Извидничкиот одред „Еквинокс Скаут“ – Штип доби општинска награда „8-ми Ноември“
Извидничкиот одред „Еквинокс Скаут“ ја доби општинската награда „8-ми Ноември“, која традиционално ја доделува Општина Штип по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот.
Одредот брои 101 член, а основан е во март 2018 година. Ова признание претставува највисока општинска чест, која се доделува за особени постигнувања и придонес во афирмацијата и развојот на градот во областа на стопанството, науката, уметноста, образованието, културата, спортот, хуманоста и други сфери од општествениот живот.



Одредот „Еквинокс Скаут“ континуирано работи во насока на неформална едукација на деца и млади. Организира едукативни, хумани и еколошки активности, работилници, настани и теренски акции. Преку своите програми и иницијативи, одредот активно ја промовира извидничката идеја и вредности, го поттикнува волонтерскиот дух, како и активното учество на младите во заедницата.
- „Не знам каде ќе бев денес…“ Валентин со ново знаење и сертификат за готвење
- Вештините што на возрасните им требаат на работа, на децата им требаат на игралиште
- Џез што не стои во место: Скопскиот џез фестивал носи изведувачи од 13 земји
- Од паметни сензори до микрозеленчук: три македонски зелени идеи патуваат во Призрен
- „Штефица Цвек“ избра седум книги што не се плашат да го преиспитаат светот