Гра­ѓан­ска­та ини­ци­ја­ти­ва „Не би­ди ѓу­бре“ е ви­стин­ски ин­ди­ка­тор де­ка се­кој од нас има моќ и од­го­вор­ност да по­со­чу­ва ано­ма­лии, ама на еден афир­ма­ти­вен на­чин. Не по­ка­жу­ва са­мо со прст, ту­ку по­ка­жу­ва „ка­ко“, нас­про­ти за­ра­за­та со клик-ре­во­лу­ци­о­нерс­тво во Ма­ке­до­ни­ја



Си бе­ше ед­наш ед­на гру­па мла­ди лу­ѓе, кои ре­шија да ја за­ме­тат не­од­го­вор­но­ста на си­сте­мот, не­го­ва­та зач­ма­е­ност, инерт­ност, за­ед­но со ѓу­бре­то пик­на­то под чер­ги­че, по­крај кан­та, око­лу кон­теј­не­ри­те...
Не, не е при­каз­на. Овие мла­ди лу­ѓе, на­ви­сти­на, по­сто­јат и со мет­ли и ста­во­ви ѝ пр­ко­сат на поп­ла­ва­та од от­пад и од не­а­жур­ност во на­ше­то оп­кру­жу­ва­ње. Мо­ти­ви­ра­ат, пот­тик­ну­ва­ат и ни по­ка­жу­ва­ат де­ка ко­га ѓу­бре­то ќе го исфр­ли­ме од до­ма – тоа не ис­чез­ну­ва од ли­це­то на зем­ја­та. По­стои! Сѐ до­де­ка за не­го не се по­гри­жи­ме со­од­вет­но!
И сѐ до­де­ка не ни по­ми­не во на­ви­ка што ќе ја жи­ве­е­ме, и не­ма да ѝ се вос­хи­ту­ва­ме ка­ко на не­ка­ков иск­лу­чок, ту­ку ќе би­де наш по­сто­јан им­пе­ра­тив, не­ма да ни би­де до­бро!

За жал, во мо­мен­тов сѐ уште го оди­ме тој пат, ама гра­ѓан­ска­та ини­ци­ја­ти­ва „Не би­ди ѓу­бре“ на­пра­ви џи­нов­ски че­ко­ри и ни по­ка­жа уште ед­наш, по којз­нае кој пат, де­ка ус­пе­хот е ту­ка, са­мо со гра­ѓан­ска свес­ност, буд­ност, ре­ак­ци­ја, здру­же­на со си­стем­ска­та од­го­вор­ност.

Кол­ку ве­ру­ва­те де­ка ак­ци­ја­та ќе вли­јае за­раз­но и ќе ја ме­ну­ва све­ста кај јав­но­ста и кај ин­сти­ту­ци­и­те за од­го­вор­но­ста што тре­ба да ја има­ме и пра­кти­ку­ва­ме? Чув­ству­ва­те ли ве­ќе не­ка­кви про­ме­ни, ги пра­шу­вам чле­но­ви­те на оваа гра­ѓан­ска не­фор­мал­на гру­па.

Два­е­сет и се­дум­го­диш­ни­от Ари­ан Ју­су­фи, сме­тко­во­ди­тел по про­фе­си­ја, ве­ли де­ка тоа што со го­ди­ни сме све­до­ци на алар­мант­но­то за­га­ду­ва­ње и не­чи­сто­ти­ја­та во гра­до­ви­те во кои жи­ве­е­ме ра­ѓа ре­волт кај лу­ѓе­то. Но, де­ка тој исти­от е не­оп­ход­но да се ка­на­ли­зи­ра во не­што про­ду­ктив­но.

- Мо­ра­ме и са­ми­те да пре­зе­ме­ме не­што. „Не би­ди ѓу­бре“ е на­чин пре­ку кој лу­ѓе­то мо­жат да се со­бе­рат, дру­жат и да при­до­не­сат на­ша­та сре­ди­на да би­де ба­рем мал­ку по­до­бра. Но, по­ен­та­та на ова што го пра­ви­ме е по­ве­ќе да ги по­тсе­ти­ме гра­ѓа­ни­те што нѐ гле­да­ат ка­ко ра­бо­ти­ме - да не фр­ла­ат ѓу­бре ка­де што ќе стиг­нат. Ако има­ат от­пад со нив и не­ма кан­та во бли­зи­на, да го чу­ва­ат до најб­ли­ска­та кан­та и да не фр­ла­ат ке­си од тре­ти кат. Ак­ци­ја­та вли­јае за­раз­но, а тоа го имам ви­де­но со тоа што на ме­ста­та ка­де што чи­сти­ме, по­не­ко­гаш има и гра­ѓа­ни што со­се­ма спон­та­но до­а­ѓа­ат да ни по­мог­нат. Во пос­лед­но вре­ме има­ме и под­др­шка од дру­ги ини­ци­ја­ти­ви од дру­ги гра­до­ви - по­јас­ну­ва Ју­су­фи.

Ин­сти­ту­ци­и­те оста­ва­ат впе­ча­ток де­ка ре­ша­ва­ње­то на проб­ле­ми­те во вр­ска со за­га­ду­ва­ње­то е не­ка­де на кра­јот на нив­на­та ли­ста на проб­ле­ми, за кои би тре­ба­ло да се пре­зе­ме не­што по­бр­зо.
- За­тоа, оваа ини­ци­ја­ти­ва има цел да из­вр­ши при­ти­сок на ин­сти­ту­ци­и­те де­ка тре­ба да си ја за­вр­шат ра­бо­та­та ка­ко што тре­ба и да ги по­тсе­ти де­ка да­но­кот што го пла­ќа се­кој од нас е за да мо­жат тие да на­пра­ват кон­крет­ни по­зи­тив­ни ра­бо­ти за оп­штес­тво­то. За­се­га, имам впе­ча­ток де­ка тие, еден куп со­вет­ни­ци што се вра­бо­ту­ва­ат во на­ши­те ин­сти­ту­ции, нај­ве­ро­јат­но се со­ве­ту­ва­ат ме­ѓу се­бе што тре­ба да се пра­ви, а ни­ка­ко да се на­пра­ви - до­да­ва Ари­ан.

За уни­вер­зи­тет­ска­та про­фе­сор­ка Ка­те­ри­на Ко­ло­зо­ва, цел­та на по­тфа­ти­те на „Не би­ди ѓу­бре“, пред сѐ, е да се по­диг­не све­ста на гра­ѓа­ни­те за нив­на­та сопс­тве­на од­го­вор­ност за соз­да­ва­ње и за одр­жу­ва­ње чи­ста и здра­ва жи­вот­на сре­ди­на, и тоа осо­бе­но во ур­ба­ни­те по­драч­ја.

- Чи­сте­ње­то прет­ста­ву­ва и пер­фор­манс за вла­сти­те, кој има двој­на уло­га - да ја раз­бу­ди нив­на­та со­вест, по­тсе­ту­вај­ќи ги што е нив­на ра­бо­та и од­го­вор­ност, и, исто та­ка, да по­ка­же де­ка ако се са­ка – сѐ се мо­же. Име­но, се по­би­ва по­сто­ја­но­то прав­да­ње на но­во­из­бра­на­та ло­кал­на власт де­ка не мо­же да се за­фа­ти со сво­и­те днев­ни ре­дов­ни об­вр­ски за­тоа што ве­ќе ед­на го­ди­на „тран­зи­ти­ра“ од „ста­ри­от кон но­ви­от на­чин“ на упра­ву­ва­ње. Со дру­ги збо­ро­ви, по­ка­жу­ва де­ка „ца­рот е гол“: об­вр­ски­те се ед­но­став­ни за спро­ве­ду­ва­ње, ако се са­ка, би­деј­ќи акти­ви­сти­те, во сво­е­то сло­бод­но вре­ме и без ни­ка­ков бу­џет, го пра­ват тоа за што ло­кал­ни­те вла­сти се пла­те­ни да го ра­бо­тат. Ова е ужас­но не­при­јат­но де­ма­ски­ра­ње на ла­ги­те на ло­кал­ни­те вла­сти и на чел­ни­ци­те на нив­ни­те прет­при­ја­ти­ја. Дви­же­ње­то е ма­сов­но зе­ле­но дви­же­ње од ши­ро­ки ди­мен­зии, кое има спо­соб­ност да се ши­ри ка­ко ви­рус и има хо­ри­зон­та­лен прин­цип на ор­га­ни­зи­ра­ње, сли­чен на пле­ну­ми­те од пред не­ко­ја го­ди­на - об­јас­ну­ва Ко­ло­зо­ва.

„Не би­ди ѓу­бре“ спо­ред сво­јот ин­тен­зи­тет на слу­чу­ва­ња и енер­ги­ја­та што ја но­си во пог­лед на мо­би­ли­зи­ра­ње­то на гра­ѓа­ни­те, се изд­вои ка­ко ед­на од по­сил­ни­те гра­ѓан­ски ини­ци­ја­ти­ви кај нас во пос­лед­но вре­ме. Осо­бе­но, за­тоа што сме све­до­ци де­ка гра­ѓа­ни­те ста­ну­ва­ат апа­тич­ни во сво­и­те ба­ра­ња и на­сто­ју­ва­ња, па те­шко е по­не­ко­гаш да збо­ру­ва­ме за ви­стин­ска гра­ѓан­ска буд­ност и за дејс­тву­ва­ње во на­со­ка на ос­тва­ру­ва­ње на нив­ни­те пра­ва и бра­не­ње на тоа што си­те нѐ за­се­га.

Ви­ктор Ри­стов­ски, прав­ник и дел од оваа ини­ци­ја­ти­ва, мно­гу по­пре­циз­но ја до­об­јас­ну­ва ва­ква­та кон­ста­та­ци­ја.
Ве­ли „на­ше­то гра­ѓанс­тво е иск­лу­чи­тел­но ус­пеш­но во мо­би­ли­зи­ра­ње, но по­че­сто за це­ли­те на по­ли­ти­кант­ски­от акти­ви­зам“.
- Мно­зи­на од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни се под­др­жу­ва­чи на ве­ќе соз­да­де­на и сер­ви­ра­на по­ли­ти­ка, ме­сто да би­дат учес­ни­ци во соз­да­ва­ње­то на по­ли­ти­ка­та. Скоп­је има ре­ги­стри­ра­но око­лу 700.000 жи­те­ли. На на­ши­те ак­ции, кои има­ат цел по­ди­га­ње на све­ста за жи­вот­на­та сре­ди­на, при­сус­тву­ва­ат 30 до 50 акти­ви­сти. Тоа, пра­ктич­но, зна­чи де­ка во акти­виз­мот за бу­де­ње на све­ста кај на­се­ле­ни­е­то и кај ин­сти­ту­ци­и­те, во од­нос на жи­вот­на­та сре­ди­на, пар­ти­ци­пи­ра­ат 0,007 про­цен­ти од вкуп­ни­от број жи­те­ли на глав­ни­от град. Сре­ќа на­ша што Ма­ке­до­ни­ја не е са­мо Скоп­је, па ѓу­бре­то поч­на да нѐ бу­ди на­се­ка­де. Стру­га, Охрид, Би­то­ла и При­леп се раз­бу­ди­ја пре­ку раз­гра­но­ци­те на „Не би­ди ѓу­бре“, и ури­ва­ат ре­кор­ди во број на со­бра­ни вре­ќи пол­ни со от­пад. Има актив­но­сти и нај­а­ви за ма­сов­но бу­де­ње на све­ста во Те­то­во, Ге­вге­ли­ја, Штип и во Ве­лес. Ми  ми­ри­са на еко­ре­во­лу­ци­ја - ве­ли тој.
Во од­нос на пра­ша­ње­то за си­сте­мот и не­го­ва­та отво­ре­ност кон раз­лич­ни­те фор­ми на про­гре­си­вен акти­ви­зам, Ри­стов­ски ве­ли де­ка тој сѐ уште ва­жи за бру­та­лен и ре­ши­те­лен ко­га се со­о­чу­ва со кри­ти­ка на сво­ја ко­жа, но и де­ка „до­вол­но сме сил­ни да ја про­гол­та­ме це­ла­та бру­тал­ност во име на чи­ста­та око­ли­на“.

За Ива Апо­стол­ска, акти­вис­тка, иде­ал­но би би­ло ко­га не би мо­ра­ло во­оп­што да по­сто­јат ва­кви ак­ции, од­нос­но ко­га еко­ло­ги­ја­та би би­ла на вр­вот на мно­гу аген­ди.

-
Ме ра­ду­ва кон­ти­ну­и­те­тот што ус­пе­ва­ат да го одр­жат актив­но­сти­те за чи­сте­ње. Са­кам и мо­рам да ве­ру­вам де­ка овој про­цес, кој обе­ди­ну­ва мно­гу раз­лич­ни гра­ѓа­ни на за­ед­нич­ка ос­но­ва - иде­ал за по­до­бри и по­чи­сти гра­до­ви, ќе до­не­се поз­на­чај­ни и по­о­држ­ли­ви про­ме­ни во на­чи­нот на соз­да­ва­ње­то и на тре­ти­ра­ње­то на от­па­дот, во гра­ѓан­ска и во си­стем­ско-ин­сти­ту­ци­о­нал­на смис­ла - ве­ли Апо­стол­ска.

Но, и таа, ка­ко и Ри­стов­ски, не­гу­ва до­за скеп­ти­ци­зам за ус­пеш­но­ста на се­ри­оз­на­та и кон­зи­стент­на гра­ѓан­ска­та мо­би­ли­за­ци­ја за важ­ни пра­ша­ња. Најв­ли­ја­те­лен фа­ктор за оваа ге­не­рал­на апа­ти­ја­та, ве­ли таа, е што мно­гу ква­ли­тет­ни ини­ци­ја­ти­ви се „из­го­ре­ни“ од за­тво­ре­но­ста и од инерт­но­ста на на­ши­от оп­штес­твен си­стем, не­за­вис­но од ме­ну­ва­ње­то на по­ли­тич­ки­те вла­де­јач­ки гар­ни­ту­ри:

- Си­стем­ски гле­да­но, мно­гу пре­диз­ви­ци, ка­ко и овој со от­па­дот, и оп­што - еко­ло­шка­та со­стој­ба на др­жа­ва­та, оста­ну­ва­ат ед­ни од нај­жешките пра­ша­ња, а во­ед­но се и нај­мал­ку тре­ти­ра­ни. Но, ова не тре­ба да би­де тол­ку­ва­но ка­ко сиг­нал да се отка­же­ме, ту­ку са­мо да ја пре­поз­на­е­ме се­гаш­на­та ре­ал­ност и да про­дол­жи­ме по­ор­га­ни­зи­ра­но и по­хра­бро со актив­но­сти­те - де­цид­на е таа.
Си­те чле­но­ви на оваа гра­ѓан­ска гру­па се единс­тве­ни  во ста­вот де­ка ќе про­дол­жат со „чис­тки­те“, со на­деж де­ка ќе ус­пе­ат да до­тур­ка­ат до тој ста­ди­ум ка­де што и са­ми­те ќе ста­нат не­по­треб­ни за­што ве­ќе не­ма да има по­тре­ба од нив.

-
И про­ек­ци­и­те и пла­но­ви­те на на­ша­та фор­ма­ци­ја се све­ду­ва­ат на ед­на, мо­же­би, во мо­мен­тов не­ос­твар­ли­ва жел­ба: да ја пре­стиг­не­ме Сло­ве­ни­ја. Не­кои ќе ре­чат де­ка сме пре­ам­би­ци­оз­ни, но не гле­дам по­ен­та во по­ста­ву­ва­ње­то скром­ни це­ли са­мо за­тоа што се по­лес­но ос­твар­ли­ви... Ние оди­ме со ма­ли че­ко­ри, но и та­ка се стиг­ну­ва да­ле­ку. Има­ме план да ни се при­дру­жу­ва­ат сѐ по­го­лем број гра­ѓа­ни и тоа до­бро ни оди. Од ден на ден сме сѐ пом­но­гу­број­ни и по­раз­лич­ни по стру­кту­ра. Би са­ка­ле да оста­не­ме во ва­ква цвр­ста фор­ма­ци­ја сѐ до мо­мен­тот ду­ри не се офор­ми нај­а­ве­на­та ко­му­нал­на по­ли­ци­ја, ко­ја ќе се гри­жи за ре­дот на не­шта­та. Свес­ни сме де­ка тоа ќе по­трае, но и под­го­тве­ни, низ кон­ти­ну­и­ра­на ак­ци­ја, да по­че­ка­ме - ве­ли актер­ка­та и еден од ос­но­ва­чи­те на оваа гра­ѓан­ска ини­ци­ја­ти­ва, Ире­на Ри­стиќ.

Да, „Не би­ди ѓу­бре“ е ви­стин­ски ин­ди­ка­тор де­ка гра­ѓа­ни­нот ја има мо­ќта и од­го­вор­но­ста да по­со­чу­ва ано­ма­лии, ама на еден афир­ма­ти­вен на­чин. Не по­ка­жу­ва са­мо со прст, ту­ку по­ка­жу­ва „ка­ко“, нас­про­ти за­ра­за­та со клик-ре­во­лу­ци­о­нерс­тво во Ма­ке­до­ни­ја.