„Лабораторија за младинско учење“ во Битола: Бесплатна програма за вештини, менторство и вработување на млади
Младински културен центар – Битола отвора нова група учесници во програма за личен и професионален развој на млади од 16 до 35 години, со фокус на НЕЕТ млади и социјално претприемништво
Во тек е пријавувањето за четвртата група учесници во програмата „Лабораторија за младинско учење“, која ја спроведува Младинскиот културен центар – Битола.
Програмата е наменета за млади на возраст од 16 до 35 години, со посебен фокус на невработени млади, лица со помалку можности и млади во НЕЕТ статус (кои не се вклучени во образование, вработување или обука).
Учесниците ќе имаат можност да добијат бесплатни обуки за животни вештини и вработливост, менторска поддршка, практична работа, како и обука за изработка на Canvas бизнис планови за социјални претпријатија. Програмата предвидува и поддршка при вработување преку поврзување со работодавачи.
Секој циклус опфаќа 20 учесници, а целата програма ќе се реализира во периодот ноември 2025 – март 2026 година, со вкупно пет циклуси.
Како дел од проектот се предвидува унапредување на вештините и претприемачкиот потенцијал на најмалку 100 млади луѓе, со цел нивна економска активација и развој на социјално претприемништво.
Програмата е дел од проектот „Лабораторија за младинско учење“ (IPA III/2023/452-457-SG-10), во рамки на пошироката иницијатива „RAISE CSOs“, поддржана од Европската Унија и имплементирана од повеќе граѓански организации во Северна Македонија.
Деталите за пријавување се на овој линк.
Oбјавата е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
- Сè додека не дојдов на планина, мислев дека сум слободен
- „Тоа што сум била вчера не можам да бидам денес“ – приказната на Ивона за промената, силата и движењето
- Како младите во Струга учат дека бизнисот може да создава и општествена промена?
- Блокчејн Скопје ја заокружува програмата со Самит и награди за млади иноватори
- Шест години по Законот за млади: Во најголем дел од општините механизмите сè уште не функционираат