Фото групата „Чкрап!“ од Тетово, вечерва, со почеток во 19 часот во Музејот на тетовскиот крај (на Два Бреста) ја отвора изложбата насловена „Фотографии 2020

Изложени се дела на 18 фотографи од земјава, како и од Холандија, Чешка и САД.

Фотографот Драги Неделчевски, кој е дел од основачите на фото групата, изјавува дека долг период неизвесноста на одржувањето на оваа традиционална годишна изложба била неизвесна.
- Признавам дека јас бев за „онлајн“ изложба, но Александра Новеска и Мери Каталиниќ сметаа дека е храбро и доблесно, почитувајќи ги сите мерки и протоколи за превенција од Ковид-19, изложбата да ја организираме на отворено во Музејот на тетовскиот крај во Тетово, на Два Бреста. Така и бидна. По неколку години, кога ќе го разгледуваме овој каталог и фотографиите во него, ќе биде интересно да се види какви биле фотографските преокупации на чкраповци оваа, 2020 година, како и колку таа се одразила на нивната креативност и нивните „фотографски“ преокупации – вели Неделчевски.

Посочува дека станува збор за камерна изложба.
- Оваа изложба многу повеќе дава увид во интимата на секој фотограф и на кој начин тој/таа ја изнедрува таа интима од себе во вид на фотографија, отколку што зборува за она што е фотографирано. Подготвена со големо срце и силен ентузијазам од сите нас во „Чкрап!“ вклучавјќи го и доајенот на македонската фотографија Александар Кондев.