Доза вести

Одбележување на Светскиот ден на ретки болести

Централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести ќе се одржи утре, сабота 29.02.2020, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во Охрид.Под мотото „Многу сме! Силни сме! Горди сме!“, со боење на дланките како симболика за 5% од пациентите со ретки болести за кои има лек, но, ...
Прочитај повеќе......

Промовирана стихозбирката „Јас сум Цако" од Александар Матовски-Цако

Во емотивна атмосфера, со музички и танцов перформанс, проекција на видео и читање поезија, вчеравечер (25 февруари) во киното „Фросина" во Младинскиот културен центар, беше промовирана стихозбирката „Јас сум Цако".

Песните од книгата, што е во издание на „Арс Либрис", дел од „Арс Ламина – публикации, се нежни и едноставни.– Цако ги ниже песните како бисери, за секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува, како лирски слики. Од нив извира чиста емоција од некој што животот го живее со ...
Прочитај повеќе......

Поглед низ клучалката на психијатриската болница во Демир Хисар    

„Многу луѓе многу погледи“ е македонски проект за кој зборува Европа,  вреден обид, демирхисарското болничко сивило да го обои со боите на Охрид погледнат низ фото-објективот на една маргинализирана група - психијатриски пациенти, на кои им дава човечко достоинство и чувство на припадност во европското семејство.

Тенката линија меѓу творењето и психијатриските болести, нивната поврзаност и уникатноста на делата на овие луѓе, како и куративниот досег на арт-терапијата, признавам, беше претенциозната идеја за која сакав да пишувам и со која пред неполн месец, заминав во посета на Центарот за рехабилитација ...
Прочитај повеќе......

Tимот на „Медена земја": Бескрајно сме горди на двете номинации за Оскар

Тимот на македонскиот документарец „Медена земја" во состав: режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, како и главната протагонистка, Атиџе Мурaтова, денеска во киното „Фросина" во Младинскиот културен центар одржа ...
Прочитај повеќе......

Средба на претседателот Пендаровски со продавачи на уличното списание „Лице в лице“

Денеска, во рамки на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, (03.02 – 09.02.2020), во просториите на „Млади Хаб“, беше остварена средба меѓу  претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и со продавачите на единственото улично списание за одржлив развој „Лице в лице“,...
Прочитај повеќе......

Собранието на Македонија и официјално – пријател на „Лице в лице“

Собранието на Република Северна Македонија од денес и официјално стана пријател на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“, кое го продаваат ранливи лица, а целта е нивно економско и социјално зајакнување низ процесот на работна интеграција и претприемништво. Оваа одлука беше донесена на јавна ...
Прочитај повеќе......

Ги запознаваме ретките болести: Склеродермија (Системска склероза)

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, Националната Алијансата за ретки болести одбликсу нѐ запознава со ретките болести во Република Македонија. Да ги дознаеме предизвиците и ...
Прочитај повеќе......

Цако стана дел од тимот на Град Скопје

Александар Матовски, познат како Цако, од денеска е дел од тимот на Град Скопје. Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека Цако ќе биде ангажиран во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во оваа област, а ...
Прочитај повеќе......

Промоција на новата книга на Ана Јовковска

Издавачки центар „Три“ на 5 февруари (среда) ќе ја промовира новата книга „Сакам, значи постојам“ на познатата новинарка и активистка Ана Јовковска. Промоцијата ќе се одржи во арт-локалот „ЛИ“, со почеток од 19 часот.„Сакам, значи постојам“  е натопена во љубов, животни искуства, болка, слобода и ...
Прочитај повеќе......