Во петок, 19 ноември, во 10.30 часот, на булевар Македонија бб, позади Спомен куќата на Мајка Тереза, ќе биде отворен Центарот за социјални претпријатија и Првиот Национален саем за социјални претпријатија.

Настанот ќе понуди размена на идеи, заемна едукација и инспирација, а , паралелно, во Центарот за социјални претпријатија и во специјални катчиња, ќе бидат организирани обуки/ презентации на различни теми за социјални претпријатија и останати засегнати страни.

Во продолжение, погледнете ја целата програма на ова случување, кое е во организација на „Ептиса“, во рамки на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и на Европската Унија.

На настанот, во делот на презентација на локални социјални претпријатија, ќе биде претставено и „Лице в лице“, во терминот во 12.40 часот, заедно со социјалните претпријатија: „Избор“, „Копче“ и „СОЛЕМ“.

Агенда:

Главна сцена

10.30 Отворање на настанот и поздравен говор од модераторот кон официјалните гости:

• Поздравен говор од Министерката за труд и социјална политика- г-ѓа Јагода Шахпаска

• Поздравен говор од Заменик на Претседателот на Владата за економски прашања г-дин Фатмир Битиќи

• Поздравен говор од Раководителот на Сектор за соработка при Делегацијата на Европска Унија- г-дин Штефен Худолин

• Поздравен говор од Тим лидерот на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“- Барбара Садовска


11.15 Покана за официјално отворање и разгледување на Центарот и саемoт на социјални претпријатија

11.40 Изјави за медиумите во медиумското катче/ на штандот за медиуми

12.00 Кратка презентација за улогата на Центарот за социјални претпријатија во Скопје и Регионалните Центри за поддршка, и нивните вработени

12.15 Улогата на компаниите во развојот на социјалните претпријатија; новите лица на корпоративната социјална одговорност:

• Претставник на НЛБ Банка

• Филип Ивановски- Пакомак

• Претставник на А1

Модератор: Барбара Садовска, Тим Лидер на проектот


12.40 Презентација на локалните социјални претпријатија:

- Избор

- Лице в Лице

- Копче

- СОЛЕМ


13.05 Пленарна сесија за социјално претприемништво со учество на:

• Претставници од Министерство за труд и социјална политика

• Сократ Манчев - ИЗБОР

• Александар Богоевски, локална општина, Град Скопје

• Проф. Стојан Дебарлиев, Јунус Центар, Економски факултет

• Ирена Ѓорѓиевска- ФИТР

• Претставник на Комерцијална Банка

• Ѓорѓи Кушевски- Регионален центар за поддршка Скопје

Модератор: Сузана Трајковска, социјален и бизнис советник


14.00 Улогата на локалните општини во зајакнувањето на социјалните претпријатија; потпишување на договор меѓу Општина Аеродром, Општина Ниш и социјални претпријатијa за регионална соработка

Модератор: Барбара Садовска, Тим Лидер на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“


14.20 Промоција на грант-шемата за социјални претпријатија (ЦеПроСард и Националниот младински совет)

14.35 Изведба на Хорот „Трисомија21“, составен од лица со Даунов синдром

Линк до фб настан: https://bit.ly/3no2bzc