Велковски се претставува преку циклус слики, кои, како што пишува историчарот на уметност, Владимир Јанчевски, даваат фокус на бојата, на пресекот помеѓу текстурата, и скриените текстуални и визуелни пораки, кои се откриваат под површината низ изгребаните и излупени слоеви на густите наноси боја
„Сликите на тој начин формираат палимпсестна структура, која е метафоричен приказ на комплексното функционирање на човековиот ум, на аморфноста и флуидноста на мислите во некоја претпоставена фаза пред кристализирање на идеите... Гледачот е соочен со еден вид отворено дело: просторот што авторот го замислува како реконструкција на „ќелија на умствени мапи", ги поврзува поединечните слики заедно со насочената светлина и суптилниот звук, во една симбиотичка целина", пишува, меѓу другото, Јанчевски за изложбата на Велковски. По „Лиминални фигури" во 2017-тата, ова е втора самостојна изложба на Велковски. Од 2012 година, Велковски работи со уметничкиот колектив КУЛА (платформа за вкрстени уметнички тенденции и инвентивни иницијативи на културната агенда на град Скопје. Покрај неговата уметничка пракса, Филип работи и како кустос на мултимедијалниот уметнички фестивал „Под земја полесно се дише " во Скопје *Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.