Вклучување млади во активности кои се насочени кон Целите за одржлив развој на Обединетите нации, можност за искажување на гласот на генерацијата која ќе ги носи промените во општествата, нуди Youth Speak Forum, настан кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри мај, онлајн (пријавување на овој линк).
Организаторите, најголемата светска младинска организација AIESEC, споделуваат дека целта е обезбедување платформа во која младите ќе се едуцираат за модерните проблеми глобално и локално:
- Предвидено е учество на истомисленици - компании и организации, кои се залагаат за општествен развој и соодветно вклучување во дискурсот за решавање на проблемите, притоа обезбедувајќи посветла иднина за сите нас по пат на ангажирање на висококвалитетна младина која воедно ќе биде главниот двигател на општествените промени во иднината.

Од  YouthSpeak Forum исто така посочуваат и дека настанот ќе овозможи и проширување на мрежата контакти со влијателни претставници од приватниот и граѓанскиот сектор, како и директен, позитивен импакт на општеството. Ж
- Овој настан е наменет за спојување на поединци и организации кои се стрема кон исти цели, за да се ангажираат и креираат нови можности за младите во Македонија – велат органзиаторите.
Еве уште неколку причини за учество на Youth Speak Forum:

✅ Платформа каде младите можат да го искажат своето размислување за проблемите, меѓутоа и да стекнат повеќе информации за истите;

✅ Простор за networking и запознавање со влијателни компании и граѓански организации од истите сектори;

✅ Работа на случај и brainstorming сесии во соработка со приватниот и граѓанскиот сектор, преку кое ќе пронајдеме потенцијални решенија на проблемите;

✅ Директно влијание врз локални и глобални проблеми;

✅ Придонес кон  Целите за одржлив развој на Обединетите нации;

✅ Networking и ширење на мрежата на контакти со истомисленици и млади активисти кои се борат за подобро утре;

✅ Бесплатен и онлајн настан;



AIESEC има за цел развој на младите преку добивање на можност да го истражат и развијат својот лидерски потенцијал, а преку тоа да ги подобриме квалитетот и условите за живеење во општеството во целина за сите. Организацијата е присутна во повеќе од 114 земји и територии, и работи на активирање на лидерство кај младите од 1948. До сега има над 1.000.000 млади луѓе поминале низ AIESEC искуството.




Линк до настан на ФБ


Линк за пријавување


Линк до ИГ профил


Линк до ФБ профил


Линк до LinkedIN профил: https://www.linkedin.com/company/aiesecmacedonia?fbclid=IwAR0TU7VC7QSus0LBf-b7oOYeUod6nEl-yr5xObEq7hP2TvoO3ASii2KKrs8