„Икуалити“ органзиира инклузивна новогодишна забава во Скопје: забавна програма, креативни работилници и музика за сите
На 26 декември 2025 година, Здружението „Икуалити“ организира инклузивна новогодишна забава, која веќе трета година продолжува да остава позитивен пример за соработка помеѓу здружението и заедницата на лица со попреченост и општествено одговорниот трговски центар.
Во соработка со трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, „Икуалити“ подготвува дневна програма која ќе вклучува музичка и забавна програма, активности за деца, креативни работилници, како и можности за дружење за сите присутни, преку што ќе се поттикне позитивна енергија и инклузија, како водечки вредности на овој настан, веќе три години по ред.
Преку вклучување на соработници во креативни театарски перформанси, забавна музичка програма, но и во рамки на едукативни и интерактивни активности насочени кон подигнување на свеста за инклузијата и заедништвото, „Икуалити“ настојува да ја продолжи сорааботката со општествено одговорни организации и поединци. На тој начин сите вклучени страни заеднички создаваат посилна заедница и поттикнуваат меѓусебно разбирање.
– Преку оваа иницијатива, продолжуваме и понатаму да ги јакнеме нашите заложби за подобрување на заедништвото, еднаквоста и прифаќањето во нашето општество – тоа се нашите основни вредности – изјави Ружица Стојановска, проектна координаторка во „Икуалити“.
Организаторите ги покануваат сите да им се придружат во креирањето на празничната магија и славењето на животот. Повеќе информации за настанот, како и деталната програма очекувајте во наредните денови преку профилите на „Икуалити“ на социјалните мрежи: Instagram и Facebook.
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји
- Од паметни сензори до микрозеленчук: три македонски зелени идеи патуваат во Призрен
- „Штефица Цвек“ избра седум книги што не се плашат да го преиспитаат светот