_____________________________

 


 



 

 

 

 

 

 

 

 

 

Законот за социјална заштита и дополнувањето на...

zakon-socijalna-zastita
По повод Светскиот ден на социјална правда, Македонската платформа против...

Добивањето матичен број кај ромските деца е сизифовска...

nrc-konferencija
Нивото на свест за препознавање и заштита од дискриминација сѐ уште е ниско....

„Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се...

medena-zemja-makedox-sad
По триумфот на годинашното издание на престижниот филмски фестивал „Санденс“...

Пратениците Морачанин и Ибраимоски рамо до рамо со...

vendor-week-i-pratenici-2019
Македонските пратеници, Маја Морачанин и Самка Ибраимоски, денеска, во знак на...

Македонскиот филм „Медена земја“ прогласен за најдобар...

medena-zemja-nagradi
  Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во...

Овации и долги аплуази од публиката - по премиерата на...

honeyland
Со овации, одушевување и долг аплауз, реагираше публиката по премиерата на...

Магија на сенките по шести пат со фестивалот „Сонот на...

2018-12-17-12-22-12
Со претставата „Кралот Жаба и други љубовни приказни“, денеска во 19.30 часот, ќе...

Ненадејно почина драматургот Горан...

goran-stefanovski-28-11-2018
Во местото Кентбери во Англија, на 66-годишна возраст почина познатиот македонски...

Јубилеј: 90 години Музеј „Д-р Никола Незлобински“ во...

muzej-struga
Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга од денеска до 30 ноември ќе го одбележи...

„Во моите чевли“ - за нови инклузивни решенија во...

vo-moite-cevli
Во Mултимедијалниот центар „Мала станица“, на 17 ноември, во 19 часот, ќе се отвори...

Стартува 17. издание на...

cinedays-17
Во кино „Фросина“ вечер од 21 часот ќе почне 17. Фестивал на европски филм...

Промоција на книгата „Хрониките на Арслан Новинарски”...

sopov
Во Младинскиот културен центар, во среда, во 20 часот, ќе се одржи промоција на...

Доаѓа Славенка Дракулиќ, авторката на првата...

slavenka-drakulic
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја најавува првата гостинка на годинашното,...

Следната година законски ќе биде дефинирано...

konferencija-ednoroditelski-semejstva
Дефинирање на еднородителското семејство се очекува следната година. Во 2019 ќе се...

Презентација на прва сеопфатна анализа за правата и...

analiza-edna-moze
Тркалезна маса на тема „Еднакви права и можности за самохраните мајки“, ќе биде...

Концерт за 30 години кариера на Тони Китановски за...

jazz-kitanovski
На последната фестивалска вечер од 37. Скопски  џез-фестивал, гитаристот  Тони...

Истражување на Новинари за човекови права: Во земјава...

upravuvanje-menstrulana-higiena
Организацијата „Новинари за човекови права“, (НЧП) денес ја лансираше кампањата „Да...

#Лицевлице број 32:...

lvl-32
Насловница на новиот, 32. број на #ЛицевлицеНасловницата е со препознатливиот дизајн...

Презентација на кампањата „Да ја искорениме...

kampanja-ncp
Новинари за човекови права денеска ќе ја започне кампањата „Да ја искорениме...

Конференција за деца со социјален ризик - на...

proekt-srekja-konferencija
Водени од императивот дека без среќни деца нема среќна иднина, денес, на 17...
Prev Next

„Лице в лице“, „Меѓаши“, граѓани и јавни личности во борба против булингот

Граѓаните на Скопје, заедно со продавачите на „Лице в лице“, во друштво на јавни личности, пријатели и поддржувачи, вчеравечер, му покажаа црвен картон на булингот, кој е носечка тема и на 31. издание на македонското улично списание.



Симболичните црвени картони укажуваа на фактот дека е неопходна заедничка битка на различни засегнати страни со цел 
справување со овој социјален феномен, кој во голема мера го менува секојдневието на младите, а многу често, остава и сериозни последици по нивното психолошко здравје. 
Настанот, кој се одржа под мотото „Препознај, реагирај. Црвен картон за булингот“, Платформата „Лице в лице“ го организираше во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“и со Иницијативата против булинг на група родители. 



Интенцијата е, заедн
ички, со цел да биде и повидливо - да се отвори прашањето за овој општествен проблем, за кој во јавноста тивко се зборува, а во училиштата, пак, недоволно се препознава.
Споделените искуства од Иницијативата на родители, институционалниот одговор на нив, отсуството на податоци во земјава во однос на меѓуврсничкото насилство, непрепознавањето на феноменот и последиците врз психолошкото здравје на децата и младинците врз кои што е вршен булинг беа повеќе од доволна причина најновиот број на „Лице в лице“ да биде посветен токму на оваа тема. 


- Овој број на „Лице в лице" го посветуваме на храбрите деца и младинци што поминале или поминуваат низ булинг, на родителите кои одлучуваат да зборуваат за да не се повторат несфатливо радикалните последици од овој речиси невидлив проблем. На нивно барање, ова издание во фокус го има меѓуврсничкото насилство  и остануваме заедно со нив и во секој следен број како совест што ќе бранува и ќе потсетува дека решението треба да го бараме и на институционално ниво, и кај наставниците, и кај родителите и во опкружувањето. И дека во настанати ситуации на булинг, подеднакво внимание и третман треба да се посветува и на жртвата и на оној што го врши булингот зашто акцијата е реакција на друг процес кој што треба да биде предмет на интерес на надлежните - нагласи Климентина Илијевски, извршен директор и главен и одговорен уредник на „Лице в лице“.

Од Првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“, потенцираат дека состојбата со врсничкото насилство е повеќе од алармантна. 

- Голем е процентот на деца кои се жртви на булинг, а прв чекор во борба против врсничкото насилство е да не затвараме очи пред него, тоа е присутно во сите средини, се јавува во различни форми и треба да го препознаваме и соодветно да реагираме. Во борбата потребни се здружени сили и соработка помеѓу сите инволвирани страни, а пред се соработка и отвореност во комуникацијата со децата и младите за да не се срамат да укажат ако се жртви и воедно да се охрабрат да реагираат доколку се сведоци на насилство - вели Ана Битољану, мировна работничка во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.



Од Иницијативата против булинг на група родители, пак, велат дека аламирањето постои, но, често институциите остануваат со игнорирачки однос кон ова прашање.
- Некогаш е незнаење, некогаш непрепознавање, но, системот не смее да потфрла на вакви важни прашања кои се однесуваат на нашите деца.  Одговорните мора да престанат да си ја префрлаат топката од еден на друг, и на крајот да нема никаво решение.
Апелираме да се разговара, и да ги воспитуваме децата уште од мали да ги почитуваат и тие што не се слични на нив, послабите, поинаквите. Загубени се детски животи на овие простори како резултат на меѓуврсничко насилство. Да застанеме решително во оваа борба сите заедно, сплотени како едно. Само така ќе успееме да им помогнеме на нашите деца, на нашата иднина - велат од Иницијативата против булинг.
Во пренесувањето на важните пораки за булингот, на вчерашниот настан на плоштадот „Македонија“, голема и значајна поддршка дадоа и пријателите и поддржувачи на Платформата „Лице в лице“ – бендот „Љубојна“, како и водителската четворка од Утринска на Телма, Цеце, Елена, Марко и Гоце.



Оваа активност беше дел и од Неделата на граѓански организации, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 19 до 23 јуни, 2018 година, низ Република Македонија.


„Лице в лице“ е социјално претпријатие за работната интеграција кое овозможува ресоцијализација на ранливите групи преку социјален контакт, почитување правила и стекнување навика за структуриран животен стил што им овозможува на ранливите лица подготовка за отворениот пазар на труд. Своите продавачи ги регрутира преку соработка со здруженија на граѓани чии корисници припаѓаат на различни маргинализирани групи.
Продавачи на списанието се маргинализирани лица - младинци  од улица над 16 годишна возраст, бездомници, лица со посебни потреби, приматели на социјална помош, поранешни корисници на дрога и алкохол, поранешни затвореници. Од секој продаден примерок (кој чини 100 денари), продавачите на списанието задржуваат 50 отсто од износот, а со останатата половина се гради систем за нивна поддршка и се печати  нов број на списанието.

 
20.06.2018

© Copyright licevlice.mk 2013. Сите права задржани.