Во Кинотеката на Македонија утре (6 декември) со почеток од 17 часот часот ќе се одржи финалната вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола. 

Ќе бидат прикажани победничките филмови што пристигнаа на повикот за учество на фестивалот за снимање краток филм со мобилен телефон. Повикот беше отворен од јули, а пристигнаа  над 1000 филмови од автори од светот. Најдобриот филм што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиева – Лале“, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална идеја и најиновативен филм. Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за кино, за публиката ќе има и други награди и изненадувања.

Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Keep it rolling“. 

Селектираните филмови кои ќе се прикажат утре во Кинотека се: Butterfly Man by Enis Manaz, Star Dust by Guo Qin, Dulcinea  by Francisco Lidon Plaza, Circles and Triangles by Darya Trublina, Old Skin by Julie Rembauville, Nicolas Bianco-Levrin, Life Time by Marc Muthuon, Sir Chub de Pigi by Oleksandr Hoisan, Yes, No by Matteo Tibiletti, Falter - Bubblefree by Stefan Salcher, Fugitives by Frank Benitez, Silence is Deadly by Brice Veneziano, Beware the Wolf! by Julie Rembauville, Scream by Gonzague Legout, Like and Follow by Forrest Schlage, Medulla by Veronika Kamchevska, To act (or not to act) by Mallory Grolleau, Lionverse by Chun Hei Mok, Fish by Aboozar Soltani, Mis(s)Date by Anke Sabrina Beermann, The Crossing  by Ashley Prigent, Ice-cream and Freedom  by Neno Belchev, Choice Paralysis by Ivan Grgur, Switchman by Mehdi Khoramian, The Trembling Giant by Arina Shabanova, Sandwich by Filip Lafazanovski