Доза вести, Лице в лице

Фотографии што се менуваат како чајна инфузија: „Зрно“ најавува изложба со ретка техника

жалфија - изложба на фотографии „Чајанка“ Зрно

На 4 ноември во „Шума“ ќе биде отворена изложбата „Чајанка“ на младата визуелна уметница Емилија Сандиќ, која преку експериментална фотографска техника ја истражува границата меѓу контролата, случајноста и трансформацијата на фотографската слика.

Фотографии создадени со ретка аналогна техника, инспирирани од растенијата од кои се подготвува чај и вистинска чајна инфузија што ќе ги придружува посетителите, e концептот на изложбата „Чајанка“, која младата визуелна уметница Емилија Сандиќ ќе ја отвори на 4 ноември, во 19 часот, во концепт кафулето „Шума“ во Скопје. Изложбата се реализира во рамки на активностите на фестивалот „Зрно“, посветен на истражување и промоција на алтернативните фотографски процеси.

Од „Зрно“ известија дека оваа фотографска серија е создадена со помош на ретката експериментална техника mordançage, при која, под дејство на специфични хемикалии, фотографската емулзија се разградува, се подигнува од хартијата и се разлева, создавајќи непредвидливи текстури и визуелни слоеви.

алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира-слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата

– Со изборот на мотивот, растенија од кои се подготвува чај, во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата – се вели во најавата за изложбата.

Концептот продолжува и во просторот во кој е поставена изложбата. Во „Шума“, каде што чајот е дел од препознатливата понуда, посетителите ќе имаат можност да пробаат чај подготвен од растенијата претставени на фотографиите. Така, изложбата го проширува визуелното доживување со мирис и вкус, поврзувајќи ја уметничката поставка со непосредното сетилно искуство.

Емилија Сандиќ учествува во организацијата на „Зрно фестивал“, а досега има изложувано на повеќе од 20 групни изложби во Србија и во странство.