Кристина Михајловска

„Каков гинеколог во ова село!? За да стигнеш до гинекологот ти требаат пари и автомобил, а во селово ретко кој може да си го дозволи тоа!“ ни одговори една жителка на село Тработивиште кога ја прашавме дали користи гинеколошки услуги во нејзиното место на живеење. Жените од Тработивиште, но и од околните села во Делчевско, со години се соочуваат со проблем што директно влијае врз нивното сексуално и репродуктивно здравје. Пандемијата со ковид-19 дополнително ја влоши состојбата, бројот на вработени лекари и гинеколози во амбулантите се намали, а одредени автобуски линии што водат од селата кон градот сосема се укинаа. 

Бројките покажуваат дека во руралните делови на Делчево и на Пехчево 90 проценти од жените немаат матичен гинеколог и дека голем број жени посетиле гинеколог само еднаш до двапати во изминатите 10 години.

Во овој регион има еден матичен гинеколог, кој ја посетува амбулантата три дена во неделата. Гинекологот е од  Делчево и е невозможно да ги прегледа  сите жени во градот и од околните села како што се Црник, Градец, Разловци. Затоа, предност им се дава на бремените жени – било да станува збор за редовен преглед или за пораѓање. 

Целиот текст може да го прочитате во 43. број на „Лице в лице“, посветен на тема: човекови права