„Слушнете ги нашите приказни“, гласи насловот на настанот по повод одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој го организираат партнерската организација на „Лице в лице“ - „Порака Нова“ од Струга, заедно со струшките организации Здружение на слепи лица и Здружение на глуви и наглуви лица.
Настанот ќе се одржи на 3-ти декември со почеток во 14 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, каде на отворена трибина, публиката ќе ги слушне приказните на лицата со попреченост.
„Моменталната светска популација е нешто повеќе од седум милјарди луѓе, од кои повеќе од една милјарда се луѓе кои живеат со некаков вид на попреченост.  Овогодинешната порака на меѓународниот ден е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид-19 свет“. Ве покануваме на настанот „Слушнете ги нашите приказни“, за да ги слушнете, видите и прочитате личните и општествените борби на лицата со попреченост и нивните успешни животни приказни, и заедно да продискутираме за идни планови во насока на создавање нови успешни приказни“, велат организаторите во поканата за настанот на кој, публиката ќе има можност да слушне, види и прочита инспиративни приказни од лица со попреченост, да проследите промоција на книга напишана од лице со попреченост и видео премиера за две успешни приказни за вработување на лица со попреченост и нивниот пат кон независен живот.
Целата програма на македониски и на албански јазик, е на овој линк.