Коп­не­ат по сред­ба со ро­ди­те­ли­те и со род­ни­ни­те

Коп­не­ат по сред­ба со ро­ди­те­ли­те и со род­ни­ни­те

И две­те ужи­ва­ат во про­даж­ба­та на улич­но­то спи­са­ние. Ми­на­та­та го­ди­на ја оце­ну­ва­ат ка­ко мош­не ус­пеш­на. „Уба­ви­на“, ве­лат две­те исто­вре­ме­но. И про­це­на­та им е на ме­сто. Тие се нај­по­сто­ја­ни­те про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“ за 2015 го­ди­на од ре­до­ви­те на Цен­та­рот за по­мош на ли­ца со мен­та­лен хен­ди­кеп, „По­ра­ка – Не­го­ти­но“ од Вол­ко­во ка­де што се згри­же­ни ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни

Ве­дри и се­ко­гаш под­го­тве­ни за ра­бо­та. Ве­лат де­ка не са­ка­ат вре­ме­то да им по­ми­ну­ва без не­ко­ја об­вр­ска. Са­мо ко­га се за­фа­те­ни – се среќ­ни.
И им ве­ру­вам. Тоа го по­ка­жу­ва­ат и нив­ни­те нас­ме­а­ни ли­ца се­ко­гаш ко­га ќе дој­дат во ре­дак­ци­ја по но­ви бро­е­ви на „Ли­це в ли­це“.
Ана­бе­ла и Пе­пи се нај­по­сто­ја­ни­от тан­дем за ра­бо­та од ре­до­ви­те на Цен­та­рот за по­мош на ли­ца со мен­та­лен хен­ди­кеп, „По­ра­ка – Не­го­ти­но“ од Вол­ко­во.
„Мно­гу сум среќ­на“, бе­ше приз­на­ни­е­то што Ана­бе­ла ми го ка­жа на пр­ва­та сред­ба во но­ва­ва 2016 го­ди­на.
– Ми се пад­на па­рич­ка­та во леп­че и мно­гу сум ра­дос­на. Мо­ја­та жел­ба за оваа го­ди­на е да си ги нај­дам ро­ди­те­ли­те. Мно­гу са­кам да ги ви­дам. Та­тко ми са­мо ед­наш сум го ви­де­ла, ко­га ме по­ба­ра во Де­мир Хи­сар. Не знам кол­ку го­ди­ни имав, ама би са­ка­ла ро­ди­те­ли­те пак да дој­дат. Да ме по­ба­ра­ат. Са­кам да жи­ве­ам за­ед­но со нив – ве­ли Ана­бе­ла.
Слич­на жел­ба има и Пер­јан, за при­ја­те­ли­те – Пе­пи, ко­ја не крие де­ка 2016 го­ди­на са­ка да би­де го­ди­на ко­га по­че­сто ќе се гле­да со неј­зи­ни­те бли­ски.
– Са­кам да се ви­дам со бра­ту­че­тка ми, те­тка ми, со зет ми, со це­ла­та фа­ми­ли­ја… Дел од нив се во Гер­ма­ни­ја, а не­кои и во Бел­ги­ја. Би са­ка­ла да ме зе­мат та­му и да жи­ве­ам со нив. Не­мам те­ле­фон и не сум ги слуш­на­ла пер­и­о­дов – об­јас­ну­ва Пе­пи.

На „те­рен“ се­кој ден од 10 до 14 ча­сот
Но­ва­ва го­ди­на, ве­лат, им поч­на­ла мно­гу ве­се­ло. Прос­ла­ва­та во Цен­та­рот за по­мош на ли­ца со мен­та­лен хен­ди­кеп, „По­ра­ка – Не­го­ти­но“ од Вол­ко­во би­ла со си­те ни­ша­ни. Уба­ва му­зи­ка, пе­е­ње, вкус­ни сар­мич­ки и бом­бич­ки.
– Ја прос­ла­вив­ме среќ­но. Сè ни бе­ше под­го­тве­но, ве­лат две­те де­вој­ки, кои во Вол­ко­во жи­ве­ат во за­ед­ни­ца со Пе­три­ца, Жа­ки, Бо­жа­на и со Пе­тка во ед­на од ку­ќи­те на Цен­та­рот.
Ве­лат, ва­кви­от тип жи­ве­е­ње им е мно­гу по­до­бар од ин­сти­ту­ци­о­нал­но­то, и де­ка ту­ка има­ат мно­гу по­ве­ќе друж­би, при­ја­телс­тва, актив­но­сти…
Ед­на од нив е и про­даж­ба­та на „Ли­це в ли­це“. Нив­на нај­че­ста ло­ка­ци­ја е тр­гов­ски­от цен­тар „Би­сер“, но че­сто мо­же да е срет­нат и на пло­шта­дот „Ма­ке­до­ни­ја“. На „те­рен“ се ре­чи­си се­кој ден, во тер­ми­ни­те од 10 до 14 ча­сот. Не­де­ла, пак, им е ден за од­мор.
И две­те ужи­ва­ат во друж­ба­та со на­ше­то улич­но спи­са­ние. Ми­на­та­та го­ди­на си ја оце­ну­ва­ат ка­ко мош­не ус­пеш­на. „Уба­ви­на“, ве­лат две­те исто­вре­ме­но.
И про­це­на­та им е на ме­сто. Тие ва­жеа за ед­ни од нај­по­сто­ја­ни­те про­да­ва­чи на „Ли­це в ли­це“.
– Среќ­на сум до­де­ка про­да­вам. Имам об­вр­ска, имам и па­ри. Нај­че­сто ги тро­шам на мо­мент­ни по­тре­би. Еве, пос­лед­но си ку­пив чо­рап­чи­ња, пред тоа син­џир­че, обе­тки… Са­кам да мо­жам да си ку­пам и лап­топ, ама мно­гу е скап – ве­ли Ана­бе­ла.
Пе­пи, пак, об­јас­ну­ва де­ка за­ште­да­та од про­даж­ба­та на „Ли­це в ли­це“ ја чу­ва за ку­пу­ва­ње мо­би­лен те­ле­фон.
– Та­ка ќе мо­жам по­че­сто да се слу­шам со род­ни­ни­те – ве­ли таа.

Ја­де­ме са­ла­ти од сопс­тве­на­та гра­ди­на
Ана­бе­ла и Пе­пи не од­мо­ра­ат, ду­ри и ко­га не про­да­ва­ат „Ли­це в ли­це“. То­гаш се за­фа­те­ни со об­вр­ски во за­ед­нич­ки­от дом. Чи­стат, ми­јат чи­нии, учес­тву­ва­ат во под­го­то­вка на за­ед­нич­ки­те обро­ци, а ко­га е се­зо­на – ве­шти се и во одр­жу­ва­ње­то на гра­ди­на­та што ја има­ат, ка­де што се гри­жат за овош­је­то и за зе­лен­чу­кот што ги кон­су­ми­ра­ат.
– Ко­га мо­же­ме, са­ди­ме, ко­па­ме… Тие об­вр­ски во гра­ди­на­та ни се по­че­сти од про­лет, а во ле­то ужи­ва­ме во са­ла­ти­те и во овош­је­то. Од овош­је најм­но­гу са­кам да ја­дам ја­пон­ски ја­бол­ка – спо­де­лу­ва Пе­пи.
Ана­бе­ла, пак, по­крај до­маш­ни­те об­вр­ски, ве­ли де­ка со за­до­волс­тво сло­бод­но­то вре­ме, по­крај за „Фејс­бук“ и за слу­ша­ње му­зи­ка, го ко­ри­сти и за оде­ње во игра­ор­на.
– Обо­жа­вам да играм и да пе­ам. Тоа еп­тен ме ра­ду­ва. Сум учес­тву­ва­ла и во прет­ста­ви…, еве пос­ле­ден пат играв вој­ник, за­ед­но со Гор­де (исто та­ка, про­да­вач­ка на „Ли­це в ли­це“), ама, се­пак, пе­е­ње­то го са­кам по­ве­ќе од глу­ме­ње­то. Не­ка­ко, мис­лам де­ка по­ве­ќе ме би­ва за тоа – ве­ли Ана­бе­ла, во чи­и­што ква­ли­тет­ни пе­јач­ки спо­соб­но­сти сме се уве­ри­ле на не­кол­ку па­ти.
Неј­зи­на жел­ба е, ме­ѓу дру­го­то, ко­га по­стои мож­ност – да па­ту­ва. Ми­на­та­та го­ди­на таа бе­ше на се­ми­нар во Тур­ци­ја, а во го­ди­ни­те пред неа би са­ка­ла да ги по­се­ти и Анг­ли­ја и Ав­стра­ли­ја.
– Ла­ни бев во Истан­бул, и гра­дот мно­гу ми се до­пад­на. Би са­ка­ла да одам и во Лон­дон и во Мел­бурн, кај лу­ѓе­то од згри­жу­вач­ко­то се­мејс­тво ка­де што пре­сто­ју­вав – ве­ли Ана­бе­ла.
Пе­пи, пак, во сло­бод­но­то вре­ме по­ве­ќе са­ка да гле­да прет­ста­ви во те­а­тар, но и те­ле­ви­зи­ја.
– Не са­кам фил­мо­ви со на­силс­тво. Са­кам да гле­дам се­рии, да одам во парк, на прет­ста­ви, на из­лож­би… Не са­кам ко­га е здо­дев­но. Уба­во ми е ко­га по­сто­ја­но не­што пра­вам. При­мер, ка­ко ко­га пра­вев­ме не­ка­кви рач­ни изра­бо­тки. Би­ло да е на­кит или не­што со ши­е­ње. Са­кам и ко­га вре­ме­то го по­ми­ну­вам со се­стра ми, ко­ја не­о­дам­на има­ше здрав­стве­ни проб­ле­ми. За сре­ќа, се­га е по­до­бра – ве­ли Пе­пи.

Ка­ко што го поч­нав­ме му­а­бе­тот, та­ка и го за­вр­шу­ва­ме. Со уба­ви ве­сти.
– Утре ми е ро­ден­ден. Пла­нот ми е да по­ка­нам мно­гу лу­ѓе. При­ја­те­ли­те од за­ед­ни­ца­та се по­драз­би­ра­ат. Са­кам да има мно­гу го­сти, да има тор­та и да се пее. Дру­го – ни­што не е важ­но – ве­ли Ана­бе­ла.