Во јануари 2025 година, „Лице в лице“ се придружи кон семејството на етички и професионални медиуми
Како учесник на Journalism Trust Initiative (JTI), во јануари 2025 година, „Лице в лице“, го објави својот извештај за транспарентност.
Поради растечката недоверба кон медиумите и новинарството како професија, „Лице в лице“ ја унапреди својата транспарентност со овој чекор. Со ова, како како непрофитен медиум и како единствено улично списание во земјава, „Лице в лице“ влијае на воспоставување и враќање на довербата која треба да ја имаат граѓаните во медиумите.

Извештајот за транспарентност е сертифициран меѓународен механизам кој ги наградува етичките новинарски и медиумски практики. Дизајниран како ISO стандард, инициран од „Репортери без граници“, беше развиен од 130 меѓународни експерти под покровителство на Европскиот комитет за стандардизација (CEN) и објавена како Договор за работилница CWA 17493, во декември 2019 година. Идејата е да се награди доверливото етичко новинарство и почитувањето на професионалните норми. Повеќе од 1700 медиуми во над 100 земји се вклучени во овој механизам на JTI.
Извештајот на „Лице в лице“ е изработен врз основа овој мехазнизам од JTI. Одговорите се достапни на јавноста на овој линк. Извештајот, во овој момент, не е ревидиран од страна на независно, трето лице.
Повеќе информации за JTI има на овој линк.