Аерозагадувањето е меѓу главните причини за зголемена стапка на неплодност и стерилитет кај жени и мажи низ Западен Балкан.
Особено страдаат жени кои живеат во тешко погодени области, бидејќи загадувањето може да доведе до помал број на здрави јајце клетки, а со тоа и до пад на плодноста. Исто така, ин витро оплодувањето е помалку успешно. ПМ 2.5 чесгтичките предизвикуваат пад на плодноста кај жените за 2% на 10 μg / m3 во воздухот. Овие нивоа во загадените градови низ Западен Балкан достигнуваат вредности над 50 µg / m3 (ПМ 2,5), што е двојно поголема од дозволената годишна вредност и може да ја намали плодноста дури и до 10% кај жените. Дневните нивоа на ПМ 2,5 во одредени градови честопати надминуваат дури 200 µg / m3 што може да ја зголеми неплодноста кај жените за повеќе и од 10%. Кај мажите, загадувањето на честичките достигнува до тестисите и предизвикува пониски нивоа на производство на сперма, помала подвижност на сперматозоидите и повеќе спонтани абортуси поради програмирана клеточна смрт.

Неплодноста и ниската стапка на наталитет се важни фактори за падот на населението во земјите од западен Балкан, а за жал, и двете стапки постојано се загрозени. Научните истражувања потврдија дека случаите на спонтани абортуси и мртвородени деца значително се зголемуваат за време на периоди на изложеност на загадување на воздухот. Студија од 2010 година фокусирана на градот Лабин, Хрватска, покажува дека случаите на спонтани абортуси и мртвородени деца во градот биле значително поголеми за време на периоди на изложеност на загадување на воздухот од блиската централа на јаглен, во споредба со периодите без такво изложување. Соединенијата на сулфат кои се создаваат во процесот на согорување на јаглен од таа централа, го зголемуваат ризикот од спонтан абортус и до 13%, додека изложеноста на ПМ 2.5 и ПМ 10 ги намалува стапките на зачнување.

Воздухот загаден од честички, тешки метали, микро и нанопластика, и други загадувачи, доведува до повисоки стапки на спонтан абортус, без оглед на процесот на ин витро оплодување, имајќи предвид дека дури и загадениот воздух во самите лаборатории за вештачко оплодување ги намалува стапките на успех.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ги повикува граѓаните на земјите од западен Балкан да се приклучат на нашата борба и заедно да го подобриме квалитетот на воздухот, истовремено справувајќи се со неплодноста и подобрувајќи го здравјето на децата.

Бараме итно решение за хроничниот проблем со загадувањето на воздухот што ги гуши земјите од западен Балкан. Исклучувањето на јагленот од производството на електрична енергија е најбитната мерка за подобрување на квалитетот на воздухот. Замена на апаратите за греење и готвење во домаќинствата со еколошки почисти решенија, соларни панели на покривите на куќите и зградите и проекти насочени кон подобрување на енергетската ефикасност, исто така, може да имаат важна улога. Соодветните институции треба да развијат политики за промовирање на здрава бременост, со цел да ги едуцираат жените и мажите за опасноснитет од загадување за време на бременоста, и да ги опремат идните мајки за да се заштитат себе си и својот фетусот. Треба да се обезбеди високо ефикасно филтрирање на воздухот во јавните затворените простории и граѓаните треба да бидат навремено информирани за загадувањето на воздухот со цел да се избегнат активности на отворено за време на периоди со слаб квалитет на воздухот.

Една од мерките за ублажување на штетните ефекти на загадувањето на воздухот, е да се намали употребата на пластика за еднократна употреба, особено пакување што не се рециклира. Друга мерка е да се заменат синтетичките влакна со природни влакна. Преку ова се спречува емисија и голтање на микро и нанопластика. Како за пример, само еден циклус на машина за перење со синтетички алишта ослободува повеќе од 700.000 влакна.

Капацитетите на дијагностичките центри мора да се подигнат и треба да се спроведат заеднички студии со користење на мониторинг и мерење на податоци за последиците од загадувањето на воздухот во форма на неплодност, предвремено породување, појава на болести и смрт кај новороденчиња во земјите од западен Балкан .

За да го поддржиме заедничкиот живот, придружете се во солидарната борба на граѓаните на западен Балкан и станете дел од кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.