Оваа акција
вообичаено ја правиме во соработка со компаниите, организациите и инсистуциите кои
нè канат да им
бидеме гости, а во рамки на средбата нашите продавачи го нудат најновото издание на „Лице в
лице“ на вработените.
Менаџментот на компанијата/организацијата/институцијата одвојува одреден дел од денот (вообичаено половина час, во термин по договор) и ги
информира вработените дека можат да купат примерок од списанието.
Ваквата акција делува и инклузивно за нашите продавачи, и
во исто време говори за општествената одговорност на нашите компании.
Поточно, гостопримството и пријателско опкружување претставува значаен
мотивациски фактор во понатамошната социјализација и интеграција во
општеството на продавачите на „Лице
в лице“.
Исто така, постои
можност и за откуп на одреден
број примероци од списанието, (според број на вработени), доколку компанијата не е во можност да им ги отвори вратите за директна продажба.
Ја посочуваме и опцијата за претплата за списанието, а сите информации поврзани со ова можете да ги најдете на овој
линк.