Нема „јас” во тимот, вели поговорката. Почесто се користи за да се опише важноста на спортските тимови да работат заедно, а фразата го нагласува вродениот потенцијал за успех ако само егото може да се остави настрана.

Соработката и партнерствата се главниот столб на потрагата по нови решенија за нашите постојано растечки социјални проблеми.

Одржлив ум за одржлива мода - подем на одржливост во модата

Облеката, обувките и текстилот за домаќинство припаѓаат на индустријата која има силна одговорност за загадувањето на водата, испуштањето стакленички гасови и управувањето со отпад.

Светскиот економски форум посочува дека брзата мода, постојаното обезбедување на нови стилови по многу ниски цени, доведе до големо зголемување на количината на произведена и фрлена облека. Глобалната модна индустрија е неодржлива.

Но прво, ајде да видиме каква е нашата „одржливост“. Деновиве, терминот многу се користи на социјалните мрежи. Сите ние имаме различни вредности, кои исто така играат улога во одредувањето на одржливоста на производот.

„Ама, јас можам да го купам тој фустан во „Зара“ за 25 евра“, си помислуваш кога сакаш да облечеш нешто ново за забава, но знаеш дека ќе го носиш само еднаш, па сакаш да купиш нешто евтино.
Колку и да ни звучи едноставно и практично, ова е однесувањето од кое општеството треба да отстапи.
Еве зошто.

Планетава се гуши поради нашата зголемена желба за брза мода

Облеката, наместо да биде негуван предмет полн со креативност и изработка, сега често се смета за производ за фрлање со сè пократок животен циклус. Купувачите сега купуваат пет пати повеќе облека отколку во 1980 година. Во бројки, проценките се дека граѓаните купуваат 80 милијарди парчиња облека годишно. Светското население пак, ќе
надмине 8,5 милијарди до 2030 година и речиси 10 милијарди до 2050 година
.
Што значи ова за глобалното производство на облека? Тоа ќе се зголеми за 81 отсто, продолжувајќи да зависи од ресурсите на планетата.
Во сегашни рамки, производството на модни парчиња веќе претставува 10 отсто од стакленичките гасови и 20 отсто од загадувањето на индустриските води, според проценки на Обединетите нации и Светската банка (повеќе на овој линк).

Планетава се гуши поради нашата зголемена желба за брза мода. Поголемиот дел од индустријата сѐ уште го поддржува тоа, што ја прави еден од најголемите загадувачи во светот. Нашата глад за брза мода ги турка некои од видовите животни на работ на истребување, уништувајќи ги живеалиштата кои обезбедуваат чист воздух и загадувајќи ги реките.
Сафија Мини, основачка на „People Tree“ посочува дека дека модните фирми мора да се соочат со „слонот во собата“ во врска со намалувањето на производството. Хавиер Гојенече, основач на „Ecoalf“, пак, вели:
-Модата повеќе не може да биде само за да изгледаме добро. Иако знаеме дека младите луѓе многу се залагаат за одржливост, истите тие сакаат да продолжат да купуваат 20 маици годишно за по 5 евра. Но, треба да одлучиме. Луѓето треба да почнат да купуваат помалку.

Сè повеќе, светот сега гледа кон модната индустрија за да ја искористи својата моќ на имагинација и креативност и да најде нови начини за производство и потрошувачка на мода. „Помалку е повеќе“ е новата мантра на модата.

До каде е
македонската мода со принципите на одржливост?

Дизајнерот Драган Христов, во блог објава посочува дека за разлика од периодот на 1970-тите и подемот на текстилната индустрија во поранешна Југославија, сегашната ситуација е во лоша форма.
„Македонските фабрики и услуги за создавање облека се алтернатива на евтиниот азиски пазар, и значително зависат од нарачки од европски брендови. Над 1000 фабрики во земјава, најголемиот дел од нив се во Штип, работат во субстандардни услови, непочитувајќи ги работничките права... Овие, приватни бизниси се проценуваат со 12% од националниот БДП, но, воопшто, на никој начин не се засегнати со развојните глобални насоки во одност на одржливост“, посочува тој, меѓу другото.
Христов потенцира и на улогата на модните дизајнери, кои се насочуваат кон одржлива мода, како и на техники и рачни изработки.

(Авторката е практикантка ангажирана во Паблик преку Националниот младински сојуз)