Доза вести

Скопје добива прв поетски фестивал

Ова нема да е исклучиво поетски фестивал, ниту исклучиво скопски фестивал, ова е фестивал што има за цел да обединува, да поврзува, да нуди простор за комуникација на културите и на уметностите, да поттикнува и да нѐ предизвикува. Време е нашата генерација да му даде нешто на овој град и да оставиме нешто за генерациите по нас, вели Јулијана Величковска, дел од организаторите на Скопски поетски фестивал

Првиот Скопски поетски фестивал, кој претставува синергија на уметностите, поврзани на иновативен и забавен начин, ќе се одржи од утре, 1-ви до 3-ти септември во Младинскиот културен центар во Скопје.Станува збор за новооснован интернационален фестивал, чија цел е, преку поезијата, ќе ги поврзе не ...
Прочитај повеќе......

Свечено се затворија јубилејните 60-ти „Струшки вечери на поезијата“

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, вчеравечер заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга”, вчеравечер заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Годинава наградата „Браќа Миладиновци“ ја доби поетесата Лидија Димковска за збирката „Гранична ...
Прочитај повеќе......

Доделени пет награди и четири специјални признанија на завршната вечер на „Македокс“

Со прогласувањето на наградените филмови, проекцијата на долгометражниот документарец „Хелмут Њутн: Лошите и убавите“ на Геро фон Бом и концертот на Тони Китановски и неговиот бенд во рамките на „Ноќни приказни“ на 26 август заврши 12. издание на „МакеДокс“.На овогодишното издание на „МакеДокс“ беа ...
Прочитај повеќе......

RISE го oтвори вториот повик за поддршка на млади социјални претприемачи

Проектот RISE започнува со вториот отворен повик за апликации за млади претприемачи од нашата земја и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија за развој на идеи за социјални претпријатија. Преку серија работилници, предавања, средби, програми за мобилност и финансиска поддршка, ...
Прочитај повеќе......

Сергеј Андреевски со изложба „Азбука“ посветена на Блаже Конески

Со изложбата „АЗБУКА“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски  вечерва на Широк Сокак во Битола се затвора 17. издание на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“.-Изложбата ја посветувам на нашиот великан Конески. Блаже Конески е и А и Ш во нашето современо живеење. Тој ги постави темелите на ...
Прочитај повеќе......

Со документарните филмови „Е14“ и „Хелмут Њутн: Лошите и убавите“ завршува „МакеДокс“

На последниот ден од 12. „МакеДокс“ денеска ќе бидат објавени наградите и ќе бидат прикажани краткиот документарен филм „Е14“ на Пејмен Зекават и долгометражниот документарец „Хелмут Њутн: Лошите и убавите“ на Геро фон Бом.Поради голем интерес на публиката, вечерва од 20:30 часот, на платото пред ...
Прочитај повеќе......

Македонска премиера на филмот „Сава“ на „Македокс“

На Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ вечер од 23 часот во Куршумли ан македонска премиера ќе има документарецот „Сава“ – патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија.  Во траење од 74 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, ...
Прочитај повеќе......

Почна обуката на социјални ментори во Македонија

Новиот профил на професионалци – социјалните ментори ќе придонесат во создавањето на инклузивен пазар на труд, но и ќе им помогнат на компаниите да не им се одлева работната сила.

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), започна со обука на првата група социјални ментори од Македонија, (ментори за работна интеграција) кои што ќе ги подготвуваат тешковработливите лица при влез на ...
Прочитај повеќе......

Со документарецот „Луѓето од гаражите“ вечерва почнува 12. издание на „МакеДокс“

Со документарниот филм „Луѓето од гаражите“ (Германија, 2020, 93 мин.) на сценаристката и режисерка, Наталија Јефимкина, вечер во Куршумли-ан,  ќе биде отворено 12. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во истиот блок, којшто почнува во 21 часот, ќе биде прикажан и ...
Прочитај повеќе......

Овогодишното издание на „МакеДокс“ стартува под мотото „Што сега?“

– „Што сега“ или „Where do we go now“ е мотото на годинашното 12-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржи на четири локации од 19 до 26 август во Скопје. Фокусот ќе биде насочен кон дистрибуцијата на документарниот филм, со посебен акцент на промоцијата на ...
Прочитај повеќе......

Лидија Димковска, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата

Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Димковска е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Гранична состојба“ во ...
Прочитај повеќе......

Од утре до осми август: Второ издание на Галичник филм фестивал – „Свој на своето!“

На амфитеатарот Упија во Галичник кој се наоѓа на 1500 метри надморска височина, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал.   Од 5 до 8 август, филмските проекции ќе се прикажуваат под отворено небо, а доцните часови ќе бидат резервирани за концерти со филмска музика.„Овој млад културен ...
Прочитај повеќе......