Форум за одржливост на социјалните и здравствените политики за лица со атипичен развој денеска во Скопје
Форумот „Одржливост на социјалните и здравствените политики за лица со атипичен развој“ ќе се одржи денеска од 12 до 14 часот во М6 Едукативен центар во Скопје. Настанот е организиран со поддршка на три ротаријански клубови, а на него ќе учествуваат и претставници од Здружението „Икуалити“.
На форумот се очекува учество на експерти и стручни лица кои работат во областа на социјалната и здравствената поддршка за лица со атипичен развој. Свои обраќања ќе имаат и заменик-министерот за труд и социјална политика, како и градоначалниците на скопските општини Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.
Целта на настанот е да се отвори конструктивен дијалог меѓу институциите, експертската јавност и граѓанскиот сектор за унапредување на политиките што се однесуваат на лицата со атипичен развој.
Организаторите посочуваат дека ваквите форуми се важни за креирање долгорочни и одржливи решенија во системот на социјална и здравствена заштита, како и за подобро вклучување и третман на лицата со попречености во општеството.
Во продолжение е агендата за настанот


- Светски ден на креативноста и иновациите: Повик за мапирање на македонските социјални претпријатија
- Од тишина до акција: Работилница за родови дезинформации и онлајн безбедност за млади
- Апокалипса во доба на „Бриџертон“
- Кој ја слуша женската сцена? „Женски Земјотрес Битола“ отвора простор за гласовите што недостигаат
- Книгите излегуваат на плоштад: Скопје го слави Светскиот ден на книгата со бесплатни изданија и настани