Доза вести

Колку идеите на младите социјални претприемачи го менуваат општеството?

Социјалната економија кон која стремат младите преку своите идеи - не е само тренд, туку пресврт во економијата кој лесно и мерливо одговара колку социјалните претпријатија прават добро.

„Колку младите, како социјални претприемачи, преку своите идеи, влијаат на позитивниот развој на општеството, на опкружувањето?“ За да одговориме на ова прашање, потребни ни се индикатори, мерења на состојбите (пред и потоа), а, веројатно, и дефиниција на социјално претприемништво. Од прашањето, во ...
Прочитај повеќе......

Светот денеска „се бои“ во портокалово за да се стави крај на насилството врз жени и девојчиња

„Обој го светот портокалово: Крај на насилството врз жените сега!“ е насловена овогодинешната кампања за 16-те дена активизам против насилство врз жени и девојчиња која ќе мобилизира за застапување за инклузивни, сеопфатни и долгорочни стратегии, програми и ресурси за спречување и елиминирање на ...
Прочитај повеќе......

Да се вклучиме во создавањето (нај)добра општина

Апликацијата „мЗаедница“ генерира податоци за 16 теми кои се од интерес на граѓаните, со што општината во секој момент може да има увид во приоритетите на граѓаните, критичните точки, динамиката на вклученост на граѓаните но и типот на корисници на самата апликацијата. Овие податоци го подобруваат процесот на носење на одлуки, транспарентноста и отчетноста на општините, а со тоа ја унапредува и довербата на граѓаните во институциите.

Граѓаните во секоја општина се соочуваат со скршени клупи, корпи за отпадоци, улични светилки, уништени паркови и отпад кои се во надлежност на општините. Понекогаш овие проблеми стигнуваат до соодветните сектори на општина со задоцнување, и повеќе средства се трошат за нивно санирање.  Oд неодамна,...
Прочитај повеќе......

Младите ќе дискутираат за важноста на медиумската писменост во образовниот процес

Во понеделник, 22 ноември, во рамки на настанот „Младите размислуваат”, (во организација на ИРЕКС и Македонскиот институт за медиуми), што ќе се случува во хотелот Александар Палас (Конгресна сала), Скопје, ќе се одржи дебата помеѓу различни групи млади, кои ќе дискутираат за важноста на ...
Прочитај повеќе......

Документарниот филм „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“ - вечерва и утре во Кинотека

Приказната ја следи Ема Ертлунд, девојка со интелектуална попреченост како го остварува својот сон да учествува на модна ревија.

Документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског ќе биде прикажан вечерва во 20 часот и утревечер во 18 часот во Кинотеката на Северна Македонија. Станува збор за особено популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кои им ...
Прочитај повеќе......

Театар на сенки во пандемија – нови форми, ист ентузијазам

Гостување во Москва, работилници со деца, експериментални форми на театар за публика од четири луѓе, но, и големи меѓународни проекти се дел од активностите на „Сенки и облаци“, театарска група од Скопје.

Овде пола Гугл не работи, ни велат пријателите од „Сенки и облаци“, кои ги „начекавме“  на гостување во Москва, Русија, со чет предлог за интервју за нивните нови активности. Ноември е вообичаен период кога тие се „главни“ со нивниот „Сонот на облачето“, на кој низ годиниве, публиката особено му се ...
Прочитај повеќе......

Сакаме да се дружиме со вас- лице в лице!

Продавачите на „Лице в лице“ , во пандемијава се соочија со предизвикот на намалена продажба, но и намалена комуникација со купувачите. Тоа влијае на нивната мотивација и блискоста навистина им недостига! Затоа акцијата „ЛицевлицеПредизвик“ ги активира граѓаните во заедничка дружба и продажба на терен. Оваа недела, се дружевме со Марија и Стефанија, инстаграм блогерки.

Две вљубенички во природата и авантурите, инстаграм блогерките Марија Ѓурчиновска и Стефанија Видовски Jанева, беа дел од „Лице в лице предизвикот“ минатиов викенд и се дружеа со Ерџан и Мемет, или, како што ги нарекоа- #ГрадскитеХероиНаЛвЛТимот Марија и Ерџан продадоа повеќе списанија од Стефанија ...
Прочитај повеќе......

Отворање Центар за социјални претпријатија и старт на Првиот Национален саем за овие ентитети

Во петок, 19 ноември, во 10.30 часот, на булевар Македонија бб, позади Спомен куќата на Мајка Тереза, ќе биде отворен Центарот за социјални претпријатија и Првиот Национален саем за социјални претпријатија. Настанот ќе понуди размена на идеи, заемна едукација и инспирација, а , паралелно, во ...
Прочитај повеќе......

Денови на медиумска писменост за децата и младите: „Виртуелно или реално - правилата се исти“

Од 22 до 29 ноември 2021 ќе се одржат третите Денови на медиумска писменост (ДМП 2021). Мрежата за медиумска писменост овојпат ги посветува ДМП на децата и младите, мотивирана од најновиот развој на полето на медиумската писменост во нашата земја - официјалното влегување на медиумската писменост во ...
Прочитај повеќе......

Прва македонска платформа за поврзување на студенти и компании - Бинтерн

Бинтерн е прва платформа во Македонија која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување. Стартап компанијата  е поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој како иновативен производ и решение.Целта на Бинтерн е да им овозможи на студентите побрз и поедноставен ...
Прочитај повеќе......

Со Велес стартуваат регионалните саеми за социјални претпријатија

Првиот, од серијата регионални саеми за социјални претпријатија, кои во текот на ноември 2021 година, ќе се одржат низ повеќе региони во државава, ќе стартува денеска на Градскиот плоштад во Велес, од 11 до 15 часот.Овој саем ќе ги опфати социјалните претпријатија од Вардарскиот регион, а ќе ...
Прочитај повеќе......

„Куферот на Хана“ - книга што ги едуцира децата за холокаустот - објавена на македонски јазик

Во спомен на жртвите на холокаустот и на кобната Кристална ноќ, која се смета за почеток на погромот и злосторството врз Евреите низ Европа, вчеравечер (9 ноември) во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа промоцијата на книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин....
Прочитај повеќе......

Промоција на водич за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите

Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, заедно со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Коалицијата Маргини и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, организираат заедничка промоција на „Водич за мониторинг на регулаторното тело за медиуми на Северна Македонија за ...
Прочитај повеќе......

Кои се перспективите за иднината на работата и работните места?

 “Future of work” e насловен настанот што ќе се случува денес во 17 часот на платформата зум, и кој ќе опфати три панел дискусии со осврт на прашањето „Кои се во иднина потребните професии и кариери кои во денешно време недостигаат на пазарот на труд?“.  Прашањето ќе биде анализирано од три ...
Прочитај повеќе......

„И јас сум тука“ – преку уметноста можеме да упатиме едноставни, но силни пораки во борбата со предрасудите

Сите херои во книгите „И јас сум тука“ и „Не престанувајте да се гушкате“, се важни. Приказните и поуките што ги испраќаат до сите нас патуваат надвор од Шведска, преку светот стигнаа и во Македонија – рече литературната критичарка Александра Јуруковска синоќа на промоцијата на овие две дела што се ...
Прочитај повеќе......

#ЛицевлицеПредизвик Powered by Challenger

Броиме чекори и продадени списанија, разговараме за зелено и инклузивно претприемништво, штедиме CO2, шириме позитивна енергија!Два тима, продаваат „Лице в лице“ низ улиците на Скопје и онлајн, се движат пеш или со точак и споделуваат добри практики.Теренската дружба е закажана за сабота, 6-ти ...
Прочитај повеќе......

Отворена изложбата „И јас сум тука“ - за борба против предрасудите за лицата со попреченост!

Вечерва во 19 часот во Кинотеката ќе биде промовирана книгата со приказни и фотографии на 20 лица со интелектуална попреченост – „И јас сум тука“. Исто така, ќе следува и промоција на македонскиот превод на книгата со цитати од актерите на „Глада Худик“ – „Никогаш не престанувајте да се гушкате“

Децата не се раѓаат со предрасуди, тоа е клучно во односот кон луѓето со посебни потреби. Еднаквоста и еднаквите можности за сите се клучни вредности и приоритети за мојата земја, Шведска. Во нашата работа тука во Северна Македонија, оваа перспектива на демократски права, човечки права, работнички, ...
Прочитај повеќе......

Најсиромашните се меѓу најпогодените од климатската криза

Меѓународната мрежа на уличен печат, чие седиште е во Глазгов, каде деновиве се одржува Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), апелира за климатска правда

Очите на светот се вперени во Глазгов, каде од денеска до 12-ти ноември се одржува Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26). Токму во Глазгов, е и седиштето на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП), чија членка е и „Лице в лице“. ИНСП ги повикува лидерите да преземат ...
Прочитај повеќе......

Со изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ во борба против предрасудите кон лицата со посебни потреби

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ ја најавува изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“, која ќе биде отворена утревечер (2 ноември) во 19 часот во холот на Кинотеката. Во изложбата се вклучени 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а ...
Прочитај повеќе......