си по­ста­ват по­го­ле­ми це­ли за се­бе. Обе­те сме во ра­ни­те 30-ти, ние сме прет­при­е­мач­ки и од пр­ва ра­ка зна­е­ме кол­ку е те­шко да се ус­пее, да би­деш зе­мен пред­вид и да ти се да­де шан­са – ве­ли Еле­на.
Фран­че­ска, пак, до­да­ва де­ка, спо­ред одре­де­ни истра­жу­ва­ња, до­де­ка де­вој­чи­ња­та да стиг­нат до ос­нов­но учи­ли­ште, тие ве­ќе има­ат на­ма­ле­на са­мо­до­вер­ба во од­нос на мом­чи­ња­та.
- Ток­му за­тоа, про­ме­на­та на на­ра­ци­ја­та уште во нај­ра­на во­зраст е осо­бе­но важ­на. На ро­ди­те­ли­те им се ну­дат мал­ку ре­сур­си да го сов­ла­да­ат тој тренд и тие се осо­бе­но за­гри­же­ни по­ра­ди не­до­сти­гот од сил­ни жен­ски при­ме­ри во ме­ди­у­ми­те за де­ца. За­тоа ре­шив­ме да ја соз­да­де­ме „При­каз­ни за до­бра ноќ за бун­тов­ни де­вој­чи­ња“ – по­јас­ну­ва таа.

Ма­ли­те де­вој­чи­ња со го­ле­ми со­ни­шта ста­ну­ва­ат же­ни со го­ле­ми ви­зии 
Ка­ва­ло об­јас­ну­ва за нив­ни­те по­че­то­ци ко­га во 2012 го­ди­на се пре­се­ли­ле во Си­ли­ци­ум­ска­та до­ли­на и ста­на­ле дел од „500 стар­тапс“, еден од нај­го­ле­ми­те стар­тап-фон­до­ви што ну­ди ак­це­ле­ра­тор­ска про­гра­ма.
- Бев­ме пр­ви­те Ита­ли­јан­ки што ста­на­ле дел од оваа пре­стиж­на про­гра­ма и бев­ме во мож­ност да по­диг­не­ме фон­до­ви за под­др­шка на на­ши­от ма­га­зин за де­ца „Тим­бу­кту“ – до­да­ва Фа­ви­ли.
По­че­то­кот не бил во­оп­што ед­но­ста­вен, па таа по­јас­ну­ва де­ка отка­ко се пре­се­ли­ле во Лос Ан­џе­лес, и по­крај тоа што мно­гу вре­ме по­ми­ну­ва­ле во раз­вој на „Тим­бу­кту“, таа мо­ра­ла да ра­бо­ти и ка­ко кон­сул­тан­тка, а Фран­че­ска пи­шу­ва­ла хо­рор-при­каз­ни во фор­ма на СМС за да мо­жат да ја пла­тат ки­ри­ја­та за ма­ли­от стан во кој жи­ве­е­ле.
- Пи­шу­вав­ме и не­де­лен њуз­ле­тер, во кој пр­вич­но ги те­сти­рав­ме при­каз­ни­те што по­на­та­му ќе се нај­дат во кни­га­та „При­каз­ни за до­бра ноќ за бун­тов­ни де­вој­чи­ња“ – рас­ка­жу­ва Еле­на.
Нив­на­та ком­па­ни­ја, „Тим­бу­кту лабс“ го има­ше соз­да­де­но пр­ви­от ај­пад-ма­га­зин за де­ца, „Тим­бу­кту ма­га­зин“, до­де­ка пр­ва­та кни­га е пре­ве­де­на на по­ве­ќе од 45 ја­зи­ци во 70 зем­ји низ све­тот. Свет­ски­те ме­ди­у­ми разг­ла­су­ваа де­ка со ова го по­трес­ле све­тот на из­да­ваш­тво­то и де­ка поч­на­ле ре­во­лу­ци­ја. Тие, пак, ве­лат де­ка, ед­но­став­но, на­пра­ви­ле не­што со­се­ма по­и­на­кво и де­ка про­дол­жу­ва­ат со пи­о­нерс­тво и со ино­ва­тив­ност.
- Ка­ко ди­ги­тале­н сопс­тве­н производ, ние сме сме­ли, бр­зи и бор­бе­ни. На овој на­чин и ќе про­дол­жи­ме да ја на­ру­шу­ва­ме ме­ди­ум­ска­та ин­ду­стри­ја. На­ши­от ино­ва­ти­вен и свеж при­стап кон из­да­ваш­тво­то ќе нè др­жат по­на­пред од си­те дру­ги и ни го отво­ра па­тот кон тоа да ги про­ме­ни­ме при­каз­ни­те што им ги рас­ка­жу­ва­ме на на­ши­те де­ца – ве­ли Фран­че­ска.
Ги над­му­дри­ја кор­по­ра­ци­и­те и ме­сто да го пред­ло­жат сво­јот про­ект кај го­ле­ми из­да­ва­чи (кои би си го уре­ду­ва­ле про­из­во­дот „по нив­но“ и би зе­ле го­лем дел од про­фи­тот), две­те же­ни ре­ши­ја да обез­бе­дат па­ри пре­ку кра­уд­фан­динг.
- Од по­че­то­кот ја при­фа­тив­ме и ја пот­тик­ну­вав­ме су­ро­ва­та и не­за­мен­ли­ва енер­ги­ја на де­вој­ки­те од це­ли­от свет, кои при­до­не­су­ваа кон на­ши­те про­из­во­ди. Са­кав­ме да из­гра­ди­ме не­што што е во­де­но од за­ед­ни­ца­та, да рас­ка­же­ме при­каз­ни што ќе му овоз­мо­жат на се­кое ма­ло де­вој­че да се ви­ди се­бе­си. Ве­ру­ва­ме де­ка ма­ли­те де­вој­чи­ња со го­ле­ми со­ни­шта ста­ну­ва­ат же­ни со го­ле­ми ви­зии и де­ка тоа е нај­моќ­ни­от мо­тор што го има­ме и кој мо­же да го про­ме­ни све­тот. Тоа мо­же­ме да го по­стиг­не­ме са­мо ако ра­бо­ти­ме со нив на се­кој че­кор во на­со­ка на гра­де­ње­то не­што за­ед­нич­ко и го­ле­мо. Та­ка, кра­уд­фан­дин­гот бе­ше ед­но­став­но не­што за што не се мис­лев­ме мно­гу и бе­ше очиг­лед­но ре­ше­ние. Под­др­шка­та што ја до­бив­ме бе­ше огром­на за­тоа што не ра­бо­тев­ме во ва­ку­ум-пер­и­од. На­ши­те под­др­жу­ва­чи беа и сè уште про­дол­жу­ва­ат да би­дат ов­де во се­кој че­кор од оваа про­ме­на – об­јас­ну­ва Фа­ви­ли.
Ка­ко нај­нов про­из­вод се­га тие го има­ат и „Јас сум бун­тов­но де­вој­че“, еден вид днев­ник што им по­ма­га на де­вој­чи­ња­та да го тре­ни­ра­ат сво­јот бун­тов­нич­ки дух, да ги при­фа­тат сопс­тве­ни­те по­тен­ци­ја­ли со ра­дост и ре­ши­тел­ност и да ста­нат аген­ти на про­ме­на.
- Са­кав­ме да соз­да­де­ме ала­тка што ќе им овоз­мо­жи да де­вој­чи­ња­та во се­бе да про­нај­дат ка­ра­кте­ри­сти­ки на кои се вос­хи­ту­ва­ат кај дру­ги же­ни, кои се оп­фа­те­ни во кни­ги­те. Ве­ру­ва­ме де­ка го на­пра­вив­ме тоа – ве­ли Фран­че­ска.
- „Јас сум бун­тов­но де­вој­че“ ѝ овоз­мо­жу­ва на но­ва­та ге­не­ра­ци­ја „бун­тов­нич­ки“ да соз­да­дат со­од­вет­ни ак­ци­ски пла­но­ви, кои ќе про­дол­жат да го дви­жат све­тот на­пред. Ап­со­лут­но би го на­пра­ви­ле се­то ова по­втор­но, ако ни се да­де шан­са. По­врат­на­та енер­ги­ја што го до­би­ва­ме од на­ша­та пуб­ли­ка до­ка­жу­ва де­ка овие при­каз­ни мо­раа да би­дат рас­ка­жа­ни, де­ка на де­вој­чи­ња­та им беа по­треб­ни хе­рој­ки од ре­ал­ни­от жи­вот – об­јас­ну­ва Еле­на.
Ос­но­вач­ки­те на „Тим­бу­кту лабс“ ве­лат де­ка нив­на­та ино­ва­тив­на ком­па­ни­ја по­стои за да инс­пи­ри­ра це­ла ге­не­ра­ци­ја.
- На­ши­от про­из­вод кон­стант­но се раз­ви­ва во на­со­ка на за­до­во­лу­ва­ње на по­ба­ру­ва­ња­та на на­ша­та за­ед­ни­ца, без раз­ли­ка да­ли се тоа спе­ци­фич­ни игри во про­сто­рот во раз­лич­ни ме­ста или ре­во­лу­ци­о­нер­на кни­га за си­те во­зра­сти – ве­ли Фран­че­ска.