Магазин, Одговорна иднина

И човек што страда може да им помага на другите

илустрација: Зоран Инадески

Да се би­де по­ма­гач е да се би­де при­ви­ле­ги­ран да им се да­ва под­др­шка на тие на кои им е по­треб­на. Тоа, по­не­ко­гаш, зна­чи це­лос­но пре­да­ва­ње на ми­си­ја­та на по­ма­га­ње­то и мож­ност да се до­жи­ве­ат си­те по­зи­тив­ни про­ме­ни на би­ти­е­то со кое си и на кое, мо­же­би, му прет­ста­ву­ваш ед­на од ре­тки­те лич­но­сти што ни­ко­гаш не се отка­жа­ла од него.
По­ма­га­чот, кој мо­же да би­де пси­хо­лог, пси­хо­те­ра­певт, со­ци­ја­лен ра­бот­ник… че­сто ну­ди еден по­и­на­ков мо­дел на гри­жа и на под­др­шка и го во­ди про­це­сот на по­втор­но ро­ди­телс­тво за кли­ен­тот со цел да му овоз­мо­жи мал­ку по­и­на­кви мо­де­ли на гри­жа во ол­ку оту­ѓе­но оп­штес­тво.
Жи­ве­е­ме во свет на мно­гу кра­тки ин­тер­пер­со­нал­ни ин­тер­вен­ции и до­кол­ку не­ко­ја не да­ва ре­зул­тат вед­наш, теж­не­е­ме бр­зо да се отка­же­ме. Ве­ро­јат­но не се отка­жу­ва­ат са­мо тие што би­ле та­му, кои го пре­жи­ве­а­ле тоа, тие што се свес­ни де­ка без под­др­шка и со­од­вет­на по­мош те­шко се пре­бро­ду­ва­ат и нај­ма­ли­те кри­зи. За­тоа, мно­гу е по­треб­но по­ма­га­чот да би­де све­сен за сво­и­те стра­да­ња и да ги ос­ло­бо­ди.

Пан­де­ми­ја­та до­не­се ран­ли­вост и за по­ма­га­чи­те

Нај­го­ле­ма­та ран­ли­вост кај по­ма­га­чи­те, пер­и­о­дов, мно­гу по­ве­ќе по­тек­ну­ва од лич­ни­от кон­текст и при­каз­на­та на по­ма­га­чот, откол­ку од не­го­ви­от про­фе­си­о­на­лен кон­текст. Ова бе­ше зак­лу­че­но од 80-ина пси­хо­ло­зи и по­ма­га­чи, кои во рам­ки на Де­но­ви на пси­хо­ло­ги­ја­та 2021 го­ди­на: Еден за си­те и си­те за еден (ка­ко дел од ве­би­на­рот на те­ма „Ра­не­ти­от те­ра­певт: му­дро­ста на ра­на­та“), раз­го­ва­раа за нив­на­та ран­ли­вост, по­себ­но наг­ла­се­на во пер­и­о­дот на пан­де­ми­ја.
Се отво­ри­ја пра­ша­ња­та: Зо­што пан­де­ми­ја­та до­не­се тол­ка­ва ран­ли­вост и за по­ма­га­чи­те? Зо­што неј­зи­на­та спе­ци­фич­на при­сут­ност во жи­во­тот на по­ма­га­чи­те при­до­не­се тие да ста­нат уште по­сен­зи­тив­ни и по­свес­ни за сопс­тве­на­та си­ла, но и за сопс­тве­на­та сла­бост? Зо­што на по­вр­ши­на, и во свес­ност, ја до­не­се нив­на­та ран­ли­вост? И ка­ко таа ди­рект­но вли­јае врз на­ма­лу­ва­ње на про­фе­си­о­нал­на­та под­го­тве­ност да се по­мог­не? Ка­ко по­ма­га­чи­те да ја слу­ша­ат и да учат од сво­ја­та ран­ли­вост и да ја ко­ри­стат за мно­гу по­со­од­вет­на и по­а­втен­тич­на, по­ху­ма­на ре­ла­ци­ја на по­ма­га­ње и на под­др­шка?
За да ја раз­бе­ре­ме ре­ал­но­ста, спо­де­лу­вам ли­чен и про­фе­си­о­на­лен кон­текст на по­ма­га­чи­те што ја ге­не­ри­ра­ат таа ран­ли­вост.

Гло­бал­но­ста на фе­но­ме­нот на пан­де­ми­ја

Пан­де­ми­ја­та ни се слу­чу­ва на си­те, без раз­ли­ка кој на ко­ја по­зи­ци­ја и во ко­ја уло­га се на­о­ѓа. По­ма­га­чи­те се дел од си­те слу­чу­ва­ња и се вна­тре со дру­ги­те. Се­пак, тие и по­на­та­му про­дол­жи­ја да по­ма­га­ат, и по­крај из­ме­не­ти­те ус­ло­ви. Тоа, се­ка­ко, вли­ја­е­ше да се про­ме­ни и про­це­сот на да­ва­ње по­мош.

Из­ме­не­ти ус­ло­ви на ну­де­ње по­мош

По­тре­ба­та за фи­зич­ка и за со­ци­јал­на изо­ла­ци­ја, ди­стан­ци­ра­ње, бе­скон­такт­на пра­кти­ка на ко­му­ни­ка­ци­ја, огра­ни­че­ни ви­зу­ел­ни кон­такт­ни ин­фор­ма­ции, при­до­не­соа за, до­то­гаш, не­и­ску­се­ни ус­ло­ви за ос­тва­ру­ва­ње ре­ла­ци­ја за ну­де­ње по­мош. Оваа из­ме­не­та си­ту­а­ци­ја, исто та­ка, пре­диз­ви­ка зго­ле­ме­на по­тре­ба за по­мош, ка­ко и по­тре­ба за про­на­о­ѓа­ње но­ви на­чи­ни на ну­де­ње по­мош и под­др­шка. 

Не­ло­гич­ни, а, се­пак, при­нуд­ни адап­та­ции и про­ме­ни во на­чи­нот на ну­де­ње по­мош

По­ма­га­чи­те поч­наа да го ме­ну­ва­ат на­чи­нот на ну­де­ње по­мош и под­др­шка што не бе­ше се­ко­гаш лес­но и сфат­ли­во. Беа спре­че­ни да ги ко­ри­стат мо­де­ли­те што ги ко­ри­стеа до­се­га. Ме­сто­то и по­зи­ци­ја­та од ко­ја се ну­ди по­мош е не­оп­ход­но по­со­од­вет­но да се прис­по­со­би на по­тре­би­те на си­ту­а­ци­ја­та, но и на кли­ен­ти­те, на нив­ни­те раз­би­ра­ња, сфа­ќа­ња и емо­ци­о­нал­на ре­ак­ци­ја на си­ту­а­ци­ја­та. Но­ви­те на­чи­ни мно­гу­па­ти се по­ка­жу­ва­ат ка­ко не­јас­ни, огра­ни­че­ни и не­до­стап­ни и оста­ва­ат мно­гу по­ма­га­чи и кли­ен­ти без мож­но­ста да ја да­дат, но и да ја ко­ри­стат под­др­шка­та во ус­ло­ви што им се воз­мож­ни.

Ре­ал­ни за­ка­ни и за­гу­би

Овој ас­пект вли­јае врз чле­но­ви­те на најб­ли­ски­те за­ед­ни­ци и на се­мејс­тва­та, и на по­ма­га­чи­те и на кли­ен­ти­те, кои до­то­гаш би­ле до­пол­ни­те­лен из­вор на под­др­шка и ре­сурс.

Ин­тен­зи­ви­ран и одол­жен стрес

Овој делне за­ви­си од са­ми­те по­ма­га­чи, ту­ку е акти­ви­ран од кон­тек­стот на ко­ле­ктив­но стра­да­ње, не­из­вес­ност и не­за­до­волс­тво. По­ра­ди тоа, со цел да на­у­чи да ја но­си оваа обре­ме­не­тост, по­ма­га­чот мо­ра да на­у­чи и да раз­вие до­пол­ни­тел­ни ве­шти­ни и пра­кти­ка на за­чу­ву­ва­ње на сопс­тве­но­то мен­тал­но­то здрав­је и на мен­тал­но­то здрав­је на тие со кои ра­бо­ти.

Си­те до­то­гаш­ни слу­чу­ва­ња во жи­во­тот

Овој дел е не­по­вр­зан со гло­бал­ни­от фе­но­мен на пан­де­ми­ја. Ва­кви­те слу­чу­ва­ња до­пол­ни­тел­но го акти­ви­ра­ат по­ма­га­чот на одре­де­на и не­му спе­ци­фич­на бор­ба за со­о­чу­ва­ње, а до­а­ѓа­ат од не­го­ва­та лич­на жи­вот­на па­те­ка и раз­вој­ни слу­чу­ва­ња и пре­диз­ви­ци. Овој пат, тие се до­пол­ни­тел­но обре­ме­не­ти со огра­ни­че­ни­от при­стап до ре­сур­си и кон­та­кти што во по­и­на­кво вре­ме мно­гу по­лес­но би ги ко­ри­сте­ле.

Ран­ли­во­ста пот­тик­ну­ва по­вр­зу­ва­ње и под­др­шка пре­ку раз­би­ра­ње

Се сме­та де­ка знае да по­мог­не тој што го по­ми­нал па­тот, ја по­чув­ству­вал бол­ка­та и знае да по­ну­ди под­др­шка од ед­на сво­ја пр е­поз­на­е­на по­зи­ци­ја на ра­не­тост. Ра­не­то­ста кај по­ма­га­чи­те е иста со таа кај кли­ен­ти­те. Раз­ли­ка­та е де­ка по­ма­га­чот има из­гра­де­но по­го­ле­ми вна­треш­ни и над­во­реш­ни ре­сур­си на под­др­шка, кои знае да ги осве­сти и упо­тре­би во мо­мент на по­тре­ба. Во­ед­но, мно­гу по­бр­зо знае да пре­поз­нае ко­га се акти­ви­ра емо­ци­о­нал­но­то про­це­си­ра­ње на стра­да­ње­то и да доз­во­ли тоа да се слу­чи та­ка што не­ма да го ис­цр­пи, ту­ку ќе го за­си­ли и мо­ти­ви­ра. По­ма­га­чот не се пла­ши од сво­и­те огра­ни­чу­ва­ња и стра­да­ња. Јас­но ко­му­ни­ци­ра со нив и ги ко­ри­сти. Тој не се крие од на­дој­де­ни­те емо­ции, им се ра­ду­ва и ги ко­ри­сти во ре­ла­ци­ја со кли­ен­тот за да го за­поз­нае со ре­ал­но­ста на про­це­сот.
Еве не­кои ас­пе­кти на гле­да­ње на ран­ли­во­ста на по­ма­га­чот ка­ко ме­сто на ино­ва­ци­ја, кре­а­тив­ност и про­ме­ни, ка­ко што ги де­фи­ни­ра и истра­жу­вач­ка­та и пи­са­тел­ка Бре­не Бра­ун.  

Ран­ли­во­ста пот­тик­ну­ва по­вр­зу­ва­ње и под­др­шка пре­ку раз­би­ра­ње. Пре­ку спо­де­лу­ва­ње на сопс­тве­на­та ран­ли­вост и оста­ну­ва­ње­то отво­ре­ни дру­ги­те да ја ви­дат и до­жи­ве­ат, ка­ко по­ма­га­чи, мо­де­ли­ра­ме сли­ка за на­ши­те кли­ен­ти де­ка е во ред да се по­ба­ра и до­бие по­мош во да­ден пер­и­од на жи­во­тот. Во исто вре­ме, тоа зна­чи и акти­ви­ра­ње на на­ши­те си­ли на заз­дра­ву­ва­ње и на ра­ко­во­де­ње со на­ша­та ран­ли­вост пре­ку по­ви­ку­ва­ње на лич­но­то искус­тво. До­кол­ку ние тоа го пре­поз­на­е­ме и иско­ри­сти­ме и на­ши­те кли­ен­ти ќе го пре­поз­на­ат и иско­ри­стат за се­бе.

Ран­ли­во­ста на по­ма­га­чот и на­чи­нот на кој ја пре­поз­на­ва и ко­ри­сти во ре­ла­ци­ја на тој ко­му му по­ма­га, го пре­зен­ти­ра про­це­сот: раз­лич­на­та при­сут­ност и те­че­ни­е­то на бол­ка­та низ раз­лич­ни­те кли­су­ри на стра­да­ње­то. Таа са­мо по­сил­но нѐ вра­ќа кон се­бе и по­тсе­ту­ва на тоа што го има­ме за­бо­ра­ве­но за се­бе. Ја по­ткре­ва на­ша­та моќ и то­ле­ран­ци­ја на не­при­јат­но­то. Ја хра­ни на­ша­та вер­ба во воз­мож­но­то, де­ка и ра­нет чо­век, чо­век што стра­да, мо­же да ве­ру­ва и да им по­ма­га на дру­ги­те. 

Ран­ли­во­ста на по­ма­га­чот го нор­ма­ли­зи­ра стра­да­ње­то на тој на кој му по­ма­га. Ко­га сме на по­зи­ци­ја на не­кој ко­му му тре­ба по­мош, че­сто ја ми­то­ло­ги­зи­ра­ме са­ма­та по­зи­ци­ја ка­ко ме­сто на кое има про­стор са­мо за сла­бо­сти­те, за ма­ни­те и за де­вал­ва­ци­ја­та. По­ма­га­чот е не­кој што знае, пре­поз­на­ва, мо­же да да­де, од ко­го мо­же да се оче­ку­ва, да се зе­ме, да се иско­ри­сти. Ко­га, пак, по­ма­га­чот стра­да и е ра­нет, то­гаш уште по­сил­но ја ва­ло­ри­зи­ра нор­мал­но­ста де­ка е „во ред“ да се стра­да, но, и де­ка е „ок“ да се до­бие по­мош за еден ден, во да­ден мо­мент, да се из­ле­зе од единс­тве­на­та по­зи­ци­ја на до­би­ва­ње по­мош.

Ран­ли­во­ста ко­ег­зи­сти­ра со бла­го­дар­но­ста на жи­ве­е­ње­то

Ра­не­ти­от по­ма­гач, исто та­ка, пре­поз­на­ва и до­би­ва огром­на под­др­шка од тој ко­му му по­ма­га. Ко­га ќе доз­во­ли да се слу­чи тоа, тој му обез­бе­ду­ва на сво­јот кли­ент да пра­кти­ку­ва мал­ку по­и­на­кво од­не­су­ва­ње, од­не­су­ва­ње кон над­вор, кон око­ли­на­та, да ја при­ка­же и пре­зен­ти­ра сопс­тве­на­та си­ла за по­ма­га­ње и под­др­шка. Тоа сил­но вли­јае на са­мо­до­вер­ба­та кај кли­ен­тот и оз­на­чу­ва го­ле­ма до­вер­ба во не­го­ви­те ка­па­ци­те­ти да ги во­ди и сопс­тве­ни­те про­це­си.  Ва­ква­та мож­ност  го ва­ди кли­ен­тот од не­го­ва­та единс­тве­на по­зи­ци­ја на тој на кој единс­тве­но му е по­треб­на по­мош во по­зи­ци­ја на не­кој што мо­же да по­мог­не и да си по­мог­не, кој е спо­со­бен, кој мо­же, кој знае.

Жи­вот­ни­те про­це­си ко­ег­зи­сти­ра­ат еден до друг, ка­ко што ран­ли­во­ста ко­ег­зи­сти­ра со бла­го­дар­но­ста на жи­ве­е­ње­то. Ед­но­то не го иск­лу­чу­ва дру­го­то, ту­ку го на­до­пол­ну­ва. Ка­ко што жи­вот­ни­от оп­ти­ми­зам нѐ де­фи­ни­ра, та­ка нѐ де­фи­ни­ра­ат и на­ши­те луз­ни од на­ши­те стра­да­ња. На­ши­те луз­ни го­во­рат за се­којд­нев­ни­от хе­ро­и­зам на жи­ве­е­ње­то, ја раз­не­би­ту­ва­ат илу­зи­ја­та на со­вр­ше­ни­от жи­вот и се­моќ, ги но­сат мно­гу поб­ли­ску до нас до­жи­ву­ва­ње­то и кон­тро­ла­та на ре­ал­ни­от жи­вот. Од бол­ка­та учи­ме да ди­ше­ме и жи­ве­е­ме, од ра­до­ста и бла­го­дар­но­ста учи­ме ка­ко да го по­чи­ту­ва­ме жи­во­тот и не­го­ви­те да­ро­ви. Единс­тве­но та­ка ние не се пла­ши­ме и се пре­пу­шта­ме на те­че­ни­ја­та на жи­во­тот. Единс­тве­но та­ка не се оби­ду­ва­ме да го кон­тро­ли­ра­ме тоа за што не­ма­ме ка­па­ци­тет и вол­ја и гле­да­ме во тоа што е на­ше, тоа што е на­ша од­го­вор­ност и на­ша ми­си­ја, тоа што мо­же да го ра­ко­во­ди­ме.

Ќе за­вр­шам со ед­на мис­ла на поз­на­ти­от пи­са­тел Ру­ми, кој ве­ли де­ка ра­на­та е единс­тве­но­то ме­сто низ кое свет­ли­на­та вле­гу­ва вна­тре во нас и нѐ освет­лу­ва. Уште по­инс­пи­ри­ра­на и од ед­на мо­ја дра­га ко­ле­шка, ко­ја на ве­би­на­рот до­да­де де­ка ра­на­та е ме­сто­то низ кое на­ша­та свет­ла та­га из­ле­гу­ва над­вор за да го освет­ли све­тот. Мо­же­би тоа е при­каз­на­та на по­ма­га­чот, со сво­ја­та ра­на и со искус­тво­то на стра­да­ње­то да го освет­ли све­тот на тој ко­му му по­ма­га и да му да­де при­мер и тој да би­де свет­ли­на за дру­ги­те.

(Автор­ка­та е пси­хо­лог-пси­хо­те­ра­певт од „Пси­хо­те­ра­пи­ка“- Здру­же­ние за пси­хо­ло­ги­ја и за пси­хо­те­ра­пи­ја)

Напишете коментар