Не можам да влезам во нечиј дом за примерок, а да не си направам муабет со домаќините. Го правам тоа што сакам да го доживеам. Има ситуации каде што сѐ што им треба на луѓето е малку муабет, понекогаш за корона, понекогаш на каква било тема. Стравот ги држи луѓето под притисок, а убавиот збор вреди злато – вели медицинскиот техничар Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко, прекар што го доби од децата поради работната униформа што ја носи за време на битката против ковид-19