Броиме чекори и продадени списанија, разговараме за зелено и инклузивно претприемништво, штедиме CO2, шириме позитивна енергија!

Два тима, продаваат „Лице в лице“ низ улиците на Скопје и онлајн, се движат пеш или со точак и споделуваат добри практики.
Теренската дружба е закажана за сабота, 6-ти ноември во 11 часот на Фонтана.

Предизвикот ќе го заокружиме една недела подоцна, во рамки на Глобалната недела на претприемништво, на 13-ти ноември. Тогаш со вас ќе споделиме инспирација за претприемничките приказни на „Challenger“ и „Лице в лице“ и ќе изброиме:
- продадени списанија
- заштеди на CO2
- чекори кои сме ги направиле кон подобрување на нашето здравје

Во меѓувреме, биди дел од нашиот предизвик – купи списание, инсталирај ја Challenger app и делувај!