за нас

 
„Лице в лице“ е активистичко списание, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи
на списанието кое што ги поттикнува компаниите на општествена одговорност, а преку темите што ги пласира се грижи за подобрата иднина на маргинализираните групи, како и за јавниот простор и животната средина, се претставници од најранливите слоеви во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) оди за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.

Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието.

Списанието излегува еднаш на два месеци, на 64 страници во боја. Содржината на магазинот, во најголем дел, ја создава тим на волонтери, како и поддржувачи на мисијата на списанието.

„Лице в лице“ е член и на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов.
 
 
 

Почетоци

 
Првиот број на Лице в лице во Македонија излезе на 15 септември 2012 година. Беше промовиран на Школка во скопскиот Градски парк. На настанот присуствуваа тие што застанаа зад списанието уште од првиот миг.
 
 
На промоцијата посетителите можеа да ја видат и изложбата на рачни изработки, оригами, накит од рециклиран материјал, и други предмети кои децата од Дневниот центар ги направија специјално за промоцијата на „Лице в лице“. Изложбата беше продажна, а собраните пари беа наменети токму за нив и за подобрување на условите на Центарот.
Гостин на промоцијата беше женското диџејско реге дуо Ели Раста Грл и Иренска, познати и како „Џам систаз“, кои беа меѓу првите јавни личности, покрај актерката Лабина Митевски и режисерот Дарко Митревски, Сергеј Андреевски и Дарко Панчев, кои дадоа силна поддршка за платформата „Лице в лице“.
На промоцијата на магазинот, Здружението за управување со пакување и со отпад од пакување „Пакомак“, кое е меѓу пријателите на „Лице в лице“ испрати и важни еко-пораки.
Им благодариме на сите тие што на кој било начин се придружуваат кон нашата иницијатива и кои помагаат оваа идеја да се шири и да добива нови поддржувачи.

Целата галерија од промотивниот настан за првиот број, ја има на следниов линк.
 
 
 

списание лице в лице

 
Лице в лице е непрофитно, независно улично списание, посветено на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост. Претставува пионерски чекор на полето на социјалното претприемаштво во Република Македонија и е единствено улично списание во земјата. Се залагаме за човековите права, за правата на загрозените и на магринализираните групи и поединци, за вредноста на модерното општество, за соработка и за поврзување, за здраво физичко и ментално опкружување, за одржлив развој, за мир, против насилство, расизам и омраза од секој вид.
- Купувајќи Лице в лице им помагате на многумина – повеќе луѓе ќе добијат можност да се тргнат од улицата, која засега им е единствената адреса.
- Читајќи Лице в лице си помагате себеси – на единствен и инспиративен начин ќе сознаете дека светот може да се гледа и со други очи и дека состојбите зависат од нас.

Ќе бидеме критични, но и позитивни!

Нè интересираат, пред сè, добрите дела, новите корисни идеи и ... Прочитај повеќе
 
 
 

мисија и визија

 
Лице в лице го поттикнува дијалогот, создава мрежи и преку заеднички акции ги поврзува активистите, цивилното општество, интелектуалците, уметниците, академската јавност, професионалците, граѓаните, претприемачите, институциите, сите тие на кои им значат промените, сите тие на кои им се важни другите - во насока на создавање здрава животна средина, одржлив развој, урамнотежен однос на општеството и на економијата, во насока на дестигматизација и на демаргинализација на групите, поединците, ставовите и на идеите...
Така, Лице в лице е оригинална платформа за активизам и за нови идеи на сите тие што не бегаат од стварноста, кои се загрижени за иднината и кои се подготвени да направат нешто денес.
Лице в лице е и многу практична и корисна алатка, која креативноста ја става во служба на општествени промени и притоа дава конкретни резултати, нуди решенија на планот на економската и општествена вклученост и засилување на најзагрозените категории жители. Прочитај повеќе
 
 
 

нашиот тим

 
 
 
Климентина Илијевски
 

 
klimentina@public.org.mk
Извршен директор и главен и одговорен уредник
 
 
 
 
Анета Ристеска
 

 
aneta@public.org.mk
Заменик главен и одговорен уредник
 
 
 
 
Маја Раванска
 

 
maja@public.org.mk
Уредничка
 
 
 
 
Ема Тодоровска
 

 
ema@public.org.mk
Координатор на продажба и работна интеграција на продавачи
 
 
 
Зоран Инадески
Графички уредник
 
Томислав Георгиев
Уредник на фотографија
 
Анета Василевска
Јазична редакција
 
 
 
 
 
 

начини на поддршка на лице в лице

 
Со годишна претплата обезбедете си го секое издание на „Лице в лице“ .
Осигурајте се дека сте дел од приказната на „Лице в лице“ и направете годишна претплата на единственото улично списание во земјава. Ќе го добивате „Лице в лице“ на ваша адреса, а во исто време ќе учествувате во создавање подобро општество со еднакви можности за сите.

Шест броеви: 600 денари + 60 денари за ПТТ.
Износот од 660 денари уплатете го на: ХАЛК банка 270 056 816 260 161 со забелешка Претплата за списанието „Лице в лице“.
Постапката е иста и за уплата за еден број од списанието: 100 денари + 10 денари за ПТТ.

За уплати од странство
IBAN: Mk07270722000003178
SWIFT: EXPCMK22
Bank of beneficiary Halkbank AD Skopje,

Адреса: Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – „Лице в лице“
Oрце Николов 93/5
1000 Скопје

Ве молиме задолжително наведете го вашето име и презиме, адреса и податоци за контакт (телефон и е-адреса). Повеќе информации на 02 2 466 444 и licevlice@public.org.mk

 

Со купување на списанието „Лице в лице" им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице" си помагате себеси!