Анета Ристеска

Кафетерија, фарма за животни или нешто трето. Победила првата идеја во дилемата на двојката Мартин Ангелов и Радмила Периќ за тоа каква претприемачка приказна да почнат.
Оштетениот слух не е и не треба да биде пречка за да развиваме одредена бизнис-идеја, и покрај скепсата што често ја чувствуваме од опкружувањето, како и слабата поддршка од системот во обезбедување одговори на нашите потреби, велат тие.
– „Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис“, беше пораката што речиси едногласно стигнуваше до нас на почетокот. Но, тоа не ме натера да се предадам. Напротив. Ме мотивираше уште повеќе – вели битолчанецот Мартин, кој за заедницата на „Лице в лице“ ја раскажа својата претприемачка сага и отворено зборува за условите што ги обезбедува нашето општество за лицата со оштетен слух, во предизвикот наречен бизнис, но и за тоа што треба да менуваме како јавност за да ја подобриме целосната клима за живот и за работа на овие наши сограѓани.
Но, и не само за тоа. Овој млад човек храбро ги идентификува точките од кои може да почне менувањето на перцепцијата и надминувањето на предрасудите за вештините и за потенцијалите на лицата со оштетен слух. Образованието е, вели тој, стартното скалило за создавање општество што ќе обезбедува еднакви можности за сите.

1. „О2 MR Coffee Bar“ е првото знаковно кафуле во Скопје, но и пошироко во регионот. Неодамна го прослави првиот роденден. Како би ги дефинирале впечатоците од овој период? Колку нашата земја е подготвена, респонсивна за потребите на лицата со оштетен слух во поглед на стартување и одржување една претприемачка приказна? Раскажете ни како почна сѐ.



Целото интервју е објавено во 43. издание на „Лице в лице“, посветено на тема: човекови права

Видео интервјуто, пак, е направено со превод на знаковен јазик, и е достапно на дигиталната платформа на „Лице в лице“
Толкувач на македонски знаковен јазик: Марија Башеска Стојановска