Драги пријатели,

Изминува година во која се изродија многу иницијативи со убава енергија, заедништво, солидарност и емпатија!  Доаѓа оној период во годината кога, рефлектирајќи наназад, но и планирајќи ја иднината, го согледуваме значењето на градењето отпорност и истрајност во кризни времиња.
Несомнено, издржуваме поддржувајќи се меѓусебно, верувајќи едни во други!

„Лице в лице" честитките се овде за да нè потсетат дека само заедничките заложби го градат системот силен. Веруваме дека нашата понуда на новогодишни мотиви ќе ги израдува вашите најблиски, соработници пријатели, партнери и ќе придонесе за позитивна енергија и верба во подобро и поинклузивно општество. 

Купувајќи „Лице в лице" честитки, ги поддржувате инклузивните програми за ранливите сограѓани – наши продавачи, преку кои јакнеме вештини кои им се потребни за да влезат, и најважно, да останат на пазарот на труд, но и:

>  Се вклучувате во движење за одговорна иднина  

>  Практикувате одржливи решенија: честитките се од рециклирана хартија

>  Промовирате македонски уметници

Креиравме печатени и дигитални честитки, вклучувајќи и два мотива на анимирани честитки.

„Лице в лице" е гордо на сите вас кои придонесувате кон одржлив развој и силно веруваме дека само заедно можеме да градиме силни партнерства кои ќе го унапредуваат животот на секој од нас, не оставајќи никого изоставен.

За деталите контактирајте нѐ на 078/ 337-318 или на ema@public.org.mk




Ве очекуваме! <3