Запознајте ги суперхероите на „Лице в лице“ - нашите продавачи, кои и во оваа пандемија, не останаа без своите насмевки, кои вредно, упорно и постојано се борат со предизвиците на социјалната исклученост, нееднаквостите, сиромаштијата, негрижата.
Во оваа пандемија, Рамајана стана меѓу омилените микро-претприемачки на списанието, секогаш расположена да им го разубави денот на своите поддржувачи. Таа е нашата храбра херојка од скопските улички, која заработува и се грижи за своето семејство.
Кико е лидерот во дигиталната продажба кој научи нови вештини и сега онлајн ви го нуди списанието, преку кодот #KupivOdKiko, осигурувајќи се и секое списание да стигне кај читателите.
Игорче, со поддршка на „Порка Нова“, руши нови рекорди - и на продажба, но и на километри поминати на релација Радожда-Струга-Охрид, негова редовна маршрута на продажба на списанието.
Пепи, Горде, Кате, Анабела, Марица, од почетокот на пандемијата не продаваат на улица, но затоа, во Волково, вредно се грижат за градината и ви го нудат онлајн списанието со кодовите креирани за нив #KupivOdAnabela #KupivOdMarica #KupivOdKate #KupivOdPepi #KupivOdKate
Повеќе за Алмир ќе прочитате во актуелниот број, а од неодамна, тој е дел и од социјалното менторство. Придонесете за негова успешна работна интеграција!
Фотографии: Томислав Георгиев, Ема Тодоровска и Горан Ристовски
Постери: Ана Ристевска