Прикажувам 1–12 од 14 резултати

#53 Лице в лице – печатено издание

100 ден

Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!

Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд. Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила, а зборува за потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението – Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани. Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место. Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој.

#52 Лице в лице – печатено издание

100 ден

Моќна жена – подобар свет! И еднакви можности за сите.

Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на темата родова рамноправност. Ставаме акцент на економското зајакнување на жените, на предизвиците при решавањето на родово базираното и семејното насилство, на можностите кои ги носи социјалното менторство за жени кои преживеале насилство, како и за теми кои нè носат кон поеднаков и поправеден свет.

#51 „Лице в лице“ – печатено издание

100 ден
Да го ставиме здравството на здрав пат! Предизвиците кои ги носи пристапот до лекови, дигитализацијата во здравството и вклучување на

#50 „Лице в лице“ – печатено издание

100 ден
Јубилејното, 50-то издание на „Лице в лице“ е посветено на темата создавање услови за инклузивни работни места. Ова издание се

#49 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Ова издание на „Лице в лице“, број 49, ја носи темата социјална правда. Социјална правда е состојба во која сите членови на општеството ги имаат истите права, обврски, можности и придобивки за да може достојно да живеат и да напредуваат. Уставот на Меѓународната организација на трудот посочува дека универзален и траен мир може да се постигне само ако се заснова на социјална правда. Ова значи дека луѓето не треба да се третираат низ призмата на капитал, ниту како фактор за извршување некакво производство или ресурс, туку треба да бидат третирани како човечки суштества, да им се оддаде достоинство и почит. Oва издание ги адресира потребите на работниците, солидарноста, информираноста за правата, но и предизвиците на новата реалност во начинот на кој работат луѓето денес, предизвикана од дигитализацијата на економиите и на секојдневниот живот, како и предизвиците кои ги носат системите во нивно препознавање, вреднување и официјализирање. Отвораме прашања за потребите на работникот, за намалување на дискриминацијата. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#48 Лице в лице – печатено издание

100 ден
„Лице в лице“ број 48 ја носи темата партнерства за развој и позитивни промени. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#47 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Лице в лице број 47: Вистината е еднина, лажните вести се множина! Лагата веќе го обиколува светот, додека вистината ги обува чевлите. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#46 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Лице в лице број 46: Време е за одговорно патувачко искуство! Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#45 Лице в лице – печатено издание

100 ден
Лице в лице број 45: Иднината на работните места е концентрирана на човекот. Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би  бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#44 Лице в лице – печатено издание

100 ден
„Лице в лице“ број 44. ја носи темата „Персонализирана медицина: грижа скроена за тебе“. Овој број носи перспектива за постигнување реалност во која секој пациент би  бил изложен на здравствена грижа скроена според неговите потреби, неговата болест, и посебниот начин на живеење. Можен е ваков свет, велат и експертите и пациентите кои ги изнесоа своите ставови во новото „Лице в лице“. Веруваат дека иднината на здравствениот систем ќе биде рака под рака со техонологијата, во прилог на обликување квалитетни здравствени услуги. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!

#43 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден
„Лице в лице“ број 43 е посветен на темата Иднината на правата на човекот Во овој број се даваат одговори на прашањата како: Во чии раце се алатките за „поправање“ на расипаниот механизам за заштита на работничките и на човековите права, кој, очигледно, откажува во услови на поголема глобална криза, како што е актуелнава? Кај работодавците, кај работниците, кај владата, кај граѓанскиот сектор или во соработката, дијалогот што сите тие треба да го развијат? Како здравствената криза ќе го промени начинот на кој работиме и живееме? Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си

#42 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден
„Лице в лице“ број 42 е посветен на образованието кое ќе создава генерации со вредности, во кое наставниците континуирано ќе се развиваат професионално и ќе креираат часови кои што ќе ја поттикнуваат љубопитноста кај учениците, ќе ги мотивира и ќе ги гради во индивидуалци, човечки капитал што ќе го движи општеството напред, кон одржлив развој. Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си!