Уличното списание „Лице в лице“ постои веќе 8 години и континуирано се развива и расте, секогаш фокусирајќи се на социјалната правда и на принципите на еднаквост. Прочитајте го интервјуто со Анета Ристеска во коешто Платформ.мк ги отвори прашањата за почетоците на списанието, предизвиците пред и по Ковид-19, како и позитивните општествени промени кои се појавија во нашата држава благодарејќи на „Лице в лице“
вторник, 05 јануари 2021 16:11 лице в лице, дигитална платформа
П: Какви беа почетоците на Лице в Лице и како се роди идејата за списанието? АР: Платформата за одржлив развој, „Лице в лице“ е дел од едно глобално движење во светот, кое датира уште од 90-те години. Идејата на светското движење на уличниот печат, генерално, е да биде одговор за излез од кругот на ...