„Скејтбордингот не е за девојчиња“ и „Шефот и слаткото девојче“ ги освоија младите џифонци на „Џифони Македонија“
На 14. издание на фестивалот младите избраа најдобри играни, кратки и анимирани филмови, а тројца учесници се издвоени како најактивни и ќе добијат можност да учествуваат на „Џифони експериенс“
Играниот филм на режисерката Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е најдобриот игран филм, според жирито на сениорите и кадетите, односно, средношколците кои учествуваа на 14. Младински филмски фестивал „Џифони Македонија“, што беше затворен синоќа. Јуниорите, односно, учесниците од шесто до деветто одделение, кои работеа во Кинотека на Македонија, го прогласија „Шефот и слаткото девојче“ во режија на Андреа Порпорати за најдобар игран филм.
За јуниорите најдобар краток филм беше „Мило“ во режија на Даниеле Фабиети, додека за сениорите „The Mole“, во режија на Марко Санторо. Најдобар анимиран краток филм е Cinema Rialto од Кипар, во режија на Антони Петроу.
Најдобар краток ученички филм за основнци е филмот „1863: Американска крв“ (1863: American Blood Director) на режисерот Лео Кан. Најдобари кратки ученички филмови за средношколци е „Не биди тивок – пријави малтретирање“ (Don’t Be Silent – Report harassment) на режисерката Фросина Захда и „Reaching Seventeen“ на режисерката Марија Ковалева од Ерменија.

Најактивни џифонци годинава, според жиријата се: Леко Бардароски, Сара Драгниќ и Калина Ивановска. Тие се само дел од среќните што ќе учествуваат на „Џифони експериенс“ в година.
Синоќа во киното „Фросина“, џифонци покажаа што сè сработиле во изминатите пет дена додека траеше фестивалот. Кратки играни и документарни филмови, дел од мјузикл, цртежи и сл. „Џифони Македонија“ и годинава беше оаза за младите креативци и зона во која царува слободата и креативноста.
- Наташа Гелева – Лени: Дваесет години архива на oтпорот кон наметнатите рамки
- Yes for Less Викенд во Скопје: два дена за одржливи избори и локални еко-бизниси
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји