Доза вести, ЗЕНици, Лице в лице

Над 400 млади на „Џифони Македонија“: фестивалот годинава ги истражува „Невозможните нешта“

„Џифони Македонија“ 2026: Филмови, млади и „Невозможните нешта“

Од 24 до 29 септември, 14. издание на младинскиот филмски фестивал носи повеќе од 80 филмови, осум работилници и средби на младата публика со филмски автори од Македонија и Европа.

Што ни изгледа невозможно – затоа што не можеме да го направиме, затоа што не можеме да го разбереме или затоа што сè уште не сме се осмелиле да го замислиме? Со ова прашање годинава се занимава 14. издание на младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“, кој ќе се одржи од 24 до 29 септември, под темата „Невозможните нешта“.

Носечката тема на фестивалот е „Невозможните нешта“, а годинава, вниманието се насочува кон младите од генерациите З и Алфа, како и кон начинот на кој тие го доживуваат филмот, медиумите и реалноста која брзо се менува. Наместо невозможното да го претстави само како пречка, „Џифони“ го отвора како простор за прашања за она што не можеме да го контролираме, решиме, или пак, не можеме целосно да го разбереме.

Повеќе од 80 филмови и осум работилници

На годинешното издание се пријавени повеќе од 400 учесници, а се очекува да учествуваат и околу 30 млади гости од Италија, Данска, Романија, Србија и Косово.

Филмската програма носи повеќе од 80 долгометражни и краткометражни филмови, распоредени во неколку натпреварувачки категории: за најдобар долгометражен, краткометражен и анимиран филм, како и за филм создаден од ученици од основните и средните училишта.

Меѓу македонските автори чии кратки филмови ќе бидат прикажани се Крсте Господиновски, Ханис Багашов, Трифун Ситниковски, Оливера Каменаровска, Лора Милошевска, Кирил Цеков и Фросина Захда.

Натпреварувачката програма ќе ја отвори македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума. Од регионот пристигнува и црногорскиот филм „Видра“ на Срџан Вулетиќ, додека во јуниорската селекција ќе биде прикажан хрватскиот „Вториот дневник на Паулина П.“, во режија на Невен Хитрец. Останатите долгометражни филмови доаѓаат од повеќе европски земји, а краткометражната програма носи филмови од целиот свет.

Филмот продолжува и по одјавната шпица

Еден од препознатливите делови на фестивалот се разговорите меѓу младата публика и филмските автори. Годинава досега се потврдени гостувања на четворица режисери на долгометражни филмови, кои по проекциите ќе разговараат со учесниците и ќе одговараат на нивните прашања.

Така, гледањето филм не завршува со одјавната шпица. Проекциите продолжуваат во разговори, прашања и размена на искуства – простор во кој младите не се само публика, туку учествуваат во толкувањето и преиспитувањето на она што го гледаат. Покрај филмската програма, фестивалот носи и осум работилници, преку кои учесниците ќе можат да создаваат, да учат и да соработуваат.

За повеќе од 400 млади учесници, фестивалот е и можност да се сретнат со врсници од други училишта, градови и земји, да разменат искуства и заедно да создаваат.

И отпадот станува материјал за создавање

Еколошката компонента и годинава е дел од фестивалската програма. Во соработка со „Пакомак“ ќе продолжи акцијата за селектирање и рециклирање отпад, а годинава првпат се воведува и ЕКО ЛАБ, работилница поддржана од Град Скопје.

На работилницата младите ќе користат пластични шишиња како материјал за создавање нови предмети со 3Д печатач.

Фестивалот годинава го насочува вниманието кон светот на младите од генерациите З и Алфа и кон начинот на кој тие ги доживуваат филмот, медиумите и реалноста што брзо се менува. Наместо невозможното да го претстави само како пречка, фестивалот го отвора како простор за прашања – за она што не можеме да го контролираме, решиме или целосно да го разбереме.

Повеќе од 80 филмови и осум работилници

На годинешното издание се пријавени повеќе од 400 учесници, а се очекува да учествуваат и околу 30 млади гости од Италија, Данска, Романија, Србија и Косово. Филмската програма носи повеќе од 80 долгометражни и краткометражни филмови, распоредени во неколку натпреварувачки категории: за најдобар долгометражен, краткометражен и анимиран филм, како и за филм создаден од ученици од основните и средните училишта.

Меѓу македонските автори чии кратки филмови ќе бидат прикажани се Крсте Господиновски, Ханис Багашов, Трифун Ситниковски, Оливера Каменаровска, Лора Милошевска, Кирил Цеков и Фросина Захда.

Натпреварувачката програма ќе ја отвори македонскиот игран филм „Скејбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума.

Од регионот пристигнува и црногорскиот филм „Видра“ на Срѓан Вулетиќ, додека во јуниорската селекција ќе биде прикажан хрватскиот „Вториот дневник на Паулина П.“, во режија на Невен Хитрец. Останатите долгометражни филмови доаѓаат од повеќе европски земји, а краткометражната програма носи филмови од целиот свет.

Филмот продолжува и по одјавната шпица

Еден од препознатливите делови на фестивалот се разговорите меѓу младата публика и филмските автори. Годинава досега се потврдени гостувања на четворица режисери на долгометражни филмови, кои по проекциите ќе разговараат со учесниците и ќе одговараат на нивните прашања.

Така, гледањето филм не завршува со одјавната шпица. Проекциите продолжуваат во разговори, прашања и размена на искуства – простор во кој младите не се само публика, туку учествуваат во толкувањето и преиспитувањето на она што го гледаат.

Покрај филмската програма, фестивалот носи и осум работилници, преку кои учесниците ќе можат да создаваат, да учат и да соработуваат.

За повеќе од 400 млади учесници, фестивалот е и можност да се сретнат со врсници од други училишта, градови и земји, да разменат искуства и заедно да создаваат.

И отпадот станува материјал за создавање

Еколошката компонента и годинава е дел од фестивалската програма. Годинава ќе продолжи акцијата за селектирање и рециклирање отпад, а годинава првпат се воведува и работилницата „Еко лаб“ на која младите ќе користат пластични шишиња како материјал за создавање нови предмети со ЗД печатач.