Доза вести

Македонски зелен стартап награден на регионалниот натпревар за зелени идеи

Се надеваме дека нашиот мирис од портокал наскоро ќе ги замени сите штетни освежувачи во домовите, канцелариите, хотелите, автомобилите –изјави Марија Бургиева, македонската победничка.

Македонски зелен стартап на млади луѓе кој преку принципот на циркуларна економија ќе произведува есенцијални масла и ароматизери добиени од отпадни кори од портокали доби награда на регионалниот напревар за зелени бизниси „Balkan Green Ideas“ кој се одржа вчера во Белград.Здружението за социјални ...
Прочитај повеќе......

Ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово

Од романтичарска перспектива станува збор за слобода за одлучување на сопствената судбина, слобода во однос на наметнатите улоги и идентитети, слобода од ограничувањата што ни ги пласира угнетувачкото општество и слободата да се изразуваат мислите и да се претворат во акција, во живот, да се оживотворат, материјализираат – вели Пачкова во поканата за изложбата.

„Постоење низ акција“. Вака, ликовната уметница Дороти Пачкова, накусо ја опишува својата прва ретроспективна изложба, насловена „Ретроспектив-ретроактив”, која ќе се отвори во петок, 29-ти октомври од 14 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.Пачкова, која е и позната активистка за родова ...
Прочитај повеќе......

Цепенков „проговори“ на знаковен јазик

Битолска театарска екипа ја креираше првата професионална претстава на знаковен јазик во нашата земја на македонски јазик.

Да беше жив Марко Цепенков, кој знае какви приказни ќе исплетеше за најгорливите предизвици на денешнината. Битолска театарска екипа, се стави „во негова кожа“ и ја креираше „Три“ - прватапрофесионална претстава на знаковен јазик во нашата земја на македонски јазик. Работена е според приказната на ...
Прочитај повеќе......

„Сестри“ на Дина Дума е македонски кандидат за Оскар

„Сестри“ на режисерката Дина Дума ќе биде македонски претставник за наградата Оскар за најдобар странски филм за 2022 година, одлучи Комисијата при Друштвото на филските работници во Македонија.Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.Комисијата беше во ...
Прочитај повеќе......

Ученици од Кавадарци, Куманово, Прилеп и од Маврово-Ростуше онлајн учествуваа на „Џифони Македонија“

Педесетина ученици од Кавадарци, Прилеп, Куманово и од Маврово-Ростуше во изминатите денови учествуваа на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од своите училишта или домови. Преку т.н Џифони-хабови тие ги следеа активностите на кадетите и сениорите, гледаа филмови, се вклучуваа во ...
Прочитај повеќе......

„Текстилијада“ во Штип - за подобри права на работниците и работничките!

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип по петти пат го организира настанот „Текстилијада“ што ќе се одржи во Штип во периодот од 7 до 9 октомври, 2021 година.Под мотото „Известувањето и улогите во борбата за работнички права“, настанот кој е најголемиот од ваков вид ...
Прочитај повеќе......

Петти Медиумски фестивал Скопје, годинава со фокус на „жените во медиумите“

Петтото издание на „Медиумскиот фестивал Скопје“ започнува утревечер (5 октомври) во 20 часот, со дискусија посветена на годинешната фестивалска тема „Жените во медиумите“. Истражувачката новинарка Сане Терлинген од Холандија и Елиса Муњос, раководителката на Меѓународната медиумска фондација на ...
Прочитај повеќе......

Стартува деветтото издание на Филмскиот фестивал за млади, „Џифони Македонија“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно во живо. По минатогодишното онлајн-издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомври во Скопје, на добро познатите локации: во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во киното „Милениум“. Веќе неколку дена ...
Прочитај повеќе......