Оваа сабота Кристијан Марковски и познатиот јутјубер Стефан Лазаров заеднички во убава атмосфера го промовираа новиот број на Лице в лице и си поставија #ЛицевлицеПредизвик - кој ќе продаде повеќе списанија. 
Пораката која заедно ја пренесоа може да ја погледнете во видеото:



„Кико ми доаѓа на сите мои настапи, буквално сите градски луѓе го познаваат, а неодамна дознав дека работи во Лице в лице, списание за одрлжлив развој. Ајде да направиме еден социјален експеримент - јас ќе облечам кецела #Лицевлице и ќе продавам списанија, да видиме како луѓето ќе се однесуваат и дали е Стефан добар продавач!“
Ти благодариме Стефан што се приклучи во движењето да се подигне мотивацијата на продавачите во пандемијата!