И до­де­ка си­те истра­жу­ва­ња ука­жу­ва­ат на фа­ктот де­ка мла­ди­те од Ма­ке­до­ни­ја са­ка­ат да ку­пат би­лет за во еден пра­вец за Евро­па и низ све­тот, или, пак, до­ма, са­ка­ат да ра­бо­тат са­мо во ад­ми­ни­стра­ци­ја, Фро­си­на, Ол­ги­ца, Пе­тар и Ми­ше има­ат еден по­и­на­ков став кон си­стем­ски­те ано­ма­лии, кон ко­ле­ктив­на­та или ин­ди­ви­ду­ал­на па­сив­ност, кон гра­ѓан­ска­та про­а­ктив­ност, кон прет­при­е­маш­тво­то. По­зи­ци­о­ни­ра­ни на кр­стос­ни­ца: да се бе­га или дејс­тву­ва, го од­би­ра­ат вто­ро­то. Хо­сте­лот „Лајт­ха­ус“, кој го во­дат тим­ски, е ре­зул­тат на нив­на­та љу­бов кон па­ту­ва­ње­то, кон лу­ѓе­то, кон при­каз­ни­те. Ста­ну­ва збор за мо­дер­но „скоц­кан“ про­стор, кој ги пле­ни и око­то и ду­хот


Everything was absolutely perfect! The staff is very friendly, they offer you a map with tips about changing the money, what to visit, where to eat etc. Even the other guests were somehow different from the guests in other hostels - they are very friendly and smart. Oh, and one more thing: this is the cleanest hostel I have ever been to.

Ова е са­мо ед­на од пре­по­ра­ки­те што ќе ги нај­де­те на „Бу­кинг“ до­кол­ку про­ве­ри­те мож­но­сти за хо­стел­ски пре­стој во Скоп­је, а се од­не­су­ва на „Лајт­ха­ус хо­стел“ (Lighthouse hostel).

Че­тво­ри­ца мла­ди лу­ѓе, кре­а­тив­ни и про­а­ктив­ни, ре­ши­ја да се со­о­чат со мно­гу­број­ни пре­диз­ви­ци исто­вре­ме­но, ка­кви што во­о­би­ча­е­но но­си поч­ну­ва­ње­то со ра­бо­та на хо­стел­ски комп­лекс.
Иде­ја­та по­сто­е­ла одам­на, а свет­ли­на­та на де­нот „Лајт­ха­ус хо­стел“ ја ви­де од мај го­ди­на­ва. От­то­гаш, пак, ре­тко се слу­чу­ва со­стој­ба на праз­ни одаи.
Пре­по­ра­ки­те си го пра­ват сво­е­то. И со пра­во. 



„Лајт­ха­ус“ е љу­бов кон па­ту­ва­ње­то, лу­ѓе­то, при­каз­ни­те
И до­де­ка си­те истра­жу­ва­ња ука­жу­ва­ат на фа­ктот де­ка мла­ди­те од Ма­ке­до­ни­ја са­ка­ат да ку­пат би­лет за во еден пра­вец за Евро­па и низ све­тот, или, пак, до­ма, са­ка­ат да ра­бо­тат са­мо во ад­ми­ни­стра­ци­ја, Фро­си­на, Ол­ги­ца, Пе­тар и Ми­ше има­ат еден по­и­на­ков став кон си­стем­ски­те ано­ма­лии, кон ко­ле­ктив­на­та или ин­ди­ви­ду­ал­на па­сив­ност, кон гра­ѓан­ска­та про­а­ктив­ност, кон прет­при­е­маш­тво­то.
По­зи­ци­о­ни­ра­ни на кр­стос­ни­ца: да се бе­га или дејс­тву­ва, го од­би­ра­ат вто­ро­то.
Ни­ту са­ка­ат да че­ка­ат „чу­да“, ни­ту, пак, сме­та­ат де­ка све­тот им дол­жи не­што, ни­ту, пак, не­кои од нив, мис­лат де­ка пре­во­дот мо­же да би­де по­пра­вил­ни­от из­бор или по­исп­лат­ли­во­то ре­ше­ние за ег­зи­стен­ци­ја.
Хо­сте­лот „Лајт­ха­ус“ е ре­зул­тат на нив­на­та љу­бов кон па­ту­ва­ње­то, кон лу­ѓе­то, кон при­каз­ни­те. Ста­ну­ва збор за мо­дер­но „скоц­кан“ про­стор, кој ги пле­ни и око­то и ду­хот.

- Ед­на го­ди­на по ли­сто­ви и по те­тра­тки чкр­тав­ме идеи и пла­но­ви, ре­ше­ни де­ка мо­ра да се пра­ви не­што, мо­ра да се сме­ни не­што. Ско­ка­ње­то од ед­но на дру­го ра­бот­но ме­сто, за иста­та про­сеч­на пла­та, не да­ва ни­ка­ква сло­бод­на перс­пе­кти­ва. Сфа­тив­ме де­ка единс­твен на­чин да се ку­пи сло­бо­да­та е ако чо­век ра­бо­ти за се­бе. „Лајт­ха­ус“ е од­го­вор на тие ча­со­ви по­ми­на­ти на ма­са низ раз­го­вор... Мно­гу мла­ди лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја има­ат су­пер идеи. За жал, са­мо дел од нив има­ат мож­ност или хра­брост да ги пу­штат во ак­ци­ја – ве­лат тие.

Има­ле и скеп­тич­ни пог­ле­ди, со клац­ка­ње на гла­ва­та во сти­лот „ќе ви би­де  те­шко“, до­би­ле и за­гри­же­ни ко­мен­та­ри де­ка е на­пор­но да се функ­ци­о­ни­ра ка­ко че­твор­ка во ва­ков кон­текст, но ре­ши­ле да се оби­дат да ги рас­то­пат ва­кви­те не­ве­ру­ва­ња.

- Се­га-за­се­га, со по не­ко­ја ми­ни-ка­ра­ни­ца, си те­ра­ме су­пер. Си­те сме раз­лич­ни, ама тоа е уба­во. За раз­лич­ни ра­бо­ти сме убе­де­ни де­ка се нај­бит­ни, та­ка што че­ти­ри не­шта во се­кое вре­ме се во пре­ден план и се бес­пре­кор­ни. И ко­мен­та­ри­те што ги до­би­ва­ме од на­ши­те го­сти упор­но го по­твр­ду­ва­ат тоа – наг­ла­су­ва­ат на­ши­те со­го­вор­ни­ци.

По обра­зо­ва­ние се трој­ца кни­жев­ни­ци и еден зем­јо­де­лец. Но, си­те има­ат за­мис­ла се­којд­не­ви­е­то да не им се све­ду­ва на ед­но фикс­но ра­бот­но би­ро.

- Да, и ту­ка комп­ју­те­рот е на иста­та ма­са се­кој ден, но лу­ѓе­то се раз­лич­ни, а при­каз­ни­те ре­тко се по­вто­ру­ва­ат. Пред­но­ста на оваа ра­бо­та е кон­стант­на­та про­ме­на. Мо­же да се ре­че де­ка е па­ту­ва­ње од вто­ра ра­ка… - ми до­ло­ву­ва­ат  Фро­си­на, Ол­ги­ца, Пе­тар и Ми­ше.


Се за­фа­тив­ме со „оз­бо­ру­вач­ки“ биз­нис
Ги пра­шу­вам, зо­што, на при­мер, Јо­ха­нес од Гер­ма­ни­ја, би би­ло уба­во да ре­ши да пре­сто­ју­ва во овој хо­стел на скоп­ски­от кеј? Кои се ком­по­нен­ти­те што го пра­ват по­и­на­ков од дру­ги­те?
За­што го чу­ва­ме ка­ко кап­ка, ми ве­лат. Но, и не са­мо по­ра­ди тоа, до­да­ва­ат со ши­ро­ки нас­ме­вки.
-Па, Јо­ха­нес ќе нѐ од­бе­ре за­тоа што ќе до­бие це­лос­но ужи­ва­ње, ќе до­бие и не­ко­ја ча­шка до­маш­на, ж’та ка­ва­да­реч­ка, до­бро дру­же­ње, еден куп пре­по­ра­ки, и че­тво­ри­ца лу­ѓе што се под­го­тве­ни да му се нај­дат со сè што мо­жат. Си­те ту­ка сме до­ма, a ка­де по­до­бро мо­жеш да пре­че­каш го­стин, ако не во сво­јот дом. Мис­лам де­ка тоа е глав­на­та раз­ли­ка. Ве­ро­јат­но нај­го­ле­ма­та пред­ност е тоа што ни­кој од нас не е пла­тен да би­де ту­ка (не е вра­бо­тен). Си­те сме ту­ка по сво­ја вол­ја и жел­ба. Ни­кој не че­ка да дој­де крај на сме­на за да си оди до­ма и да се мав­не од ту­ка. На­про­тив. Ре­чи­си се­ко­гаш оста­ну­ва­ме мно­гу по­дол­го или до­а­ѓа­ме по­ра­но – ми ве­лат од инс­пи­ра­тив­на­та че­твор­ка.

Че­сто ме­ѓу се­бе се ше­гу­ва­ат де­ка „биз­ни­сот“ со кој се за­фа­ти­ле е „оз­бо­ру­вач­ки“, за­тоа што „бек­пе­ке­ри­те“ (или во ни­вен обид за пре­вод: ра­нец­чии) се сре­ќа­ва­ат по раз­но­раз­ни хо­сте­ли низ све­тов и збо­ру­ва­ат за прет­ход­ни­те искус­тва во дру­ги зем­ји.
Тоа, ве­лат, всуш­ност, им е и пот­тик да се тру­дат по­ве­ќе да го раз­ви­јат на­ши­от ту­ри­зам. Се оби­ду­ва­ат го­сти­те да си по­ми­нат што по­у­ба­во, да им откри­јат што е мож­но по­ве­ќе за ова, во се­ри­оз­на ту­ри­стич­ка смис­ла, не­о­ткри­е­но кат­че зем­ја.

- Има­ме мно­гу искрен од­нос со на­ши­те го­сти. Им ка­жу­ва­ме ре­ал­но што сме­та­ме де­ка вре­ди да се ви­ди за вре­ме на нив­ни­от пре­стој. Им об­јас­ну­ва­ме кол­ку, всуш­ност, пре­у­ба­ви ме­ста се изо­ста­ве­ни од стан­дард­ни­те ту­ри­стич­ки во­ди­чи.  Им ја „про­да­ва­ме“ на­ша­ва зем­ја, а бо­га­ми не ги изо­ста­ва­ме и со­сед­ни­те, ве­лат но­си­те­ли­те на „Лајт­ха­ус“.

Гра­ди­на со до­ма­ти, ти­квич­ки, ру­ко­ла и бо­си­лек
Се ин­те­ре­си­рам и ко­ја е еко­ди­мен­зи­ја­та на „Лајт­ха­ус“. Пра­шу­вам да­ли вни­ма­ва­ат на прин­ци­пи­те на одрж­ли­во жи­ве­е­ње и на за­шти­та на жи­вот­на­та сре­ди­на... И не сум из­не­на­де­на од нив­ни­от став.

- Пра­ви­ме кол­ку што мо­же­ме, се тру­ди­ме да де­ли­ме пла­сти­ка и да им ја да­ва­ме на со­би­ра­чи­те, со на­деж де­ка, на­ви­сти­на, се но­си не­ка­де да се ре­цик­ли­ра. Се тру­ди­ме да не ко­ри­сти­ме ра­бо­ти за кои зна­е­ме де­ка се штет­ни. Се гре­е­ме на стру­ја. Има­ме ма­ла гра­ди­на во дво­рот во ко­ја одг­ле­ду­ва­ме до­ма­ти, ти­квич­ки, ру­ко­ла и бо­си­лек – на­бро­ју­ва ти­мот.

Но, одр­жу­ва­ње­то и во­де­ње­то хо­стел, се сог­ла­су­ва­ме, е и мно­гу по­ве­ќе од тоа. Од вна­треш­но уре­ду­ва­ње, кон­цепт на ра­бо­та, ори­ги­нал­на по­ну­да, при­мен­ли­ви искус­тва од стра­на... По­тре­ба од со­јуз­ни­ци и исто­мис­ле­ни­ци во иде­ја­та, па и да се мал­ку на број.

- Ние сме стан­дард­ни де­ца на бал­кан­ски ро­ди­те­ли, мал­ку раз­ма­зе­ни, мал­ку „ма­ма, се пер­е ли ма­и­ца­ва на 60?“ та­ка што, без на­ши­те, којз­нае кол­ку по­бав­но и по­те­шко ќе оде­ше сè. Тие ни по­мог­наа најм­но­гу, не са­мо фи­нан­си­ски, ту­ку и со ра­бо­та, со со­ве­ти, со лек­ции за тоа ка­ко функ­ци­о­ни­ра­ат не­шта­та. И, се раз­би­ра, дру­га­ри­те ни по­мог­наа мно­гу, за сре­ду­ва­ње, кре­ва­ње, рас­кре­ва­ње, за сè и се­што. Ту­ка мо­ра по­себ­но да ги споме­не­ме и дру­га­ри­те од пре­крас­ни­от ком­ши­ски хо­стел „Шан­ти“. Од го­ле­ма по­мош бе­ше и тоа што трој­ца од нас се со мно­гу го­лем „ба­гаж“ во ра­бо­та во хо­сте­ли, па мно­гу не­шта ве­ќе ги зна­ев­ме – рас­ка­жу­ва­ат тие.
За крај, ве­лат, па­ме­тат мно­гу уба­ви случ­ки од про­це­сот на ра­ѓа­ње­то на „Лајт­ха­ус“, но, ка­ко нај­за­па­ме­те­ни, „де­фи­ни­тив­но ќе им оста­нат искус­тва­та со мај­сто­ри од се­ка­ков ков“. 


На­ши­те го­сти се љу­бо­пит­ни пат­ни­ци

Скоп­је има ме­ста за вос­хит, кои со за­до­волс­тво мо­же да се пре­по­ра­ча­ат, но и ме­ста што тре­ба да се пре­мол­чат, ба­рем во пре­по­ра­ка­та за ше­та­ње.
Ги пра­шу­вам че­тво­ри­ца­та ен­ту­зи­ја­сти ка­ко ги прет­ста­ву­ва­ат не­кои од на­ши­те ур­ба­ни, ар­хи­те­ктон­ски, кул­тур­ни (и кул­ту­ро­ло­шки) ми­ну­си...
- Ја пре­по­ра­чу­ва­ме чар­ши­ја­та ка­ко на­ше нај­а­втен­тич­но ме­сто, со пре­крас­ни­те ста­ри скоп­ски за­на­ет­чии, но и ка­ко ме­сто за из­ле­гу­ва­ње („Ме­на­да“, „Ла ка­ња“, „Ка­пан-ан“), по­тоа Де­бар ма­а­ло, пла­то­то пред МСУ, МКЦ, на­ста­ни­те што се слу­чу­ва­ат на­о­ко­лу, бесп­лат­ни ше­тач­ки ту­ри што ги ор­га­ни­зи­ра­ат пре­крас­ни мла­ди ту­ри­стич­ки во­ди­чи. Што се од­не­су­ва, пак, за ар­хи­те­ктон­ски­те утки, на ѓу­бре­то што па­ту­ва низ Вар­дар, чи­ја­што пуб­ли­ка сме во прв ред, и на ѓу­бре­то по ули­ци­те, на не­на­пра­ве­ни­те ули­ци во Ма­џир ма­а­ло, на за­га­ду­ва­ње­то, на без­дом­ни­ци­те, на на­ши­от град пре­тво­рен во гра­ди­ли­ште, на се­чии огром­ни гра­деж­ни фир­ми и на вкуп­на­та ур­ба­на га­до­ти­ја што ни зјае зад ка­пи­ја­та во уба­во­то двор­че, за жал, ни­што не мо­же­ме да пре­кри­е­ме. За­што на­ши­те го­сти се во го­лем број љу­бо­пит­ни пат­ни­ци што очи­те и умот си ги ко­ри­стат за на­ви­сти­на да гле­да­ат. Иа­ко, мо­рам да приз­на­ам де­ка на си­те ни е ве­ќе мал­ку пре­ку гла­ва да об­јас­ну­ва­ме зо­што е тоа та­ка, ка­ко и што се су­ди­ри­те ме­ѓу на­ша­та зем­ја и Гр­ци­ја, и Бу­га­ри­ја, и Ср­би­ја, и Ал­ба­ни­ја, итн... – од­го­ва­ра­ат на­ши­те прет­при­е­ма­чи.


Жич­ни­ца од „Лајт­ха­ус“ до МКЦ

Впе­ча­то­кот што го до­би­вам од ли­де­ри­те на „Лајт­ха­ус“ е де­ка се пол­ни со идеи и со пла­но­ви, ка­ко ова нив­но ме­сто да го на­пра­ват уште по­свет­ло, по­вид­ли­во, по­при­ја­тел­ски на­стро­е­но, по­ус­пеш­но, по­ба­ра­но...
- Ид­ни­те пла­но­ви ни се астро­ном­ски. Од кре­ве­ти што са­ми си ме­ну­ва­ат по­стел­ни­на и со­би што са­ми се чи­стат, па сѐ до жич­ни­ца од „Лајт­ха­ус“ до МКЦ (се сме­ат). Но, ќе поч­не­ме од не­што по­ма­ло. Во бли­ска ид­ни­на ќе мон­ти­ра­ме и отво­ри­ме бар во са­ми­от двор на хо­сте­лот. Ту­ка и ле­те и зи­ма на­ши­те го­сти и при­ја­те­ли ќе мо­жат да се дру­жат со пи­јач­ка в ра­ка. Во мо­мен­тов, нај­ва­жен иден план ни е да по­ба­ра­ме по­мош за чи­сте­ње, ме­ну­ва­ње по­стел­ни­ни и слич­но и, ве­ро­јат­но, за др­же­ње сме­ни на ре­цеп­ци­ја. И, би са­ка­ле, не­ка­ко, во се­то тоа, да оста­не­ме фер и со ова дру­гар­ско-анар­хи­стич­ко рам­но­прав­но уре­ду­ва­ње во на­ша­ва ма­ла за­ед­ни­ца, а при­тоа да не про­пад­не­ме, да не ста­не­ме ци­ни­ци, и да не се свр­ти­ме кон оп­што­поз­на­ти­те лес­но­тии за експ­ло­а­ти­ра­ње, што се чи­нат не­из­беж­ни во на­ши­ве фир­ми. Раз­мис­лу­ва­ме и за во­лон­те­ри, што е мош­не че­ста пра­кти­ка во хо­сте­ли­те низ све­тот, иа­ко ни се гле­да мал­ку комп­ли­ку­ва­но тоа пра­ша­ње, та­ка што сè уште не зна­е­ме. Дру­ги­те пла­но­ви за­се­га се од­не­су­ва­ат на до­у­ре­ду­ва­ње и на до­сре­ду­ва­ње на ку­ќа­та, на  до­ма­ќин­ски ра­бо­ти – искре­но спо­де­лу­ва­ат че­тво­ри­ца­та ино­ва­тив­ни, за­бав­ни и вред­ни при­ја­те­ли.