Ковид-19 беше удар за продавачите на уличен печат низ светот.
Но, се обидовме проблемот да го гледаме како предизвик, се загледавме во можностите и создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, која се обедини во спроведување на решението. И ја остваривме целта - на ниеден од продавачите не му беше загрозена егзистенцијата.
„Седи си дома и читај Лице в лице“
 е кампања на за одржливо партнерство,  преку која одговорни бизниси, здруженија на граѓани, социјални претпријатија, институции, откупуваа списанија од 39. број подарувајќи им ги на своите вработени, на соработниците, клиентите. Поддршката од граѓаните не изостана, па тие  исто така се приклучија на оваа иницијатива.
Инфографиконот ја дава комплетната слика и импактот од нивното вклучување, заедно со тоа што се работеше и преку новата е-продавница.
Клучен ни е принципот „50-50“, кој го задржавме и сега, но место пари, на најзагрозените продавачи,  редовно им носиме храна и хигиенски производи за полесно да ја надминат кризата. 

Дизајн на инфографикон: „Среќа.мк“


На фотографијата е Валентин Ракип, продавач на „Лице в лице“ од  партнерската организција Дневен центар за деца на улица, кој се вклучи во волонтерска акција за споделување пакети поддршка за неговата заедница.