за програмата лице в лице сенс

 
 
 
 
 
Ја стартувавме новата програма именувана „Лице в лице СЕНС“, која, во духот на принципите и вредностите на досегашните залагања на нашата платформа за активизам и улично списание „Лице в лице“, има за цел да даде свој придонес и печат во градењето подобро и поправедно општество. Нашите верувања за продуцирање позитивни општествени промени, силно се темелат на тезите дека ефектите и резултатите за заедницата се поголеми, само кога се направени заедно, синергиски, со останатите општествени актери. Тука, секако, сметаме и на општествено одговорните бизниси, чија силна страна е токму сензибилизираноста за општествените недостатоци, но, и на нивната подготвеност и иновативност во изнаоѓањето солуции за нивно надминување.

Улогата, пак, на платформата „Лице в лице“, е директно да ги идентификува социјалните предизвици, да иницира одговори и решенија, но, и да препознава и создава партнери, истомисленици, со кои заедно ќе се чекори кон општество со еднакви можности за сите граѓани.  Прочитај повеќе
 
 
 
 
 

Вашиот импакт со купување на Лице в Лице СЕНС производите:

 
  • Станувате активен чинител во развојот на социјалната економија во земјава
  • Ги поддржувате инклузивните програминаменети за продавачите на "Лице в Лице" и за други ранливи сограѓан
  • Практикувате одржливи решенија: домашни производи од 100% рециклирана хартиja
  • Се вклучувате во движење за одговорна иднина

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Едиција: родителство

 
Дизајн: Зоран Инадески
Сет: Голем и мал нотес, 2 молива, 2 букмаркера, (спакувано во картонска кутија)

Голем нотес: „Прегратка“
Мал нотес: „Раскажи ми приказна“

Цена на сет: 910 денари
 
Сите производи од сетот може да се нарачаат и посебно. Кликни на посакуваниот производ и нарачај:
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Едиција: велосипедизам

 
 
 
Дизајн: Зоран Инадески
Сет: Голем и мал нотес, беџ, 2 молива (спакувано во картонска кутија)

Голем нотес: „Вртам, веслам, љубам“
Мал нотес: „Точакологија“
Беџ: „По друм возам, мајче, по друм шетам...“

Цена на сет: 910 денари
 
Сите производи од сетот може да се нарачаат и посебно. Кликни на посакуваниот производ и нарачај:
 
 
 
 
 
 
 
 

Едиција: уметност

 
Дизајн: Ване Костуранов
Сет: Голем и мал нотес, беџ, молив, букмаркер, (спакувано во картонска кутија)

Голем нотес: „Night shift“
Мал нотес: „Star girl“
Беџ: „Love on the moon“

Цена на сет: 910 денари
 
 
Сите производи од сетот може да се нарачаат и посебно. Кликни на посакуваниот производ и нарачај: