„Гугл мапс за почетници“: бесплатна работилница за дигитални вештини од АРНО
По повод 13 години работа, здружението АРНО организира бесплатна онлајн обука за граѓани кои сакаат практично да научат како да користат дигитални мапи, да планираат патувања и полесно да се снаоѓаат во секојдневието.
Здружението АРНО го одбележува својот 13-ти роденден со бесплатна онлајн работилница насловена „Гугл мапс за почетници“, која ќе се одржи во понеделник, 27.07.2026 година, од 12 до 12.40 часот, преку платформата „Зум“.
Од таму посочуваат дека ја организираат оваа работилница, продолжувајќи ја мисијата за поддршка на општествени иновации, зелен развој и дигитални вештини на граѓаните. Основачката и претседателка на АРНО, Ирина Јаневска, сподели:
– 2026-та година почна тешко за АРНО, во еден момент ќе изгубевме правец, но со многу верба, труд и добри координати остануваме да постоиме на мапата во граѓанскиот сектор. И така, знаејќи колку е важно да се има смер и добар совет, се одлучивме да подариме една бесплатна работилница за користење на „Гугл мапс“. На работилницата може да се пријават сите граѓани – вели Јаневска.
Работилницата е наменета за сите граѓани кои сакаат да ја совладаат секојдневната дигитална ориентација, да научат како полесно да се снаоѓаат во урбаната средина, да ја пронајдат најблиската аптека или продавница, да ги разберат тековните информации за сообраќајот и гужвите преку боите на мапата, како и да прават посложено планирање со додавање попатни точки.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на пријавата на овој линк.
- Тоа е што е
- Шведска има и свој „Див Запад“: три места што функционираат по свои правила
- Секој четврти ученик на 15-16 години се коцкал за пари, предупредува ХЕРА Млади
- „МакеДокс“ од 20 до 27 август: 71 документарец, Шпанија во фокус и над 100 гости
- Различни патишта, исти желби: Битола го одбележува 12-ти август, Меѓународниот ден на младите